Контакт

Македонија

Годишно до 250 лекари од Македонија заминуваат во странство

Објавено пред

Годишно од Македонија си заминуваат од 200 до 250 општи лекари и специјалисти од јавното здравство, изјави претседателот на Македонското лекарско друштво, Горан Димитров на настан организиран во пресрет на Светскиот ден на здравјето – 7 април.

dobivaj vesti na viber

Според податоците, во 90-тите години во земјава имало 18.000 доктори, а сега тој број е помал од 7000.

Од лекарското друштво порачаа дека треба да се направи добра регионализација, а младите лекари да се мотивираат со подобри услови за специјализација, напредување, брзо вработување, стипендии уште додека учат студентите по медицина,

Покрај лекарите, одлив во последните години е забележан и кај медицинските сестри и браќа.

Македонија

(Видео) Стоилковски: ЈО наводно истражува заговор во Хирургија, а власта и директорите си прават средби и се договараат

Објавено пред

„Сведочиме за последните политички „купи ден-продај“ зафати на СДС-ДУИ.

dobivaj vesti na viber

Километарски редици за чекање операции, хирургија е во колапс, а мора да се потпреме на среќа или на небото да не се случи поголема трагедија, затоа што ќе нема каде да се примат пациенти.

За жал се потврди дека од петок до денеска вторник ништо нема да биде преземено на Хирургија“, истакна на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Дознавме вели тој дека за СДС-ДУИ поважни им се партиските функции.

„Дознавме дека Владата, оние од СДС-ДУИ воопшто не им е грижа за тоа што се случува, и нема став за Хирургија. Нема ниту одговор дали санацијата би чинела само 120.000 евра?

И секако, дознавме дека додека трае процес на ЈО за Хирургија, заменик министерката Маја Манолева се среќавала со сите директори на Хирургија!? Уште еднаш ќе повторам – ЈО наводно испитува дали има заговор во Хирургија, а сите директори и власта си прават средби и се договараат!?

20 дена ниту еден директор од 12 на Хирургија, не излезе со став или осуда, ама затоа се здружени со заменик министерот Манолева, која што е и втор човек во Лекарската комора во исто време!?

Па треба да веруваме дека збореле дека ќе отпочнат со работа кога ќе има услови, а не и можеби за ветување заштита за 12-те директори заради колапсот на Хирургија?“, истакнува Стоилковски.

Додаде дека веќе 20-тина дена „абер нема од санација на Хирургија, се заради негрижа на двоецот СДС-ДУИ, за лични интереси и партиски функции“.

„Кабелот повеќе не може да е виновен! Ако санацијата би вредела 120.000 евра, ако за 120.000 евра 20 дена здравството е во колапс, некој дебело ќе одговара.

Одговорност ќе има, колку и да се групираат и регрупираат“, потенцира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Лекарска комора одбележа 32 години постоење: Со заеднички напори да креираме подобри услови за работа на лекарите и лекување на пациентите

Објавено пред

Лекарската комора одбележа 32 година од постоењето како самостојна и професионална организација на сите доктори на медицина во нашата земја на свеченоста организирана во „Куќата на уметноста“, во село Кнежино, во присуство на претставници на органите и телата на Комората, претставници на државни институции како и доктори од целата држава. Пригодни обраќања имаа претседателката на Комората, Калина Гривчева Старделова и заменик претседателот на Комората, Беким Исмаили.

dobivaj vesti na viber

„Времињата и околностите во кои живееме и работиме се турбулентни и променливи, но она што мора да биде нашата константа, како доктори, тоа е нашиот напор да се држиме до професионалното, стручно и квалитетно работење бидејќи само така ќе сме сигурни дека она што го правиме е токму тоа за што сме учеле и на што сме се обврзале. Комората останува да биде претставник на лекарите како и конструктивен партнер на креаторите на здравствените политики во креирање на подобри услови за работа на докторите и задржување на младите доктори во земјава, обезбедување достоинствени приходи и обезбедување на одржлив и квалитетен здравствен систем што претставува еден од основните сегменти на квалитетно општество. Верувам дека само заедно, со обединети сили, можеме да издејствуваме подобро утре и за нас, како доктори, и на нашите пациенти“, истакна Гривчева Стаределова во своето обраќање, давајќи пресек на активностите кои ги имаше Комората во изминатиот период.

Исмаили поблиску се осврна на измените во начинот на кој се полага стручниот испит, што почнуваат од јунската испитна сесија.

„Писмениот дел од испитот ќе се полага на компјутер, преку посебена програма што ќе генерира тест со испитни прашања и понудени одговори, а докторите ќе може да одберат дали ќе полагаат на македонски или на албански јазик. На интернет страницата на Лекарска комора е достапна обновената база на испитни прашања, со што докторите добиваат подобра поддршка за подготовка за полагање на стручен испит. Со новиот начин на полагање, целиот процес ќе се забрза бидејќи тестовите од писмениот дел нема да треба да се прегледуваат од страна на комисијата, што е особено важно за испитните сесии во кои има голем број кандидати. За реализација на оваа активности се набавија компјутери, се изработи посебен компјутерски програм, а се адаптираше и соодветен простор“, истакна Исмаили.

На настанот беше врачено највисокото признание што го доделува Комората, наградата „Св. Наум Охридски“ која ја доби Панче Арсов, интернист од Велес, со богато професионало искуство. Арсов претставува синоним за доктор кој посветено и одговорно се грижи за своите пациенти и несебично дава поддршка на колегите во секојдневната комуникација но и преку организираното дејствување во Комората и стручните здруженија.

Посебната награда „Примариус д-р Димитар Ивановски“ за тројцата студенти по медицина со највисок просек од трите медицински факултети, годинава ја добија Анастасија Петличковска – Медицински факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје, Бојана Кацарова – Факултет за медицински науки, Универзитет Гоце Делчев Штип и Аљбина Рамадани – Факултет за медицински науки, Државен универзитет Тетово.

Плакетата за најдобар труд го доби трудот “Екстракорпорална фотофереза во третман на GVHD по алогена трансплантација на матични хематопоетски клетки”, чиј автор е Лазар Ј. Чадиевски и коавтори Александра Пивкова Велјановска, Сања Трајкова, Лидија Чевреска,Борче Георгиевски, Милче Цветаноски, Невенка Ридова, Симона Стојановска, Божидар Кочоски и Ирина Пановска Ставридис, сите од Оддел за трансплантација на хематопоетски матични клетки при ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија, Скопје.

Лекарската комора е формирана на 5 јуни 1992 година на иницијатива на неколку доктори од Македонското лекарско друштво. Првата конститутивна седница на Собранието на Комора е одржана во просториите на Воената болница. Во Лекарската комора во почетокот членувале доктори по медицина и доктори по стоматологија. Во 1995 година стоматолозите се издвојуваат и формираат нова Стоматолошка комора. Tриесет и две години подоцна Лекарската комора прерасна во почитувана, самостојна и независна професионална организација која е етаблирана на домашен и меѓународен план со свои јасни цели и јасна програма во рамки на промоција на правата на лекарите и унапредување на здравствениот систем.

Прикажи повеќе...

Македонија

Лога со писмо ја известил меѓународната заедница за најавите за ,,упад” од парламентарното мнозинство врз правосудниот систем

Објавено пред

Министерот за правда Кренар Лога испратил писма до Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, до амбасадите на САД, Германија , Франција, Холандија и Белгија, до мисијата на ОБСЕ во Скопје, Програмската Канцеларија на Советот на Европа во Скопје, до Стејт Департментот преку Амбасадата на САД во РСМ и до Европската Комисија во Брисел, во кое изразил загриженост за најавите на парламентарното мнозинство дека подготвуваат пакет закони со кои ќе се распуштат двете уставни и независни категории – Судскиот совет и Советот на јавните обвинители, известуваат од неговиот кабинет.

dobivaj vesti na viber

Лога во писмото пишува:

„Ценејќи ја Вашата досегашна континуирана поддршка изразена преку многубројните проекти и вложени средства, кои несомнено придонеле за реформските процеси, како и обезбедување на цврсти гаранции на владеење на правото, со вознемиреност и загриженост Ви се обраќам со ова писмо.

Во оваа прилика би сакал да Ве информирам и да го насочам Вашето внимание кон најавите за ,,упад”, кој се подготвува од парламентарното мнозинство во правосудниот систем. Паралелно со најавите за реформа на органите на управата и реорганизација на министерствата, владеачкото мнозинство соопшти дека подготвува и пакет закони со кои ќе се распуштат двете уставни и независни категории – Судскиот совет и Советот на јавните обвинители“, пишува Лога.

Изјавите од партиски функционери за мене лично и за Министерството за правда, како што појаснува во писмото, се неприфатливи и недозволиви не заради одбрана на поединци во овие органи, туку за независноста и непристрасноста на овие институции за кои имаме добиено извештај од Оценската мисија каде точно е наведено што треба да се преземе од страна на органите на државата за подобрување на состојбите во судството.

„Иако како министер за правда минатата година кога се случија настаните во Судскиот совет, јавно излегов со став за престанок на мандатот на членовите за кој не добив поддршка од коалиционите партнери ниту од опозициските партии, а исто така и по оддржани консултации со Ваши претставници, ми беше сугерирано дека Оценската мисија ќе ја скенира состојбата во Судскиот совет и ќе даде препораки за надминување на состојбите, за што добивме и Извештај. Препораките од Извештајот со особено внимание беа разгледани од највиските претставници на правосудната, академската и стручната фела, како и граѓанскиот сектор и останатите засегнати страни. Дотолку повеќе, што овие препораки се дел од најзначајните документи, како што се: Стратегијата за развој на правосудниот сектор, Патоказот за владеење на правото, како и Планот за раст. Дополнително, беше формирарана работна група за законски реформи на Судскиот совет каде во повеќе наврати беа поканети претставници на тогашната опозициска партија и сегашен носител на владејачкото мнозинство, ВМРО ДПМНЕ, на што не добивме повратен одговор.
Изразуваме сериозна загриженост што поставеноста на ваквата концентрација на моќ на трите власти кај една политичка партија ќе значи пресликување на состојбите и проблемите пред 2017 година, коишто неспорно создадоа заробена држава, констатирано во повеќебројни извештаи од меѓународните организации.

Ваквите најави се избрзани и опасни, и цениме дека од страна на владејачкото мнозинство треба да се почитува процесот на правилно креирање на политики кое вклучува оценка на состојбите и консултација за сите претстојни обврски и одговорности кои Република Северна Македонија ги има во договор со Европската Унија и останатите меѓународни партнери“, потенцирал Лога во писмото кое им го испратил на делегации на меѓународната заедница.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

(Видео) Стоилковски: ЈО наводно истражува заговор во Хирургија, а власта и директорите си прават средби и се договараат

„Сведочиме за последните политички „купи ден-продај“ зафати на СДС-ДУИ. Километарски редици за чекање операции, хирургија е во колапс, а мора...

Македонија3 часа

Лога со писмо ја известил меѓународната заедница за најавите за ,,упад” од парламентарното мнозинство врз правосудниот систем

Министерот за правда Кренар Лога испратил писма до Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, до амбасадите на САД, Германија ,...

Свет3 часа

Украина: Прекрасно изгоре, уништивме ракетен систем во Русија со западно оружје

Украинските власти соопштија дека вчера успешно го погодиле рускиот ракетен систем „С-300“ користејќи оружје испорачано од Запад. Системот бил лоциран...

Свет3 часа

Америка: Единственото нешто што спречува итно примирје е Хамас

Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, рече дека предлогот за прекин на огнот во Газа што го претстави американскиот претседател...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Стани Цаци, Јово грант, доктор тендер корона Филипче – нема кандидат за претседател на СДС што не е поврзан со криминал

„Иднината на партијата која и ја даде Македонија на тацна на ДУИ се состои во доктор тендер корона Филипче, стани...

Македонија4 часа

Американскиот амбасадор во Бугарија за македонско-бугарското прашање: „Не поддржуваме дијалог што промовира дискриминација, омраза или непријателство“

„Ние не поддржуваме дијалог што промовира дискриминација, омраза или непријателство, покажана од која било земја кон соседните земји или заедници...

Регион4 часа

Осомничениот за убиството на малата Данка денеска пред обвинител: реши да го прекине молчењето и да се произнесе

Осомничениот за убиството на малата Данка Илиќ (2), Срѓан Јанковиќ, кој се бранеше со молчење два месеца, реши да се...

Економија23 часа

Нови цени на бензинот и дизелот од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Економија23 часа

Новиот газда на „Еуроникел“ на вработените им нуди минимални плати: Ако не потпишете ќе увеземе работници од Косово

Новите газди на кавадаречки „Еуроникел индустри“ на досегашните вработени кои останаа без работа им понудиле договори за вработување со минимални...

Македонија23 часа

Филипче се кандидира за претседател на СДСМ: „Мојата цел е да ја обновиме и повторно да ја подигнеме партијата“

Ексминистерот за здравство, Венко Филипче, објави дека одлучил да се кандидира за претседател на СДСМ, на претстојните внатрепартиски избори. Тој...

Свет24 часа

(Видео) Апокалиптични сцени од Германија: обилните дождови предизвикаа големи поплави, за еден ден паднал дожд колку за цел месец

Состојбата со поплавите во јужна Германија и понатаму е напната. Германската метеоролошка служба повторно предупреди на обилни врнежи од дожд....

Македонија1 ден

Вјолца Бериша ќе раководи со Министерството за земјоделство до изборот на нов министер

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека со верификацијата на претеничкиот мандат на 28.05.2024 година на министерот...

Македонија1 ден

ДС: Брза промена на надлежностите на некои министерства, за да се формира нова Влада и да се спречи целосен колапс на државата

Демократскиот сојуз смета дека промената на надлежностите на некои министерства и формирањето нови треба да се одвива со брзо темпо...

Македонија1 ден

Тирон Јајага ќе раководи со Министерството за одбрана до изборот на нов министер

Министерството за одбрана известува дека со верификацијата на пратеничкиот мандат на 28 мај на министерката за одбрана, Славјанка Петровска и...

Свет1 ден

Кина: Toj што ќе се осмели да не’ раздели од Тајван ќе биде здробен на парчиња

Кинескиот министер за одбрана Донг Јун предупреди дека секој што ќе се осмели да бара независност на Тајван ќе биде...

Свет1 ден

Земјотрес од 5,9 степени во Јапонија

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди утрово централниот дел на Јапонија, но не е издадено...

Регион1 ден

СНС освои најмногу гласови во Белград, Нови Сад и Ниш на локалните избори во Србија

СНС освои најмногу гласови во Белград, Ниш и Нови Сад на локалните избори што се одржаа вчера во Србија во...

Топ2 дена

Повторно насилство во „Идризово“: затвореник со тешки повреди заврши во болница

Нов случај на насилство помеѓу затвореници е забележан вчера во Казнено-поправната установа Затвор Идризово. Од полицијата велат дека се работи...

Македонија2 дена

Eвропскиот фронт предводен од ДУИ со декларација ќе се жали до меѓународната заедница

Европскиот фронт преводен од ДУИ денеска во Тетово усвои декларација која ја нарече политичка декларација за етничкиот легитимитет што произлегува...

Топ2 дена

Детали за убиството во Боговиње: Во кафеаната во која бил застрелан мажот имало и други лица, се сослушуваат сведоци

Обвинителството изнесе детали за убиството што утрово се случи во угостителски објект во Боговиње. Од тука велат дека бил извршен...