Македонија
Тренчевска: Грижата за највозрасните не е само ветување, тоа е наша должност
Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и градоначалникот на Општина Крива Паланка направија посета на објектот на Ученичкиот дом „Боро Менков“ кој е предвидено да се реконструира и преадаптира во дом за стари лица. Претходно Тренчевска за време на нејзините теренски активности посети и корисници на услугата Помош и нега во домот.
„Заедно со Општина Крива Паланка се одлучивме за реконструкција и прилагодување на УД „Боро Менков“ во еден од најубавите домови за стари лица во овој регион, преку капитална инвестиција на Министерството за труд и социјална политика токму во оваа општина. Брзото напредување на процедурите, предводена од цврстата решителност на нашиот градоначалник, сигнализира не само бирократски процес, туку и длабока посветеност брзо да се започне со работа во планираниот старски дом. Со вредност на проектот од 34.375.536 МКД, овој потфат симболизира инвестиција во граѓаните и суштинско решавање на нивните предизвици“ рече Тренчевска.
Таа истакна дека посветеноста на највозрасните во заедницата не запира тука и посочи дека спроведувањето на услугата помош и нега во домот во Општина Крива Паланка е уште еден чекор кон поголема грижа за старите лица.
„Услугата помош и нега во домот во Општина Крива Паланка се спроведува уште од 2021 година. Тука 32 негователи се грижат за 95 лица и ова е услуга која обезбедува грижа токму во домот на највозрасните и изнемоштени лица. Грижата за највозрасните не е само ветување, тоа е наша должност, наша привилегија и наша чест. Да го одиме овој пат заедно, рака под рака со највозрасните, да го испочитуваме нивниот влог во минатото и да им возвратиме денес“ изјави Тренчевска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Облачно време со врнежи од дожд и температуриа до 9 степени
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови (над 35 l/m²). На планините врнежите ќе бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Во повисоките делови од котлината врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Утре на планините и на повисоките места ќе провејува слаб снег. Од недела времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму температурата ќе остане пониска.
Македонија
АМСМ: Тековен сообраќај по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Потсетување дека патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.
Македонија
Дел од корисниците од Гази Баба без струја
Дел од корисниците од Гази Баба денеска ќе останат без струја.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 28.11.2025 година ( Петок ) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08:30 до 14:30 часот, корисниците на ул.2 во Раштак ( општина Гази Баба )“, информира РЦУК.

