Македонија
Николоски: Кампањата на Пендаровски е финансирана од крими пари од РЕК Битола

„Случајно или не, на територија на вашата општина во моментов е најголемиот извор на криминал во Македонија, РЕК Битола и случајно или не токму од таму доаѓа крими финансирањето на кампањата на Стево Пендаровски“, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Новаци.
Потпретседателот Николоски истакна дека Стево Пендаровски никогаш ја нема посетено општина Новаци освен во избори.
„Додека доаѓавме наваму проверував кога Стево Пендаровски последно бил во Општина Новаци и искрено очекував дека често доаѓал тука имајќи предвид финансирањето на кампањата му доаѓа баш од тука, но забележав дека никогаш не ја посетил Општина Новаци освен во избори што само покажува за каква дволична личност се работи. Тоа е неговата одлика од една страна глуми чесен и сака за себе да вели дека е некорумпиран, од друга страна потпишува измени на кривичен законик за амнестија на криминал, молчи на сите криминални афери кои излегоа во јавност изминатите години, а најчесто во јавност ги вадеше ВМРО-ДПМНЕ и финално прифаќа кампањата да му се финансира со црни пари кои се крадени токму од оваа општина и токму од РЕК Битола“, рече Николоски.
Николоски ги повика граѓаните на 24 април и 8 мај масовно да излезат и да гласаат за Гордана Силјановска Давкова.
„Таков човек треба да си замине во историја и затоа ве повикувам на 24 април и 8 мај масовно да излезете на гласање, да ги повикате сите што ги познавате да излезат и во масовна референдумска излезност да ставиме точка, да ги направиме промените, да ја избереме Гордана Силјановска Давкова за претседател, а Христијан Мицкоски за премиер на Македонија“, кажа Николоски.
Николоски во однос на неговиот противкандидат Венко Филипче истакна дека тој се уште не дошол да ги посети жителите на Новаци и додаде:
„Има еден доктор, политичар, пак доктор, пак политичар, во меѓувреме криминалец кој во четвртата Изборна единица ќе е мој против кандидат како носител на листата на СДСМ. Гледам дека овдека не дошол уште да ве посети затоа што веројатно пи-ар стратезите од агенцијата „Рејтинг“ кои му водат пи-ар не му кажале дека во четвртата изборна единица има и рурални средини, мисли дека е кандидат во Капиштец во Скопје, па така тера кампања, а не тера кампања како да имаме најземјоделската изборна единица и истиве пи-ар стратези од агенцијата „Рејтинг“ кои внимавајте плаќа по 100 евра за текст за Венко Филипче за порталите низ Македонија за што ќе треба да даваат после извештаи од кај им се парите и како ги обезбедиле, не му кажала дека постои Новаци, како што постои подолу и Могила, постои и Кукуречани, а не само да оди по здравствени домови и така да се слика со доктори“, дециден е Николоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ЦУК повторно ќе го тестира системот за масовни известувања на граѓаните

Во текот на попладневните часови граѓаните ќе добијат тест-СМС порака преку системот cell broadcasting, со цел проверка на техничките можности за испраќање масовни известувања и аларми во случаи на кризни состојби, соопшти Центарот за управување со кризи.
Од таму појаснуваат дека станува збор за систем кој овозможува итни пораки да бидат испратени до сите корисници на мобилни телефони што се наоѓаат во одредена географска област, без разлика на мобилниот оператор. Целта е навремено и ефикасно информирање на населението при пожари, поплави, земјотреси, опасни временски појави или други вонредни ситуации.
Од ЦУК велат дека воспоставувањето на овој систем е национална потреба и воедно законска обврска согласно регулативите на Европската Унија, кои бараат сите земји да располагаат со механизам за масовно информирање и алармирање на граѓаните во услови на криза.
Македонија
Алиу: За 45 дена над 1.250 нови вработувања во здравството

Во рок од само 45 дена и за рекордно време се реализирани над 1.250 вработувања во 85 јавни здравствени установи низ државата, како дел од стратешкиот процес на кадровско зајакнување на здравствениот систем.
До овој момент, во рамките на процесот се спроведени над 1.700 тестирања, изјави министерот за здравство.
„Ова е значајно и историско зајакнување на кадарот во рекордно време во здравствениот сектор – дополнителна мотивација, конечно решен статус на сите овие лица кои со години немаа сигурност, здравствено осигурување, формален работен однос и беа под континуиран стрес. Сега, со овој чекор, добија достоинствено место во системот“, рече Алиу.
Со оваа кадровска стабилизација, Министерството за здравство, како што рече, испраќа силна порака за континуирана грижа и вложување во човечкиот капитал, како предуслов за подобри здравствени услуги за сите граѓани.
Македонија
(Видео) Брутална партизација на образованието пред избори, Јанеска и ВМРО-ДПМНЕ го претворија Инспекторатот во партиски штаб, велат од СДСМ

Весна Јаневска и ВМРО-ДПМНЕ спроведуваат брутална партизација во образованието пред изборите.
Во очи на распишување на локалните избори, гледаме масовни незаконски огласи за вработување и напредувања само по партиска линија, за вдомување на кадри на ВМРО-ДПМНЕ.
Државниот просветен инспекторат, под диригенство на Јаневска, станува партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ, истакна на прес-конфренеција Јованче Манасков, од СДСМ.
„Според информациите кои ни ги доставија свиркачи: Соња Зашоска, советничка во Општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ, треба да биде унапредена во раководител на одделение за инспекциски надзор и оценување на квалитет. Таа е истата инспекторка која го заштити Бојан Христовски од АНБ и неговото незаконски стекнато образование. Дали ова е награда за неа?
Понатаму, Валерија Анастасова, советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, според истите информации од свиркачите, ќе биде унапредена во раководител на сектор за стручно-административни работи.
Христина Јованоска, сегашен инспектор, ќе биде поставена за помошник главен инспектор.
Јане Николоски, исто така кадар на ДПМНЕ, ќе биде назначен за помошник раководител на сектор за односи со јавност и превод“.
Паралелно со ова, информира Манасков, се распишал јавен оглас за нови вработувања во инспекторатот, исто така, како што рече, по партиска линија.
Оцени дека партизацијата на образованието е брутална, на сите можни нивоа и со незаконски огласи за вработувања.
Како што наведен, само во последните неколку дена, распишани се незаконски огласи за вкупно 123 работни места, наводно, како што вели, за образовни асистенти во училишта кои не се трансферирани во ресурсни центри.
Според него, огласите се незаконски затоа што, според Законот за средно образование, само такви установи можат да вработуваат образовни асистенти.
„Интервјуата за дел од огласите започнале уште пред да истече рокот за пријавување. Постапките биле координирани од директорот на „Искра“, Марјан Арсов, од странство преку приватна Viber група“.
Од СДСМ бараат: Итно да се поништат „срамните огласи и незаконски унапредувања. Да се разрешат сите директори кои спровеле незаконска постапка.Да се запрат партиските вработувања и унапредувања.
„Ова е срам за образованието, срам за институциите, срам за државата. Наместо квалитет и независност, добиваме партиска приватизација на институциите, на штета на учениците, наставниците и сите граѓани.