Црна хроника
Албански државјанин илегално преминал граница кај струшко
На 06.04.2024 во 05.30 часот во полициското одделение во струшкото село Велешта приведен е Н.Х.(43) од Република Албанија. Тој илегално ја преминал македонско-албанската државна граница и без соодветна документација и документи за идентификација престојувал на подрачјето на селото Велешта. Во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
21-годишник од Берово користел туѓа дебитна картичка за свои потреби
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Б.З.(21) од Берово.
Тој според полицијата се сомничи за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Во периодот од 03.06. до 11.06.2024, пријавениот во повеќе наврати користел дебитна картичка на друго лице и вршел плаќања за свои потреби.
Црна хроника
Внук ја истепал баба му и украл пари
СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.О.(30) од Гостивар.
Тој се сомничи поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.
Имено на 21.09.2024, пријавениот со употреба на сила влегол во домот на неговата баба, физички ја нападнал и ѝ одзел пари.
Топ
Во затворот Идризово претепан и силуван осуденик
Синоќа во 23.27 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Идризово било пријавено дека осуденикот М.А.(31) физички нападнал 40-годишен осуденик, по што извршил обљуба врз него, соопшти полицијата.
Според надлежните, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.