Македонија
Полицијата во Шуто Оризари има само едно возило и недостаток од кадри, му рече командирот на министерот Тошковски

Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски го посети Полициско Одделение Шуто Оризари, каде одржа работен состанок со дел од полициските службеници во оваа организациска единица.
Од страна на командирот на ПО Шуто Оризари министерот Тошковски беше запознаен дека ова одделение не покрива големо подрачје, но е густо населено и живеат голем број на жители. Од тие причини треба да се размислува во иднина оваа организациска единица да се траснформира во Полициска станица каде ќе работат повеќе полициски службеници со цел да можат да одговорат на потребите за одржување на поволна безбедносна состојба.
Исто така, беше посочено дека Шуто Оризари се соочува со незадоволително ниво на кадровска пополнетост и располагаат само со едно возило со кое ги вршат сите работни задачи.
Во однос на изборите на ова подрачје се наоѓаат три избирачки места и од страна на полициските службеници ќе бидат преземени сите неопходни мерки за безбедно и мирно спроведување на изборниот процес.
Своето присуство во Шуто Оризари министерот Тошковски го искористи и да упати честитка до нашите сограѓани од ромска националност кои денеска го слават 8-ми април – Меѓународниот ден на Ромите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја дел од општина Карпош

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата 2 во село Бардовци, општина Карпош.
Македонија
Претежно сончево и многу топло, максималната температура до 42 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 36 до 42 степена.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 41 степен.
Времето во наредните денови
Во петок и во сабота ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност и со температура која наместа ќе достигне и 43°C. Во недела ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а температурата ќе биде во опаѓање.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Денеска во временски период од 09:00 до 14:00 часот поради обезбедување на велосипедска трка, сообраќајот од центар на град Куманово по улицата 3-та МУБ, обиколница за Свети Николе, магистрален пат Куманово – Крива Паланка и по регионален пат Куманово граничен премин Пелинце до Меморијален центар АСНОМ во село Пелинце ќе биде во прекин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.