Македонија
Трипуновски: Сточарството изумира како земјоделска гранка поради катастрофалните политики на СДС

Дополнителниот замени министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски преку фејсбук објава извести за катастрофалните политики на СДСМ во делот на сточарството.
Трипуновски направи споредба помеѓу 2016 и 2023 година за бројот на молзни крави и за производството на кравјо млеко во Република Македонија.
Според него, бројките се катастрофални и се само дополнителен доказ за негрижата на СДСМ за македонските сточари.
„Стоп на катастрофалните политики на СДС во сточарството‼️ Еве како СДС го уништува млекопроизводството во Македонија. Бројот на молзни крави во 2023 година е намален за 53 илјади грла или изразено во проценти има пад од 40,3% во споредба со бројот на грла во 2016. Производството на кравјо млеко во 2023 година е намалено за 165 милиони литри или изразено во проценти има пад од 40,9% во споредба со производството во 2016. Сточарството изумира како земјоделска гранка во Република Македонија, пишува Трипуновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сообраќајот на патот Градско – Прилеп во прекин

Поради случена сообраќајна незгода, патот Градско – Прилеп е во целосен прекин, информира АМСМ.
„Поради товарно моторно возило сообраќајот е попречен на експресниот пат Градско према Прилеп (односно према село Дреново), сообраќајот е во целосен прекин и се одвива по стариот пат низ село Росоман“, велат од АМСМ.
Македонија
Почнува реновирањето на Клиниката за гинекологија

Премиерот, Христијан Мицкоски, утре ќе присуствува на почеток на комплетно реновирање и реконструкција на амбулантите, лабораториите и специјалистичките кабинети на Клинички центар „Мајка Тереза“ ЈЗУ УК Гинекологија и акушерство во Скопје.
Од Владата информираат дека реконструкцијата е во износ од 29.000.000 денари со што, како што пишува во соопштението, ќе се создадат услови за поефикасна дијагностика и лекување на пациентите.
Македонија
Утре облачно време, попладне дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето во следните денови ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, особено во деновите од викендот.