Регион
Свлечиште кај Мостар однесе три автомобили во езерото

Вчера околу 18 часот и 30 минути во каменоломот на мостарската компанија ХП Инвестинг д.о., во населбата Бијела кај Мостар настанало свлечиште кое предизвикало три автомобили да паднат во езерото, потврдија за Бљесак.инфо од МВР на БиХ. „Во езерото се гледаат два автомобили, а третиот се претпоставува дека е или на дното на езерото или под одронот“, изјави за споменатиот портал портпаролот на МУП ХНЖ Људевит Мариќ.
Прво беше објавено дека едно лице завршило во болница, а денеска босанските медиуми јавуваат дека две лица се повредени. Според информациите од Сојузната управа за цивилна заштита, свлечиштето било предизвикано синоќа во раните вечерни часови, околу 18 часот и 30 минути, кога поради минирање на каменолом во реката завршила поголема количина камен.
„При падот поголема количина карпи ги затрупа автомобилите кои беа на патот, два автомобили завршија во реката, додека по еден автомобил се трага, бидејќи не се знае дали е под одронот или во вода. За среќа, автомобилите се во сопственост на планинари кои не биле во нив во моментот на несреќата. Според досегашните информации, нема човечки жртви“, соопшти ФУЦЗ.
Две лица се повредени, од кои едното се наоѓало во чамец кој се превртел кога одронот паднал во реката, при што дошло до покачување на нивото на водата и голем бран. Во моментот на несреќата на брегот се наоѓало уште едно повредено лице. На двете лица им е укажана лекарска помош, се наведува. Полицијата го обезбедува местото на несреќата, истрагата била прекината во текот на ноќта и продолжила во раните утрински часови, пишува Радио Сараево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Се судрија два автобуса во Хрватска

На автопатот А1 во правец кон Загреб, кај излезот Вучевица кај Сплит, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале два автобуси.
Пријавата во полиција ја добила околу 13 часот и 45 минути, а на местото на несреќата веднаш биле испратени екипи на Итна медицинска помош, полиција и пожарникари, јави „Далматински портал“, пренесе „Индекс“
Нема жртви, а на шест лица ќе им биде укажана лекарска помош во болнинца (сите лица се свесни), а на останатите на кои им е потребна помош ќе им биде укажана на местото на настанот, соопшти полицијата.
Сообраќајот се одвива по една коловозна лента.
Во тек е увид, по што ќе бидат познати повеќе детали, како и информации за повредените лица.
Регион
Разбиена криминална група за илегална миграција во Грција, правеле лажни пасоши и ги продавале за 600 евра

Уапсени се 23 лица осомничени за криумчарење илегални мигранти и фалсификување документи во Грција, а се уште се трага по 26 други членови на оваа криминална мрежа.
Оваа банда преку шверц и фалсификување заработила 4.865.200 евра, а меѓу уапсените е и водачот на групата, кој од почетокот на 2024 година правел лажни патни исправи за мигранти, јавува ЕРТ.
При претреси на четири локации во Атина и Пиреја, запленети се 4.831 лажни патни исправи во вредност од 68.000 евра, а идентификувани се 558 мигранти прошверцувани во ЕУ од оваа група.
Во зависност од тоа дали шверцувале мигранти по пат, море или воздушен пат, трошоците за превоз се движеле од 700 до 8.000 евра, додека фалсификуваниот документ чинел од 400 до 600 евра.
Регион
(Видео) Силни врнежи од дожд и град во Белград, поплавени улици и дел од автопатот

Ветер, град и пороен дожд го погодија Белград. Улици и автопат беа поплавени откако невреме го погоди српскиот главен град.
Според снимките објавени на социјалните мрежи, дел од автопатот бил под вода.
Бројни улици во Белград беа исто така поплавени. Подводниот премин во близина на железничката станица во Раковица е под вода.
Според извештајот на репортерот на Н1, во Авала паѓало град со големина на лешници.