Црна хроника
Кривична против полицаец од Прилеп за несовесно работење во службата
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против П. Б., полициски службеник во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата по член 353 в од Кривичниот законик, извести МВР.
„На 13.11.2020 од Полициското одделение Ропотово до Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп бил доставен службен материјал во врска со одземено товарно возило по што пријавениот го примил, но не го задолжил на друг полициски службеник, иако со усна наредба од началникот на НККР Прилеп бил задолжен да ја прима поштата и да ја распоредува на полициските службеници. На тој начин П. Б. овозможил против лицата, за кои постоело сомнение дека сториле кривично дело, да не биде поднесена соодветна кривична пријава и нанел штета на угледот на Министерството за внатрешни работи“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

