Македонија
Мицкоски до Ковачевски, Пендаровски и Ахмети: Ве чека таков пораз што ќе ви зујат ушите од шлаканицата што ќе ви ја испорача народот
Живееме во тешко време. Македонија се помалку ја има. Народот ја загуби контролата над сопствената држава. Институциите повеќе не служат на народот. Се чека за пасоши, лични карти, за документи кои му следуваат на народот. Овој проблем го препуштија да го решава ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски, додека во секоја друга сфера има подеднакво назадување, вели Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг во Куманово во рамки на претседателската кампања.
Мицкоски потенцираше дека во секој сегмент состојбата е катастрофална.
Во здравството докторите и медицинскиот персонал протестираат. Доколку сакате било која здравствена услуга или ќе мора да платите или да побарате врски. Ако не е така ќе мора да чекате по ходници, ќе ве маткаат со процедури, додека не се откажете. Животниот стандард е под секое ниво. Платите не стигаат ни за половина месец. Трошоците се зголемуваат, а платите недоволно растат. Од друга страна колку повеќе народот осиромашува, толку повеќе се богати кликата на власт. Криминалот цвета. Корупција насекаде, правда никаде, рече тој.
Мицкоски укажа дека јавното обвинителство и судството се под контрола на тандемот СДСМ и ДУИ, како и дека Груби и компанијата од ДУИ се господари на Македонија.
И Јавното обвинителство и судството е под строга контрола на тандемот СДСМ-ДУИ. Тие си ги редат првите луѓе и тие управуваат со газење на правдата и кршење на законите. Проблемот е што ДУИ е газдата во државата, и нашите, вашите судбини зависат од стотина души на ДУИ кои контролираат се. Артан Груби и компанијата се господари на Македонија, но и одговорни за колективниот грабеж и сиромаштија. Главниот стопан е Али Ахмети, со измеќар Ковачевски кој за да ја задржи фотелјата се му исполнува на Али. Велат дека ДУИ никогаш немал подобар партнер за власт како СДС, смета Мицкоски и додаде:
Што и да им побарале, не добивале сто проценти, туку дупло- 200 посто. И затоа е и сега нервозата во ДУИ, зошто знаат по овие избори ниту ќе имаат власт, ниту пак ќе имаат измеќари како СДС. Државата е притисната со незнаење и неспособност. Сте слушнале ли дали Ковачевски некогаш кажал лош збор за ДУИ? Сте слушнале ли Пендаровски да каже критика или осуда за некаков криминал на ДУИ? Нема такво нешто. Затоа што знае дека ако ја кажат вистината за ДУИ нема да има влада, ниту поддршка во вториот круг од изборите за Стево.. ете толку им е скапа Македонија. Колку за еден тендер за тендер во РЕК или најмен подизведувач за автопатиштата што требаше да ги гради Бехтел и Енка. Толку им чини родољубието за татковината. Се продаваат за ситни грошови што им ги дава Артан Груби и си играат со судбината на сите. На тоа мора да се стави крај.
Мицкоски потенцираше дека ова се избори кога народот мора да ја преземе државата и да ја врати контролата во свои раце.
Затоа ова се избори кога народот мора да ја преземе државата и да ја врати контролата во свои раце. Ова се и избори кои ќе испратат граѓаните порака дека луѓето се на прво место. Избори во кој секој еден од вас треба да одлучи за себе, за своите најблиски, за своето семејство. Таа промена зависи од вашата одлука на изборите. Македонија е многу повеќе на народот, отколку на Али, Груби и Ковачевски. Ги чека таков пораз што ќе им зујат ушите од шлаканицата што ќе им ја испорача народот прво на 24 април па на 5ти мај, порача Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

