Контакт

Регион

„Како мајка не можам ниту да изговорам што мислам дека ѝ имаат направено“: Отовиќ-Пјановиќ за потрагата по телото на Данка

Објавено пред

Поминаа неколку дена откако Србија ја погоди веста дека во Бањско Поле кај Бор е убиена малата Данка Илиќ (2).

dobivaj vesti na viber

Нејзиното тело сè уште не е пронајдено. Еден настан што се случи во меѓувреме ја комплицира ситуацијата – тоа е ненадејната смрт на братот на осомничениот за убиството на девојчето, кој призна дека му помогнал на својот брат да се ослободи од телото, пишуваат српските медиуми.

Овој факт може да влијае на истрагата бидејќи тој беше еден од клучните луѓе што може да помогнат во потрагата по телото на Данка, анализира „Блиц“.

Медиумот пишува дека иако осомничените целосно го признале делото што го направиле, една работа останува мистерија – каде и како е скриено телото на Данка.

Полицијата денеска продолжува да ги пребарува сите локации на јкои би можело да биде телото на убиеното девојче, а полициската мајорка Бојана Отовиќ-Пјановиќ истакнува дека постојат повеќе верзии поради што осомничените не сакаат да откријат каде е телото.

„Може да направиле нешто помонструозно со телото на детето. Како мајка и човек, тешко ми е да кажам што мислам дека направиле. Не можам ни да кажам што мислам дека направиле“, изјави Бојана Отовиќ-Пјановиќ.

Полициската службеничка посочува дека сака телото на убиената Данка Илиќ да биде пронајдено што побргу за родителите да го погребаат своето дете.

„Никому не му е во прилог што поминува ден за ден, но мојата најголема желба е родителите да го најдат својот мир“, вели таа.

Посочи и дека осомничените може да одговараат за тешко убиство иако нема тело и дека се собрани доволно материјални докази.

Таа откри и во кој момент може да се запре потрагата.

„Сакам да верувам дека ќе го најдеме телото“, рече Отовиќ-Пјановиќ.

„Ова навистина не е нормално, не е природно. Немам зборови за нивните постапки, сурово е благ збор“, рече таа.

С. Ј и Д. Д, кои беа уапсени под сомнение за убиство на Данка Илиќ, беа сослушани и приведени. Д. Д. пред обвинителот го признал делото, а С. Ј. се бранел со молчење. На двајцата им е одреден притвор до 30 дена.

Регион

Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Објавено пред

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.

dobivaj vesti na viber

На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.

Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Објавено пред

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.

dobivaj vesti na viber

Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:

Прикажи повеќе...

Регион

Грција бара помош за справување со големите пожари

Објавено пред

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.

dobivaj vesti na viber

Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.

Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.

– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Uncategorized2 часа

Пожарникарите неуморно и секојдневно на терен, во едно деноноќие се гасеа 33 пожари

Во текот на изминатото деноноќие евидентирани се вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 12 се активни, пет се...

Регион2 часа

Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките...

Македонија3 часа

Чекање до 45 минути на Табановце и Пелинце, а на Богородица околу 30 минути

Со зголемувањето на летните одмори и интензивните туристички патувања, на македонските гранични премини повторно се бележат големи гужви. Најголемиот притисок...

Свет16 часа

Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации....

Македонија17 часа

Големиот пожар кој избувна попладнево во близина на Струмица е под контрола

Големиот пожар кој избувна попладнево во близина на Струмица меѓу Градските гробишта и селото Баница и зафати огромна површина и...

Македонија19 часа

Анегелов: Пожарот на Готен не може да загрози ниту едно село

На територијата на целата земја денеска има шест активни пожари, а најтешкиот и најспецифичен е пожарот на планината Готен, на...

Свет20 часа

Најмалку 25 лица загинаа во текот на ноќта во нови напади на израелската армија врз Појасот Газа

Најмалку 25 лица загинаа во текот на ноќта во нови напади на израелската армија врз Појасот Газа, во време кога...

Македонија22 часа

За да помине граница преку ред, на полицајците од ФРОНТЕКС им кажал дека е дипломат, а на нашите полицајци им рекол дека им е колега, уапсени двајца скопјани на Табановце

Вчера на Граничниот премин „Табановце“, на влез во државата, полицијата ги упаси С.С. (59) и Б.А. (55), двајцата од Скопје...

Македонија23 часа

Овој ден буди тага, но ќе се памети и по човечноста и хуманоста, Град Скопје оддаде почит на жертвите од земјотресот

Делегација на Град Скопје предводена од градоначалничката Данела Арсовска, оддаде почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес кој пред 62 години...

Uncategorized1 ден

Го онесвестиле удирајќи го со клешти оти се сомневале дека им краде лубеници

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано...

Македонија1 ден

62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје во кој животот го загубија 1.070 лица

Скопје денеска ја одбележува 62. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го...

Македонија2 дена

Надлежните се борат со 11 активни пожари: Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Штип

Според најновите информации, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор. Од нив, 11 се сѐ...

Македонија2 дена

(Видео) Грета Тунберг по Тетово стигна во Скопје, ќе дискутира за империјализмот и ќе протестира за спас на Дошница

Еко-активистката Грета Тунберг преку видео-обраќање на Инстаграм соопшти дека се наоѓа во Скопје и дека ќе учествува на неколку настани...

Македонија2 дена

Се’ уште се трага по девојчето кое го одвлече Вардар – 29-годишната соселанка се обидувaла да го извлече од водата

Прпиадници на полицијата, армијата, нуркачи, кајакари се во интензивна потрага по 16-годишното девојче од селото Уланици, Градско, кое вчера беше...

Топ2 дена

Влегол на Онкологија и крадел од пациентите – притвор за 60-годишник

Скопското Обвинителство поведе постапка против 60-годишник осомничен за тешка кражба. Кражбата ја извршил на Клиниката за радиотерапија и онкологија, каде...

Македонија2 дена

Мицкоски: Ќе ме прогласат за конзервативен, но за мене создавањето семејство е патриотизам, следната година ќе има поробусна акција од сегашната

Уште поробусна акција за подобрување на демографската слика на земјава најави премиерот Христијан Мицкоски за следната година во споредба се...

Македонија2 дена

Со 130 илјади евра ќе се спасува инвестицијата на Калето од 4,6 милиони евра: од 2026 музеите ќе бидат пуштени во употреба

Стотина сезонски работници од општините Кисела Вода, Бутел, Ѓорче Петров, Аеродром и Гази Баба утрово ја искосија тревата и ги...

Топ2 дена

55-годишен скопјанец пронајден починат во водите на Охридското Езеро

Вчера во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано...

Македонија2 дена

Коцевски ги отфрла наводите во интерпелацијата: Функцијата ја вршам чесно и одговорно

Функцијата ја вршам чесно и одговорно, со максимално почитување на начелата на транспарентност и отчетност, одговори јавниот обвинител Љупчо Коцевски...

Македонија2 дена

Претседателката на антикорупциската, Татјана Димитровска, поднесе оставка

Кабинетот на претседателот на Собранието информира дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денес до...