Спорт
Мемфис ќе го пензионира дресот на Марк Гасол
Мемфис Гризлис во чест на Марк Гасол ќе го повлечат дресот со број 33. Свечената церемонија ќе се одржи во сабота пред натпреварот против Филаделфија, објави франшизата.
Гасол го носеше дресот на Мемфис од 2008 до 2019 година. Тој ќе стане третиот играч на клубот чиј дрес ќе биде под сводот на арената, по Зек Рендолф (50) и Тони Ален (9).
Шпанскиот кошаркар е осмиот Европеец на кого му била укажана ваква чест во НБА.
Најпрвин Њу Џерси Нетс ја пензионираа „тројката“ на Дражен Петровиќ, потоа Сакраменто Кингс ги пензионираше 21 на Владе Дивац и 16 на Предраг Стојаковиќ, а Кливленд Кавалирс ја повлекоа 11. на Жидрунас Илгаускас.
Сан Антонио ја пензионираше „деветката“ на Тони Паркер, Далас бројот 41 на Дирк Новицки, а ЛА Лејкерс го пензионираа бројот 16 кој го носеше братот на Марк, Пау Гасол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Шпанците во еден глас: Ендрик мораше да биде исклучен
Големи полемики предизвика арбитражата на Муниз Руиз на натпреварот Реал – Алавес (3:2) во седмото коло од Ла Лига. Домаќините му замеруваат дека им дал „премногу картони за приговори“ (три), додека гостите се бесни што не го исклучи младиот ас на Реал, Ендрик на седум минути пред крајот.
На видеото се гледа дека се стрча и намерно со колено го удри својот ривал Мурињо во меѓуножјето. Муниз Руиз му покажа жолт картон, што на големо негодување на фудбалерите на Алавес.
Драматичниот исход само го зголеми нивниот гнев. Имено, во моментот кога Ендрик требаше да биде исклучен, Реал водеше со 3:0, но Алавес до крајот намали на 3:2. Гостите истакнуваат дека со играчот повеќе можеби ќе можеа да направат неверојатен кам-бек против шампионите на Шпанија и Европа.
„Потегот на Ендрик е за црвен картон. Последните 10 минути требаше да ги одиграме со играч повеќе. Можеби немаше да победиме и да се вратиме во мечот, но требаше да се игра 10 на 11. Никој не може да каже дека тоа не е црвен картон. Со намера го направи тоа“, изјави тренерот на Алавес, Луис Гарсија Плаза.
Плаза не е единствениот кој смета дека Ендрик заслужил црвен картон. Ова го тврдат и судиски експерти од сите шпански медиуми, па дури и од „Марка“, која традиционално го фаворизира Реал.
„Тоа не беше опасен удар, но фактот што се случи далеку од топката или од некаков дуел може да се казни со исклучување. Инаку, главниот судија не го виде ова, но ВАР судијата, Фигуероа Васкез мораше да му го посочи тоа“, рече Перез Бурул на „Радио Марка“.
No paran de tirar este vídeo porque no quieren que lo veamos.
Pero tranquilos, aquí lo tenéis.
Roja perdona a Endrick, juegan con otras normas
pic.twitter.com/6mRxN61yFH— AtletionTop (@AtletiOnTop) September 24, 2024
Спорт
(Видео) Со пресврт во 14 минути Комо среде Бергамо ја шокира Аталанта
Во последниот натпревар од петтото коло на италијанската Серија А Комо ја победи Аталанта со 3:2 во Бергамо. Според распоредот, овој натпревар требаше да се одигра во понеделникот, но беше одложен за ден подоцна поради обилните врнежи од дожд и натопениот терен во Бергамо.
Аталанта поведе во 18. минута кога Запакоста прекрасно ја зафати топката од врвот на шеснаесетникот и погоди за 1:0. Но, на почетокот на вториот дел гостите од Комо со блиц-криг за само четиринаесет минути постигна дури три гола.
По 20-ина секунди од продолжението, Стрефеца прекрасно го погоди спротивниот агол од домашниот гол и израмни на 1:1. Потоа во 54. шутираше Нико Паз, а топката од Колашинац се одби во домашната мрежа за 2:1 а во 58. минута Фадер сам направи се и целосно го шокираше домаќинот со гол за 3:1. Аталанта само намали со голот на Лукман од пенал во 98. минута.
Со ова Комо ја постигна првата победа сезонава и прва во Серија А по 21 година, кога последен пат испадна, додека Аталанта го забележа третиот пораз.
Спорт
Левандовски го повикува својот кум во Барселона
Полскиот голман Војчех Шчесни би можел да биде новото голманско решение за тимот на Барселона.
Стандардниот голман на клубот од Каталонија, Марк-Андре тер Штеген заработи тешка повреда, поради која ќе го пропушти остатокот од сезоната.
Тренерот на Барселона, Ханси Флик е во голем проблем, бидејќи се уште не се знае кој би можел да го наследи Германецот на голот. Инаки Пења е вториот голман на тимот, но тој нема големо искуство, најмногу бранеше за резервниот тим, па за очекување е каталонскиот тим да се сврти кон некои други решенија.
Кога се гледа ситуацијата на пазарот, меѓу голманите кои се слободни играчи, е и Војчех Шчесни. Неговото име исплива на површината и покрај тоа што тој пред извесно време објави крај на кариерата. Шчесни се поврзува со Барселона поради неговиот кум Роберт Левандовски.
Па постои можност Полјакот да ја одложи пензијата барем за уште една година и да дојде во клубот каде Левандовски го има главниот збор на теренот.
Сем Шчесни, второ решение за Барса е Клаудио Браво, кој е подготвен да се врати од пензија за да му помогне на тимот каде забележа одлични резултати.