Македонија
Мицкоски: Македонија повторно твоја значи крај на сиромаштијата, инфлацијата, криминалното судство и заробената држава
Вашиот глас одлучува и само вие можете да ја испорачате одлуката која значи крај на најлошото владеење во историјата на Македонија, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашниот митинг во општина Битола во рамки на претседателски избори.
Мицкоски додаде дека е време да се врати надежта и повторно да се обнови Македонија.
„Време е да ја вратиме надежта и повторно обновиме Македонија. Можеме и мораме Македонија да ја направиме повторно гордо. Тоа е она чувство кога се чувствувате посебно задоволни од колективните успеси, се радувате на развиореното знаме, заедничките победи во спортот, науката. Поединците кои не учат дека имаме што да му подариме на светот“, порача тој.
Претседателот Мицкоски изјави дека Македонија повторно твоја е за да се победи сиромаштијата, за зауздување и топење на инфлацијата која овде е најголема во Европа, како и крај на заробената држава и криминалното судство и правда.
„Македонија повторно твоја е да ја победиме и сиромаштијата. 600 илјади луѓе живеат со само 160 денари на ден, а над 80 илјади луѓе живеат во екстремна сиромаштија со само 60 денари на ден. Македонија повторно твоја значи и зауздување и топење на инфлацијата која овде е најголема во Европа. Инфлацијата го изеде секое покачување на платите“, рече Мицкоски.
Македонија повторно твоја, како што рече, значи да дојде крај на заробената држава, на криминалното судство и правда.
Мицкоски нагласи дека Македонија повторно твоја значи и одговорност , укажувајќи дека овие избори се последната шанса за спас на Македонија, како и дека од сите граѓани зависи иднината.
„Македонија повторно твоја значи и одговорност, и ви велам таа ќе дојде. Заедно мораме да победиме и оваа е последната шанса за спас на државата. Од Вашата одлука зависи каква иднина ќе има Македонија“, вели Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Партијата Левица со Иницијатива во Град Скопје за чекор кон енергетска независност и крај на скапата струја
„Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за формирање на градско енергетско претпријатие „Енергија Скопје“ ДООЕЛ, чија цел е Градот Скопје конечно да ја намали зависноста од скапото купување електрична енергија и да обезбеди сопствено производство од обновливи извори“, известуваат од Левица.
„Градот Скопје и јавните претпријатија во моментов плаќаат огромни износи за струја.
Наместо средствата да се трошат на комунални услуги, инфраструктура и подобар јавен превоз, тие завршуваат во надворешни снабдувачи.
Со ова решение, Градот ќе може сам да произведува дел од потребната електрична енергија, да ги снабдува своите институции по минимални цени и да продава вишок на пазарот, со што ќе обезбеди нови приходи.
Ова е стратешки проект кој обезбедува долгорочна стабилност и независност, а не краткорочна мерка.
Градот има огромен неискористен потенцијал, кровови, објекти и локации каде може да се развијат фотоволтаични централи и системи за складирање енергија.
Затоа очекуваме мнозинството во Советот, предводено од ВМРО–ДПМНЕ, да ја поддржи иницијативата ако навистина им е приоритет јавниот интерес. Ова не е партиска идеја, ова е решение кое му користи на целиот град.
Одбивањето на оваа иницијатива би значело дека некој става политички интерес пред интересот на скопјани, и дека не се сака долгорочно решение за намалување на трошоците, модернизација и енергетска независност.
Левица ќе продолжи да предлага системски и развојни проекти со кои Градот ќе стане финансиски постабилен, енергетски ефикасен и поеколошки“, се наведува во соопштението на Левица.
Македонија
Без струја денеска дел од Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Струшка бр.7А (општина Карпош)
Македонија
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат денес (над 25 l/m² за 24 часа). Денеска на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а во некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег. Од денеска ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

