Македонија
Мицкоски од Ресен: Ковачевски го нема на митинзите на Пендаровски, сака да ја освои поддршката на ДУИ
„Ресен е град на промените. Пролет е, а бранот на промените е видлив и голем. И промените не се апстрактен поим, туку суштествена потреба на народот кој во нив гледа спас од оваа власт. Ако најдобро може да се опише ова фатално владеење со државата во една реченица, тоа е дека на народот му се одзема државата. Народот има чувство дека нема контрола над работите, дека е кираџија во сопствениот дом, а системот е урнисан. Во својата држава до пред скоро се чекаа редици за пасоши и лични документи. Контролата на народот врз државата е одземена и тоа се гледа во фактот што криминалот и корупцијата се широко распостранети“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Ресен.
Мицкоски посочи дека е изгубена е довербата во политичарите, бидејќи народната волја е многупати изигрувана. Според неги, ништо не функционира во државата. Македонија е одземена од рацете на граѓаните, а граѓаните со право се скептични дали може тоа да се промени тоа.
„Сетете се само за хаосот што секојдневно го доживувате околу вас: корупцијата која е толку очигледна, пациентите не се сигурни каква терапија добиваат, се заработува бескрупулозно на грбот на најранливите, непотизам насекаде, правда никаде, не само младите туку и сѐ повозрасни размислуваат да ја напуштат Македонија не гледајќи веќе ниту систем, ниту ред. СДСМ е сведена на измеќар и соучесник во сите скандали, се срамиме од нивните недостоинствени настапи низ светот, иднината и подобриот живот се далечен сон, прогласени сме за најсиромашна држава во Европа, додека државата е на врвот по сите ранг-листи на корупција, извештаите од ЕК се историски катастрофални, тие ветуваа Отворена Европа, но испорачаа затворена држава во која граѓаните немаат начин како да отпатуваат надвор од Македонија“, рече тој.
Мицкоски нагласи дека деновите кога неколкумина ја киднапираа државата мора, заедно со гордо крената глава, да се спротивставиме на тоа.
„На овие избори не одлучувате само за претседател, туку одлучувате за човек на кој можете да му доверите да ја води државата и да одлучува за вас и вашата иднина. Стево Пендаровски својот мандат го помина во озборување и коментирање на политика, наместо во водење и носење одлуки. Пендаровски би можел да коментира утакмица во фудбал, и верувам дека во тоа би бил солиден гест од негова страна, но не и да води држава. Човекот не покажа отпорност да се спротивстави на Али Ахмети, ниту на СДСМ. Се препелкаше околу францускиот предлог на крај се фалеше како тој активно придонел во неговото пишување и носење. Безличен политичар на кому му е важно да направи комбинации за да ја сочува фотелјата, но не и да се бори за иднината на државата. Причината зошто Ковачевски не ги посетува неговите митинзи освен слабиот рејтинг, е и желбата во која Пендаровски верува, а тоа е дека сака повеќе да ја има поддршката од ДУИ отколку од Ковачевски и СДСМ. Нему му е поважно ДУИ да го гласа, од тоа СДСМ да го поддржи. Тој трча по Ахмети, затоа што знае дека по поразот во првиот круг ниту ДУИ ќе го спаси во вториот. И затоа не се изјаснува што ќе прави и како ќе прави после дебаклот по првиот круг“, укажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски додаде дека народот на овие избори има јасен избор. Понудата на ВМРО-ДПМНЕ за претседател е личност со извонреден интелект и интегритет. Личност со верба во принципи и со свој став. Гордана Силјановска-Давкова ќе биде гаранција и брана над сите повреди и кршења на Уставот и законите. Затоа изборот е јасен. Македонија нема време и простор за губење. Ова се избори каде се одлучува дали ќе имаме конечно средена држава или ќе останеме и понатаму во заложништво на ДУИ и СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права
Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд за човекови права.
Во таа насока, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ја презентираше Информацијата за реализираните активности, согласно известувањето доставено од Комисијата за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права, со кое се информира за предлогот на Комисијата за избор на тројца кандидати: Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски.
„По разгледувањето, Владата ја усвои Информацијата, по што Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како надлежна институција задолжена за спроведување на административните и техничките активности во постапката, ќе продолжи со обезбедување мислење од Меѓународниот советодавен панел на експерти при Советот на Европа, во однос на исполнувањето на пропишаните критериуми од страна на предложените кандидати“; соопштија од Владата.
По добивањето на мислењето од Меѓународниот советодавен панел, Комисијата ќе ја достави листата со тројца кандидати до Владата, по што конечната листа ќе биде проследена до Парламентарното собрание на Советот на Европа.
фото/Depositphotos
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.

