Спорт
Еден-два за Ред Бул во квалификациите за ГН на Јапонија – Ферстапен прв, Перез втор
Макс Ферстапен ја освои 36.пол-позиција во кариерата. Актуелниот шампион беше најбрз во квалификациите пред трката за Големата награда на Јапонија. Најбрзиот круг на Холанѓанецот на патеката во Сузука беше 1:28.197 минути.
Веднаш до Ферстапен, утрешната трка, од првиот ред ќе ја започне неговиот тимски колега Серхио Перез. Мексеканецот задоцни за 66 илјадити делови од секундата.
Останатите возачи на гридот беа далеку зад пилотите на Ред Бул. Трет во квалификациите заврши Ландо Норис од Мекларен (+262), а до него трката ќе ја стартува возачот на Ферари, Карлос Саинц.
Во квалификациите во Топ 10 завршија: Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Оскар Пјастри (Мекларен), Луис Хамилтон (Мерцедес), Шарл Леклер (Ферари), Џорџ Расел (Мерцедес) и Јуки Цунода.
Трката за Големата награда на Јапони, в недела ќе започне во 7 часот по македонско време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Играч на Алавес го побара дресот на Мбапе на полувремето, тренерот веднаш го замени
Абдел Абкар (25), дефанзивецот на Алавес и на мароканската репрезентација, ги шокираше навивачите на својот клуб со потегот на полувремето од натпреварот против Реал во Мадрид.
Во моментот кога судијата означи крај на првото полувреме, кое му припадна на реал со 2:0, камарата го улови Абќар како му приоѓа на противничкиот напаѓач Килијан Мбапе и го моли да му го даде дресот.
Мбапе му ја исполни желбата, го соблече дресот и му го предаде на противничкиот дефанзивец. Абќар потоа му покажа на Мбапе дека ќе му го даде дресот кога ќе го напуштат теренот.
Гледајќи го ова навивачите на Алавес беа шокирани од потегот на фудбалерот кој веќе четири години е во клубот.
Тренерот Луис Гарсија на полувремето го остави Абкар во соблекувалната.
Abdel Abqar 🇲🇦 qui demande le maillot de Kylian Mbappé 🇫🇷 à la mi-temps face au Real Madrid. 👕
Pas très professionnel de la part de l'international marocain… 🤨 pic.twitter.com/ir1c5PoTI4
— Actu Maroc 🇲🇦 (@ActuMarocOff) September 24, 2024
Спорт
(Видео) Шпанците во еден глас: Ендрик мораше да биде исклучен
Големи полемики предизвика арбитражата на Муниз Руиз на натпреварот Реал – Алавес (3:2) во седмото коло од Ла Лига. Домаќините му замеруваат дека им дал „премногу картони за приговори“ (три), додека гостите се бесни што не го исклучи младиот ас на Реал, Ендрик на седум минути пред крајот.
На видеото се гледа дека се стрча и намерно со колено го удри својот ривал Мурињо во меѓуножјето. Муниз Руиз му покажа жолт картон, што на големо негодување на фудбалерите на Алавес.
Драматичниот исход само го зголеми нивниот гнев. Имено, во моментот кога Ендрик требаше да биде исклучен, Реал водеше со 3:0, но Алавес до крајот намали на 3:2. Гостите истакнуваат дека со играчот повеќе можеби ќе можеа да направат неверојатен кам-бек против шампионите на Шпанија и Европа.
„Потегот на Ендрик е за црвен картон. Последните 10 минути требаше да ги одиграме со играч повеќе. Можеби немаше да победиме и да се вратиме во мечот, но требаше да се игра 10 на 11. Никој не може да каже дека тоа не е црвен картон. Со намера го направи тоа“, изјави тренерот на Алавес, Луис Гарсија Плаза.
Плаза не е единствениот кој смета дека Ендрик заслужил црвен картон. Ова го тврдат и судиски експерти од сите шпански медиуми, па дури и од „Марка“, која традиционално го фаворизира Реал.
„Тоа не беше опасен удар, но фактот што се случи далеку од топката или од некаков дуел може да се казни со исклучување. Инаку, главниот судија не го виде ова, но ВАР судијата, Фигуероа Васкез мораше да му го посочи тоа“, рече Перез Бурул на „Радио Марка“.
No paran de tirar este vídeo porque no quieren que lo veamos.
Pero tranquilos, aquí lo tenéis.
Roja perdona a Endrick, juegan con otras normas
pic.twitter.com/6mRxN61yFH— AtletionTop (@AtletiOnTop) September 24, 2024
Спорт
(Видео) Со пресврт во 14 минути Комо среде Бергамо ја шокира Аталанта
Во последниот натпревар од петтото коло на италијанската Серија А Комо ја победи Аталанта со 3:2 во Бергамо. Според распоредот, овој натпревар требаше да се одигра во понеделникот, но беше одложен за ден подоцна поради обилните врнежи од дожд и натопениот терен во Бергамо.
Аталанта поведе во 18. минута кога Запакоста прекрасно ја зафати топката од врвот на шеснаесетникот и погоди за 1:0. Но, на почетокот на вториот дел гостите од Комо со блиц-криг за само четиринаесет минути постигна дури три гола.
По 20-ина секунди од продолжението, Стрефеца прекрасно го погоди спротивниот агол од домашниот гол и израмни на 1:1. Потоа во 54. шутираше Нико Паз, а топката од Колашинац се одби во домашната мрежа за 2:1 а во 58. минута Фадер сам направи се и целосно го шокираше домаќинот со гол за 3:1. Аталанта само намали со голот на Лукман од пенал во 98. минута.
Со ова Комо ја постигна првата победа сезонава и прва во Серија А по 21 година, кога последен пат испадна, додека Аталанта го забележа третиот пораз.