Спорт
(Видео) Спектакл во „Олд Фирм“, шест гола и реми меѓу Ренџерс и Селтик

Фудбалерите на Селтик и Ренџерс ремизираа (3:3) во мечот „за инфаркт“, одигран во рамките на 33. коло на шкотската Премиерлига.
Селтик рано поведе со голот на Маеда во првата минута. Напаѓачот на зелените со многу среќа ја затресе мрежат. Истиот играч можеше да го удвои водството во 26. минута, но и неговиот и ударот на Хатете го одбрани Џек Батланд само неколку секунди подоцна.
Селтикс не опстана од напаѓачката игра. Тимот на Брендан Роџерс, вВо 34. минута доби пенал. Голдсон играше со рака во сопствениот шеснаесетник, а О’Рајли беше сигурен изведувач на најстрогата казна.
Во 51.минута Силва падна во шеснаесетникот на гостите. Главниот судија првично го казни Португалецот со жолт картон, убеден дека напаѓачот симулира, но по проверката на ВАР, судијата ја смени првичната одлука. За Ренџерс беше досуден пенал, кој Таверние го претвори во гол во 55. минута.
Во 86. минута Сима постигна гол за 2:2. Само 70 секунди подоцна Селтик повторно поведе, голот го постигна поранешниот напаѓач на Норвич Адам Ајда и донесе голема радост за гостите. Сепак тука не беше крајот, во 93.минута Матондо со спектакуларна „кифла“ ги постави конечните 3:3.
На бодот повеќе му се радуваат фидбалерите на Ренџерс, бидејќи со натпревар помалку имаат само бод помалку од лидерот Селтик и се многу блиску до освојување на титулата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шаховските надежи на ШК Алкалоид со нова жетва на медали на младинското првенство

Државното првенство за млади во класичен шах се одржа од 16 до 21 јуни во Струмица, при што, во согласност со пропозициите на Светската шаховска федерација ФИДЕ, се организираа натпревари во шест старосни категории.
Како и секоја година, талентите кои ја имаат поддршката од клубот и кои работат со најдобрите и најуспешни македонски шахисти и тренери, очекувано, повторно се враќаат со медали и признанија за своите настапи.
Меѓу девојките со златни медали се вратија Моника Жежовска (У18) и Илијана Велева (У12), додека, пак, Исидора Лукановска (У14) освои сребрен медал.
Во машка конкуренција беше понеизвесно, па така Давид Атанасовски беше едно од најпријатните изненадувања бидејќи по само една година тренирање успеа да стигне до златниот медал во категоријата до 10 години, но подеднакво блескави беа и постигнувањата на Марко Стојановиќ (У12) и Никола Радоњанин (У16), кои ги освоија трофеите во својата конкуренција. Новиот член на клубот, Никола Павлески, дебитираше за ШК Алкалоид со освојување на второто место во конкуренцијата до 18 години. Сребро освои и Лука Симоновски (У12), додека, пак, Васил Иванов (У10) и Андреј Божиновски (У14) се закитија со бронзени медали.
– Ние како тренери сме задоволни од она што го прикажаа нашите младинци. Не би одел во детали, туку би рекол само „Браво шампиони“! Сите се трудеа да го дадат својот максимум и во фајтерски стил се носеа со конкуренцијата, онака како што доликува кога се бранат боите на ШК Алкалоид. Радува фактот што имаме титули и кај момчињата и кај девојчињата затоа што тоа е показател дека се стремиме кон успеси во двете конкуренции. Некои се потврдија како фаворити, а некои кои не беа меѓу првите тројца носители пријатно изненадија. Ние како тренери сме презадоволни од она што го видовме и ќе продолжиме да ги трасираме патиштата на идните македонски шаховски шампиони преку континуирана работа во клубот – изјави ИМ Дејан Стојановски.
Според календарот на Европската шаховска унија, младинските европски првенства за 2025 година во стандарден шах ќе се играат во октомври во Будва, Црна Гора, додека, пак, континенталниот собир на млади играчи во забрзан и во брзопотезен шах е закажан за 4 август во Солун, Грција.
Спорт
Ридигер пријави расиситички навреди, па сакаше да тепа со капитенот на Пачука

Реал Мадрид ја победи Пачука со 3:1 на клупскиот Мундјал. Натпреварот мина во сенка на жестокиот инцидент меѓу Антонио Ридигер и капитенот на Пачука, Густаво Кабрал.
Ггерманскиот дефанзивец пријавил кај судијата Рамон Абати Абел дека бил цел на расистички навреди.
Судијата потоа, за прв пат во вакво натпреварување, ги прекрсти рацете пред градите, сигнализирајќи активирање на посебен протокол на ФИФА против расизмот.
Сè започна во првото полувреме кога Кабрал, според тврдењата од Реал, го удрил Ридигер, што германскиот дефанзивец не го заборавил. Нивниот судир продолжи вербално, при што Ридигер, потврдија клупски извори, приговорил на расистичките навреди на Кабрал во кои беа вклучени термини како „црнец“ и „мајмун“.
На пат кон соблекувалните, Кабрал наводно додал: „Ти си го.но…“, на што Ридигер одговорил: „Не би ми го кажал тоа внатре, ајде, да влеземе ако се осмелуваш“.
Вербалната комуникација можеше дополнително да ескалира доколку играчите и членовите на тренерските штабови не реагираа, успеаја да спречат поголем инцидент.
⚠️ ¿RACISMO EN EL MUNDIAL DE CLUBES?
✖️ Antonio Rudiger, defensor de Real Madrid, acusó insultos racistas por parte del argentino Gustavo Cabral y se activó el protocolo: el incidente será investigado por la FIFA.
🗣️ El futbolista de Pachuca se defendió y dio su versión del… pic.twitter.com/M2XC8HeoPP
— El Gráfico (@elgraficoweb) June 22, 2025
Спорт
Белингем ќе отсуствува два месеци на почетокот од новата сезона

Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингем, ќе го попушти почетокот на новата сезона. Англискиот репрезентативец ќе оди на операција на рамото.
Според шпанските медиуми, Белингем ја закажал операцијата една недела по финалниот натпревар од Светското клупско првенство, за секој случај, доколку Реал се пласира во финалето.
Според неофицијални информации, по операцијата, Белингем ќе се рехабилитира до октомври, поради што ќе ги пропушти натпреварите на Реал Мадрид, како и репрезентацијата на Англија во квалификациите за Светското првенство.
„Дојдов до точка каде што болката не е толку неподнослива. Губам тежина бидејќи се потам прекумерно и затоа ќе морам да се оперирам по Светското клупско првенство. Долго чекав на оваа процедура и полека губам трпение, но лекарите и физиотерапевтите одлично си ја вршат работата. Само сакам повторно да се чувствувам слободно на теренот“, изјави Белингам за медиумите по победата над Пачука (3:1).