Спорт
Аргентинска фудбалерка била претепана и задавена од поранешниот сопруг

Аргентинската фудбалерка Флоренсија Гињазу била пронајдена мртва во својот стан откако била претепана и задавена од нејзиниот поранешен сопруг Игнасио Агустин Ното.
Соседите сфатиле што се случило кога на еден од прозорците од куќата прочитале натпис „јавете се на 112, децата се сами“. Државниот печат пишува дека убиецот ја напишал пораката пред да изврши самоубоство.
Децата, две момчиња на возраст од седум и пет години, играле плејстејшн во дневната соба додека нивните родители се расправале во другата каде што се случила трагедијата.
Еден од соседите кога ја прочитал порката на прозорецот повикал полиција, која ја скршила вратата од спалната соба и ја пронашла фудбалерката на подот во локва крв.
Гињазу, играла фудбал за клубот Атлетико Аргентино, кој изрази сочувство до семејството и пријателите.
Оштетената пред пет месеци поднела пријава против поранешниот сопруг …
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Јапонија против Бразил од 0:2 до 3:2

Фудбалерите на Јапонија по пресвр го победија Бразил (3:2), во пријателски натпревар одигран во Токио.
Јапонците успеаја пред околу 50.000 свои навивачи да го надоместат дефицитот од два гола од првото полувреме и за прв пат во историјата да забележат победа над „селесао“.
Карло Анчелоти малку ги измеша картите, но без оглед на тоа, „кариоките“, дојддоа до предност преку Пауло Енрике и Габриел Мартинели.
Во 26-та минута, Енрике го постигна првиот, а Мартинели постигна гол шест минути подоцна по асистенција од Лукас Пакета.
Катастрофалната реакција на Фабрицио Бруно во 52-та минута ја искористи Такуми Минамимо и со тоа ја врати Јапонија во натпреварот.
Јапонците не застанаа тука, а двоен асистент беше Ито, кој влезе како резерва во вториот дел.
Прво, во 62-та минута, го пронајде Кеито Накамура, а потоа во 71-та минута изведе корнер, по што Ајасе Уеда го комплетира пресвртот.
За потсетување Јапонија и Бразил обезбедија учество на Светското првенство во 2026 година.
Спорт
Левандовски ќе го пропушти „Ел Класико“

Фудбалерот на Барселона, Роберт Левандовски, ќе мора да паузира поради повреда на бутниот мускул на левата нога.
Левандовски (37) се повреди во неделната победа на полската репрезентација над Латвија (2:0), во која постигна и гол.
„Левандовски има повреда на тетивата на левата бутина. Тој е надвор од теренот, а времето на неговото закрепнување ќе зависи од брзината на закрепнувањето од повредата“, се вели во соопштението на Барселона.
Не се познати многу детали за тоа колку долго ќе отсуствува полскиот напаѓач, но медиумите шпекулираат дека паузата ќе трае помеѓу три и шест недели.
Извесно е дека Левандовски ќе го пропушти претстојното „Ел Класико“ против Реал, закажано за 26 октомври во Мадрид.
Спорт
Уште еден Адетокунбо потпиша договор со Милвоки

Милвоки стана првиот НБА тим во историјата кој има тројца браќа под договор. Тоа се Јанис, Танасис и Алекс Адетокунбо.
Бакс официјално објавија дека потпишале договор со Алекс, кој играше за Висконсин Херд, тим од Џи-лигата и подружница на Милвоки, од 2022 до 2024 година.
Сите кошаркарски експерти истакнуваат дека договорот со Алекс не е склучен за зајакнување на играчкиот кадар, туку е одредена отстапка направена кон најдобриот играч, 30-годишниот Јанис, за кој се вели дека наскоро ќе може да го напушти Милвоки.
Уште во 2013 година, Милвоки го избра Јанис како 15-ти пик на драфтот, а за грчкиот супер стар, Баксе сè уште се единствениот клуб во неговата НБА кариера. Со Милвоки, тој освои две титули за најкорисен играч и ја освои титулата во НБА во 2021 година.
Сепак, во последните години, Бакс редовно беа елиминирани во првото коло од плејофот на Источната конференција. Ова, како што тврдат медиумите го тера Јанис да размислува за преселба во некој друг клуб.
24-годишниот Алекс ја започна својата професионална кариера во Мурсија, а во последната година член на Будуќности од Подгорица, ПАОК и Арис. Најстариот брат, 33-годишниот Танасис, е член на Милвоки од 2019 година.