Македонија
Димитриевски: Наша заложба е пензионерите да добијат 13 пензија, правда мора да има подеднакво за сите

Караванот на Претседателскиот кандидат на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска беше во посета на Валандово и Богданци.
Димитриевски при тоа имаше непосредни средби со граѓаните и во позитивна кампања ја презентираше неговата предизборна програма, која се темели на пет начела и пет приоритети.
Тој во разговорите посебно се задржа на првиот приоритет со кој ќе се овозможи да се придвижи процесот на европска интеграција и да се излезе од ќорсокакот во кој се наоѓа Македонија. Ќе се формира специјален експертски ЕУ тим кој ќе започне преговарачки процес за адаптација на преговарачката рамка во согласност со реалните внатрешни општествени
околности во врска со историските прашања кои ги оспорува нашиот источен сосед, а се директно поврзани со генезата на македонскиот национален идентитет.
Димитриевски во овие места се сретна и со поголем број на пензионери, при што имаше прилика да поразговара со нив, очи во очи, за проблемите кои секојдневно ги мачат. Во изјавата за новинарите Диитриевски рече: „Слушаме безброј, голем број на ветувања од страна на старо новите политички субјекти коишто во континуитет, во овие 30 години се менуват
во државата, а од гарнитура до гарнитура е се полошо и полошо. И ја испорачавме нашата мерка со која што ќе влеземе во овој предизборен период, а тоа е да се обезбеди 13 пензија во форма на субвенција, кон сите пензионери и загрозени групи“.
Тој објасни дека тоа ќе се направи со искористување на нереализираните средства од капиталните инвестиции коишто остануваат на крајот на годината.
Димитриевски најави дека една од првите негови заложби, како Претседател на државата ќе му биде менувањето на постојниот Закон за кривична одговорност, со кој,какошто рече, се самоамнестираа голем број на политичари во државата и дополнително се амнестираа претходни политичари. Недозволиво е да нема казнивост или одговорнот за сите во државата.
„Законот треба да важи подеднакво за сите. Ние ќе се залагаме правда да има подеднакво за сите во Македонија и за мене слоганот -Нема правда нема мир- сеуште важи и до денеска не сум отстапил ни милиметар од тие мои заложби во Шарената револуција“, рече кандидатот за Претседател на Македонија, Максим Димитриевски.
Неговиот караван денеска ќе ги посети и Гевгелија и Дојран, како и уште неколку места во тој регион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска Давкова: Не сум се фотографирала со восочни фигури на Доналд и Меланија Трамп

Фотографијата објавена на моите официјални профили на социјалните мрежи, на којашто сум заедно со претседателот на САД, Доналд Трамп, е автентична и направена во Њујорк за време на свечениот традиционален прием организиран од претседателот Трамп и неговата сопруга, Меланија Трамп, реагираше претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова.
– Написите на одредени медиуми дека станува збор за фотографија со восочна фигура се целосно неточни, злонамерни и со јасна тенденција за дискредитација, вели таа.
Сиљановска – Давкова упати апел до медиумите за професионално, одговорно и чесно информирање на јавноста, со почитување на вистината како највисок демократски принцип.
Македонија
Денес дожд и температура од 13 до 21 степен

Времето во текот на денот се очекува да биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, проследени со ретки грмежи.
Според синоптичарите, ќе дува слаб со умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен Целзиусов.
Во Скопје, се очекува претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Според најавите, ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 19 степени Целзиусови.
Локални врнежи од дожд се најавени и за утре, а потоа во следните два дена да биде претежно стабилно.
Од четврток се очекува нов влажен и постуден бран со пообилни врнежи од дожд и со значително опаѓање на температурата.
Македонија
Сиљановска Давкова објави дека се фотографираше со Доналд и Меланија Трамп

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на својот Фејсбук-профил објави дека ѝ претставувало чест да присуствува на приемот што го приредија претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, и неговата сопруга Меланија Трамп, по повод 80. Генерално собрание на Обединетите нации.
Во објавата таа истакна дека во овие турбулентни времиња е важно да не се отстапува од демократските вредности и да се работи заеднички на зачувување на глобалниот мир и безбедност, додавајќи дека САД остануваат искрен сојузник на Македонија.
„Благодарност за гостопримството!“, напиша Сиљановска Давкова.