Регион
Радован Караџиќ во британски затвор во страшни болки и без лекарска помош, објави неговата ќерка
Првиот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, кој се наоѓа во британски затвор, трпи страшни болки бидејќи не му биле дадени потребните лекови, ниту пак му била укажана лекарска помош, изјави неговата ќерка Соња Караџиќ Јовичевиќ и истакна дека тоа го смета за обид за убиство.
„Радован со денови ми кажува дека има болки во стомакот и карлицата кои се зголемуваат. Не му го дадоа лекот што требаше да го прими. Чекаше, се обиде да дојде на лекар. Не ми дозволи да се обратам до медиумите“, рече Јовичевиќ.
Таа истакна дека Радован се јавил денеска во 14 часот и 30 минути и дека едвај зборувал, но успеал да каже дека стомакот му е огромен од синоќа, дека има страшни болки и дека никој нема да му помогне ниту пак да се јави на лекар.
Поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ се наоѓа во англискиот затвор „Вајт“ каде што ја издржува казната во страшни услови, пренесуваат српските медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Протести во Тирана: експлозии пред влезот на собранието; молотови коктели врз полицајци
Граѓаните повторно се собраа пред собранието на град Тирана, каде се одржа нов протест со барање за оставка од градоначалникот Ерион Велиај, јавува „Vox News“.
Тензиите се зголемија по говорите на претставници и активисти на опозицијата.
The opposition in #Albania is protesting for the second month in front of the Municipality of #Tirana. They demand the resignation of the Mayor #ErionVeliaj as they accuse him of corruption on at least 3 occasions. pic.twitter.com/cNQmqwX0IB
— Isa Myzyraj (@IsamyzyrajAlb) May 28, 2024
Овој протест, според написите, започна со факели и молотови коктели.
Демонстрантите фрлаа молотови коктели кон влезот на градското собрание во Тирана, додека десетици полицајци стоеја пред нив.
Медиумот пренесува дека молотовите коктели не ги погодиле полицајците, туку експлодирале на влезните скали на Градското собрание.
Регион
Притвор за малолетникот осомничен за убиството на братот на вицепремиерот на Босна и Херцеговина во Белград: ќе одговара за тешко убиство
Судијата за малолетници на Вишиот суд во Белград му одреди притвор до 30 дена на малолетникот Ф. Б. (16), кој е осомничен за тешкото убиство на Ѓорѓе Мијатовиќ (40), брат на Војин Мијатовиќ, министер во владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина.
Неговиот притвор е одреден за да не влијае на сведоците и да не го повтори кривичното дело за краток временски период, објавија српските медиуми.
Денеска, се предаде и уште еден малолетник осомничен за убиството.
Двајцата се осомничени за кривично дело тешко убиство.
Српското МВР вчера соопшти дека припадниците на полицијата во Белград интензивно работат на пронаоѓање две лица, кои се осомничени дека претепале четириесетгодишен маж, кој починал на Ургентниот центар.
Како што е наведено, полицијата во неделата во 18.20 часот добила пријава дека две лица претепале четириесетгодишен маж во парк во Вождовац.
Регион
Уапсен 16-годишник – осомничен дека го претепал до смрт братот на министерот во БиХ, се трага по уште еден тинејџер
Идентификувани се двајца малолетници, кои се осомничени дека го претепале Ѓорѓе Мијатовиќ – братот на министерот на БиХ, Војин Мијатовиќ, во паркот на Вождовац, а еден од осомничените (16) е уапсен, пишува „Кликс“.
Малолетниот се товари за тешко убиство и ќе биде изведен на распит во Вишото јавно обвинителство во Белград, јавуваат белградските медиуми.
Како што беше потврдено, малолетниците се сомничат дека со неколку удари во главата го удриле Мијатовиќ, кој почина неколку часа подоцна.
Обдукцијата покажала дека Мијатовиќ претрпел шест удари и дека черепот му бил скршен. По тоа, добил епилептичен напад и срцев удар.
Интензивно се трага по второпријавениот, известуваат од полицијата.