Македонија
Силјановска – Давкова од Струга: Претставниците во Судскиот совет ќе бидат врвни правници, персонификација на правото и правдата, а не на партиската послушност

Вечерва изборниот караван на претседателскиот кандидат Гордана Силјановска – Давкова и коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ одржа митинг во Струга.
„Што може да стори претседателот или претседателката за судот?“, Многу. Има таму еден орган кој што се нарекува Судски совет, ама повеќе е партиско или политичко тело одошто е независно судско тело кое треба да внимава за квалитетот на судиите кое треба да ги разрешува судиите кога нема да бидат квалитетни и кога нема да се водат според принципот на уставноста и законитоста. И, замислете! Се сеќавате ли за кого беа врзани сите скандали во ова тело? За претседателката, за потпретседателот, првата беше член на партиската комисија за право на СДСМ, а вториот беше, исто така, член на ДУИ. Наместо театар на апсурдот, наместо граѓаните да имаат страв од таканаречениот Судски совет, кога двајцата претставници на претседателот, на претседателката би биле врв во правната професија, во правната етика, тогаш луѓето би го доживувале судот како бранител на нивните слободи и права“, истакна таа во својот говор.
Забележете и запомнете, додаде Силјановска – Давкова „моите претставници во Судскиот совет ќе бидат врвни правници, персонификација на правото и правдата, а не на партиската послушност“.
Според неа, во Уставниот суд треба да седат двајца судии или две судијки, предложени од претседателот, односно од претседателката. Тие, како што оценува таа треба да бидат врвот во правната професија, да го имаат угледот, да зрачат со достоинство и знаење.
„Тогаш Македонија ќе биде горда на Уставниот суд кој што во многу држави е еден од најважните фактори на демократизацијата на политичкиот систем“, потенцира Силјановска – Давкова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Израелската војска упадна на бродовите што пловат кон Газа, уапсена е Грета Тунберг

Израелските сили се качија на неколку бродови од флотилата „Глобал Сумуд“ и ги превезоа активистите во израелско пристаниште, разбивајќи протест против блокадата на палестинската територија од страна на Израел.
Грета Тунберг е видена како седи на палубата опкружена со војници, на снимка од израелското Министерство за надворешни работи и потврдена од „Ројтерс“. Шведската активистка за климатски промени е најистакнатиот патник на пропалестинската флотила.
Already several vessels of the Hamas-Sumud flotilla have been safely stopped and their passengers are being transferred to an Israeli port.
Greta and her friends are safe and healthy. pic.twitter.com/PA1ezier9s— Israel Foreign Ministry (@IsraelMFA) October 1, 2025
„Израелските војници пресретнаа меѓународна флотила која се обидуваше да достави лекови и храна во Појасот Газа. Тие се качија на бродовите кои се приближуваа кон енклавата“, соопштија организаторите на мисијата.
Флотилата, составена од повеќе од 40 цивилни бродови, носи околу 500 пратеници, адвокати и активисти, имаше план да ја пробие израелската блокада на Газа. Израелците ја започнаа операцијата кога флотилата беше на околу 90 наутички милји од енклавата. Досега се пресретнати најмалку шест брода. Објавени се снимки од бродовите „Флорида“ и „Ол Ин“, на кои се качија израелски војници. Сите членови на екипажот се однесени на копно.
„Преносите во живо од бродовите и комуникациите се прекинати. Статусот на учесниците и екипажот останува непознат. Ова е нелегален напад врз невооружени хуманитарни работници. Ги повикуваме владите и меѓународните институции да побараат нивна итна безбедност и ослободување“, објави флотилата на Инстаграм.
Флотилата за помош во Газа соопшти дека десетици нејзини бродови сè уште „пловат енергично“ кон палестинската територија и покрај тоа што биле пресретнати од израелските поморски сили.
“The last moments before we lost contact with our comrades aboard the Dutch boat Mohammed Bhar, sailing to Gaza on a humanitarian mission with the Al-Sumud Convoy to break the brutal blockade.” pic.twitter.com/S2h60huKZY
— Global Sumud Flotilla Commentary (@GlobalSumudF) October 2, 2025
The Global Sumud Flotilla boats Florida and All In have been seized by occupation forces, with all crew members taken. pic.twitter.com/bJ2rtVbiOK
— Global Sumud Flotilla Commentary (@GlobalSumudF) October 2, 2025
Флотилата Глобал Сумуд соопшти дека повеќето од нејзините бродови продолжиле да пловат кон брегот на Појасот Газа во раните утрински часови во четврток, и покрај прекините.
Македонија
Без струја делови од Карпош и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од Карпош и Аеродром.
Во периодот од 06.00 до 16.00 часот, бес струја ќе останат дел од корисниците лоцирани кај викенд населбата во Бардовци. (општина Карпош), а во периодот од 08.00 до 15.00 часот, корисниците од село Долно Лисиче лоцирани на потегот од Чатал кон Јурумлери. (општина Аеродром).
Македонија
Поради протест, денеска и утре ќе биде блокиран булеварот Илинден

Независниот синдикат при ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје најави протест поради неисполнети обврски кон вработените.
Во соопштението до јавноста, синдикатот информира дека протестот ќе се одржи денеска и утре во период од 09:30 до 11:00 часот, при што ќе биде блокиран просторот кај семафорот на раскрсницата на бул. „Илинденска“ со ул. „Никола Тесла“. Протестот ќе заврши пред дирекцијата на ЈП „Паркови и зеленило“.
Синдикатот наведува дека протестот се организира согласно законските прописи и колективниот договор, со кој се утврдени правата на вработените за плата, регрес, јубилејни награди, новогодишен додаток и отпремнини.
Барањата на синдикатот се: исплата на платата за август за фирмите „Флораком ДООЕЛ“ и „Луна ДООЕЛ“, исплата на К-15, јубилејна награда, новогодишен додаток, отпремнина за работниците со престанат работен однос.