Контакт

Македонија

Пендаровски од Пробиштип: Не постои ниту еден граѓанин кој сакал да ме види, да поразговара со мене, а да не сум го примил

Објавено пред

На вториот ден од победничкиот караван, кандидатот за претседател Стево Пендаровски се обрати пред граѓаните на Пробиштип, им се заблагодари за досегашната и повторно ја побара нивната поддршка на 24 април и на 8 мај.

dobivaj vesti na viber

Истакнувајќи дека во изминативе пет години тоа што го ветил и го исполнил до последно, Пендаровски посочи дека бил, е и ќе биде претседател на сите.

„Не постои еден единствен граѓанин кој сакал да ме види, да поразговара со мене, а да не сум го примил. Не постои ни еден кој побарал помош од мене, а да не сум се обидел во рамки на моите можности, да му помогнам. И не постои ниту еден граѓанин, човек во нашава држава кој може да каже дека сум го деградирал, дека сум го дискриминирал, дека сум го понижил, дека сум го навредил само затоа што не е од оваа политичка структура, само затоа што не е Македонец, или од која било вера и да е“, потенцираше Пендаровски.

Во насока на лажните ветувања на опозицијата, Пендаровски рече дека граѓаните не смеат да им веруваат на политичари чии ставови се менуваат во зависност од тоа дали ги кажуваат јавно или зад телевизиските камери. Тој додаде дека опозициските функционери велат „никогаш Северна“, ама од Северна Македонија пет години по ред примаат високи функционерски плати како пратеници, како градоначалници, како локални советници.

Зборувајќи за досегашните грешки на владејачката гарнитура, Пендаровски со граѓаните на Пробиштип ја сподели идејата за целосен ветинг на сите судии и обвинители, но и на сите политичари.

„Во однос на главната парола „Нема правда, нема мир“ чесно е да кажеме дека застанавме на половина пат. Затоа јас предлагам и сите што ме поддржуваат се согласуваат со тој предлог, веднаш после изборите, откако ќе ја добиеме вашата доверба да направиме комплетен, длабок сеопфатен ветинг на сите судии и обвинители, но и на сите политичари кои ја бараат вашата доверба“, заклучи Пендаровски.

Вториот ден од кампањата, Пендаровски ќе го заврши со централен митинг во Штип.

Македонија

Филипче: Пензионерите се нови жртви на лагите на власта, 97 проценти од нив добија само 1.000 денари

Објавено пред

„На пензионерите сакам да им порачам: вие сте последната група на граѓани којашто оваа власт ја прелажа,“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

dobivaj vesti na viber

Тој потсети дека и пред пензионерите, излажани беа работниците, лекарите и земјоделците:

„После работниците на коишто платата им се намалува – просечната плата три месеци по ред се намалува. После лекарите кои не гледаат ниту денар зголемување на платата. После земјоделците на кои им се укинаа субвенциите. После социјалната помош која апсолутно никако не се зголемува – сега и пензионерите сфатија дека се излажани.“

Филипче подвлече дека доколку останеше методологијата воведена од СДСМ, пензионерите денес ќе имаа двојно поголемо зголемување:

„Да останеше нашиот систем на методологија за зголемување на пензиите, сега 97% од пензионерите наместо 1.000 ќе земеа 2.000 денари зголемување.“

Претседателот на СДСМ предупреди и на загрозувањето на Пензискиот фонд:

„Со т.н. воведување на линеарно зголемување на пензиите, го загрозија работењето на фондот. Дупката после исплатените 5.000 денари од 30% се зголеми на 50%. Тоа значи дека половина од парите за пензии ги покрива државата. Едноставно нема пари во фондот.“

„Ние таква дупка затекнавме во 2017 година и постепено ја намаливме до 30%. Имавме систем кој го зајакнува фондот и гарантира стабилна исплата,“ рече Филипче.

Тој укажа дека ветеното зголемување е илузија:

„Овие 1.000 денари се веќе изедени од инфлацијата. Пензионерите едноставно нема да почувствуваат ништо. Уште една лажна кампања излезе на виделина.“

„Работата не е да ги прелажеш граѓаните. Работата е да им кажеш како се работи во нивна корист и во интерес на државата,“ подвлече Филипче.

Прикажи повеќе...

Македонија

Минчев: Реформите не се затворен процес, тука сме заедно со граѓаните

Објавено пред

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, се обрати на јавната расправа за нацрт ажурираниот Акциски план 2025–2026 на Стратегијата за реформа на јавната администрација (РЈА), што се одржа во организација на Министерството за јавна администрација. На настанот учествуваа претставници од институциите, граѓанското општество, меѓународните партнери и експерти од СИГМА, а свое имаше и Баграт Тунијан, раководител на СИГМА во Република Македонија.

dobivaj vesti na viber

Министерот Минчев нагласи дека ревидираните активности се резултат на суштински промени во институционалната и законската рамка, како и на потребата од реално прилагодување на реформите кон новите владини приоритети и препораките од Извештајот на СИГМА од 2024 година.

„Јавната администрација е крвотокот на државата. Нашата задача е тоа срце да го зајакнеме, да му дадеме нов ритам, европски ритам, ритам кој ќе служи на граѓаните, а не на партиите или тесните интереси“, рече Минчев.

Тој ја потенцираше и важноста на консултативниот процес со засегнатите страни, кој резултираше со ревидираниот Акциски план, нагласувајќи дека „реформата не е затворен процес, таа е отворена, директно поврзана со граѓаните, институциите, граѓанското општество и меѓународните партнери“.

Целта на јавната расправа беше да се презентира и дискутира со засегнатите страни за нацрт ажурираниот Акциски план за РЈА, кој ги одразува новите приоритети од владината програма 2024–2028, како и клучните наоди од извештаите за спроведување на стратегијата и процесот на европска интеграција. „Нашата визија е јасна: силна, професионална и европска администрација, која нема да биде товар, туку двигател на развојот,“ порача министерот Минчев. Јавната расправа е последниот чекор пред формалното усвојување на ажурираниот Акциски план, кој ќе биде основа за натамошно унапредување на јавната администрација во функција на граѓаните и во согласност со европските стандарди.

Прикажи повеќе...

Македонија

Извештајот, по сомневањата за непотребни операции на срце, ќе биде јавно достапен, но откога и нашите и странските експерти ќе го завршат

Објавено пред

Странските експерти сѐ уште не се вклучени во анализата дали во 13 пријавени случаи имало непотребно направени операции на срце по скандалозните тврдења на кардиологот Сашко Кедев дека во земјата за пари се прават операции на срце и кај пациенти што немаат медицинска потреба. Домашниот експертски тим веќе завршил со разгледување на првите осум случаи што стигнаа во Министерството за здравство, но министерот Азир Алиу вели дека сѐ додека не заврши целиот процес, нема да објавува детали.

dobivaj vesti na viber

„Завршени се осум предмети, кои беа првично архивирани кај нас како Министерство за здравство. Имаме уште пет нови случаи, кои се работат. Нема да известиме ништо сѐ додека извештајот не е конечен, сѐ додека не завршат сите случаи. Кога ќе завршат сите анализи, и административни и клинички, тогаш тој конечен извештај ќе биде јавно достапен на веб-страницата на Министерството. Странските експерти во оваа фаза сѐ уште не се вклучени. Нема да се вклучат сѐ додека домашните експерти не завршат со сите случаи. Во оваа фаза само комунициравме, тие не се активни. Чекаме да се заврши со наодите, тоа се сензитивни процеси, и потоа ќе имаме заеднички состанок, локален експертски тим со меѓународниот експертски тим, и се надевам дека тогаш ќе имаме чист случај како понатаму, кои политики треба да ги имплементираме и дали можеби да се размислува за менување на некои од законите со цел да имаме појасно дефинирани протоколи за ваков вид услуги“, вели министерот Алиу.

За петте нови случаи, министерот Алиу извести минатата недела. Тимот странски експерти од Словенија, Австрија и од Италија ќе го дадат конечното мислење за сите пристигнати случаи, но тие ќе почнат со работа по локалните избори.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Членка на Судскиот совет користела патни трошоци иако немала право: МВР поднесе кривична пријава

На 15.09.2025 Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и...

Македонија1 час

Лекари од кај нас ќе одат на краток престој за обуки и во Италија и во Австрија, за Словенија веќе се дефинира соработката  

Лекари од кај нас ќе одат на обуки и во Италија и во Австрија покрај Словенија за каде што веќе...

Македонија2 часа

(Видео) Костовски и оваа изборна кампања ветува поликлиника во Бутел: За два месеца, ќе почне да се гради, за 18 месеци ќе да биде завршена

За два месеца, ќе биде поставен камен-темелник за нова поликлиника во Бутел, а ќе биде изградена за 18 месеци, најавија...

Македонија3 часа

(Видео) Редиците пред шалтерите треба да бидат минато, целта ни е да станеме центар на дигитални иновации во регионот, најави Мицкоски

Живееме во време кога дигиталните решенија не се прашање на избор, туку на опстанок и на напредок. Западен Балкан не...

Македонија5 часа

МВР го објави регистарот на напади врз новинари

Министерството за внатрешни работи на својата веб-страница постави линк до регистарот на напади врз новинари, кој води до страницата на...

Свет7 часа

Трамп бара универзитетите да го ограничат запишувањето странски студенти ако сакаат федерални пари

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп побара од американските универзитети да потпишат договор што ги содржи условите за добивање преференцијален пристап...

Свет7 часа

Израелски министер: Палестинците што ќе останат во градот Газа ќе се сметаат за терористи

Израелската влада им нареди на сите преостанати Палестинци да го напуштат градот Газа. Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, рече...

Свет7 часа

Финскиот премиер предупредува на руски закани за цела Европа

Европската Унија треба да преземе невидени овластувања за да се одбрани од сè поизразените закани од Русија, изјави финскиот премиер,...

Свет7 часа

Г7: Ќе ги таргетираме оние што ќе продолжат да купуваат руска нафта

Министрите за финансии на Г7 изјавија дека ќе преземат заеднички чекори за зголемување на притисокот врз Русија, таргетирајќи ги земјите...

Македонија7 часа

(Видео) Израелската војска упадна на бродовите што пловат кон Газа, уапсена Грета Тунберг

Израелските сили се качија на неколку бродови од флотилата „Глобал Сумуд“ и ги превезоа активистите во израелско пристаниште, разбивајќи протест...

Свет21 час

Орбан предупредува: Една грешка и Европа гори

Третата светска војна може да започне во секое време ако една од големите сили направи грешка, изјави унгарскиот премиер Виктор...

Македонија23 часа

Сијарто: ЕУ применува двојни стандарди кон Македонија и Србија, а Украина се турка на сила

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека Европската унија очигледно применува двојни стандарди кога станува збор за...

Свет23 часа

Украина може да го порази Путин со беспилотни подводни дронови, тврди пензиониран американски генерал

Русија може да биде протерана од Украина доколку се употребат експлозивни подводни дронови, тврди еден од водечките пензионирани американски генерали,...

Македонија24 часа

Поради пад на температурите, грејната сезона почнува две недели порано

АД ЕСМ информира дека од утре, 2 октомври, започнува грејната сезона за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во...

Топ1 ден

Крадци отворале паркомати на повеќе локации во Скопје

Денеска, во полицијата од Јавното претпријатие „Градски паркинг Скопје“ било пријавено дека во раните утрински часови две лица со употреба...

Македонија1 ден

„Политико“: Бугарија би можела да му се придружи на Орбан во блокадата на Украина, за да го зачува ветото кон Македонија

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, би можел да најде поддршка од повеќе земји во обидот да ја задржи блокадата за...

Македонија1 ден

Јаневска на првиот академски час на УКИМ: Студирањето во својата земја е најдобар избор

Министерката за образование и наука Весна Јаневска на првиот академски час ја поздрави новата генерација студенти на Универзитетот „Св. Кирил...

Македонија1 ден

Судењето за „Онкологија“ одложено, одбраната бара Коцевски да ја преземе постапката

Судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, и уште двајца онколози обвинети за несовесно лекување пациенти, е...

Македонија1 ден

Шукова од Аеродром им го вети на скопјани она што премиерот Мицкоски го најави минатата недела: бесплатни филтри на оџаците се добра и сериозна мерка

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денес, од Аеродром, на скопјани им вети бесплатни филтри за оџаците...

Македонија1 ден

Систем за влез/излез од ЕУ: за што сè треба да се подготват патниците

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 12 октомври 2025 година, Европската Унија ќе почне со постепено воведување...