Македонија
Мојсоска: Нема компромиси со оние кои беа на погрешната страна на историјата
Воопшто не сум изненадена што новокомпонираниот патриот Максим најавил вметнување на Бугарите во Уставот уште првите 200 дена влада. Што да се очекува од квинслинзи што беа во првите редови со ЗАЕВ кога се бришеше АСНОМ и се менуваше уставното име под диктат на злосторнички пакт?!
Левица останува единствена партија која е за прекин на преговорите со Бугарија. Левица е единствена партија која е ПРОТИВ вметнувањето на Бугарите во Уставот под било кои услови!
Искуството покажува дека со секоја промена на Устав дел по дел се парчеше суверенитетот на Републиката. А, тоа што необалистите од ДУИ и Алијанса се најгласни за промена на Уставот, јасно треба да ви потврди во чии интереси е бугаризацијата на Уставот.
Нема компромиси со оние кои беа на погрешната страна на Историјата и оние кои ги победивме во Втората светска војна! Колку и да сакаат да ве излажат лажните пророци…, пишува во Фејсбук објава носителката на ИЕ5 д Левица Јована Мојсоска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

