Спорт
(Видео) Без победник завршија спектакуларните натпревари во Мадрид и Лондон
Првите четвртфинални натпревар во Лигата на шампионите, во Мадрид и Лондон понудија спектакуларен фудбал, особено тоа се однесува на пресметката меѓу најтрофејниот клуб во ова натпреварување Реал Мадрид и актуелниот шампион Манчестер сити.
Реал и Сити ремизираа 3:3 во натпревар со два пресврти и три спектакуларни гола.
Бернардо Силва го шокираше Реал по само 120 секунди игра. Итро го изведе слободниот удар, сите очекуваа центаршут, а Португалецот упати директен удар кон голот и го изненади Лунин.
Реал брз се врати по почетниот шок, направи пресврт за само две минути. По ударот на камавинга во 12.минута, топката удри во Рубен Дијаш и заврши зад грбот на Ортега, а две минути подоцна Родриги ја претча одбраната на Сити и го постигна вториот гол.
До крајот на првиот дел Реал имаше неколку добри шанси, кои не успеа да ги искористи.
Вториот дел започна со инцијатива на Сити, додека намерата на Карло НАчелоти беше Реал да бара шенси преку брзите контри.
Таквата определба на Анчелоти не ебеше добра. Сити со две добри акции постигна два спектакуларни гола, најпрвин Фоден во 66., а потоа и Гвардиол во 71. минута. Реал од пораз го спаси Валверде кој фати волеј по центаршутот на Винисиус во 79.минута.
Арсенал не успеа да оствари предност над Баерн. „Топџиите“ од пораз ги спаси Тросар со голот во 79.минута.
Претходно Арсенал поведе преку Сака во 12.минута, а Баерн до 32. направи пресврт со головите на Гнабри и Кејн од пенал.
Реваншите во Манчестер и Минхен на програмата се наредната среда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Македонија со пораз од Данска го започна Европското првенство
Ракометната репрезентација на Македонија, со пораз го започна настапот на 17-то Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Во првото коло, во Б групата, Данска ја победи Македонија 36:24 (17:12).
Македонските репрезентативци, во Хернинг, дадода се од себе, но Данска го демонстрираше својот квалитет и покажа зошто е најдобриот тим во светот.
Македонија се држеше во првото полувреме, најмногу поради тактички добрата игра во нападот, одбраната не можеше да ги задржи ѕвездите на данската селекција.
Десет минути беше нерешено, а потоа Данците со молскавична серија 5:0 се одвоија на 8:3. Успеа Македонија да фати каков таков приклучок, намали на три гола и не реализира напад за минус два. На крајот првиот дел заврши 17:12.
Во вториот дел Данците го засилија темпото во одбраната, во првите 15 минути Македонија тешко доаѓаше до чисти позиции. Данците стекнаа двоцифрена предност и забележаа очекувана победа.
Најефикасни играчи во македонската репрезентација беа Серафимов со шест, односно Кузмановски и Митев со по четири гола. Најдобрите Данци, Питлик и Гидсел со девет осносно осум гола ја предводеа својата репрезентација.
Второто коло во Б групата на програмата е в недела, Македонија од 18 часот ќе игра против Португалија, а од 20.30 Данска ќе се соочи со Романија.
Foto/ EPA
Спорт
Тер Штеген пред трансфер во Џирона
Марк-Андре тер Штеген ќе ја напушти Барселона до крајот на преодниот рок. Германецот мора да брани доколку сака да биде во германската селекција на Мундијалот во САД, Мексико и Канада.
Според шпанските медиуми, речиси сè е договорено, германскиот голман да се пресели во Џирона. Тер Штеген ги прифатил условите, а сè што останува е клубовите да ги дефинираат деталите за позајмицата.
Тер Штеген го загуби местото како прв голман со доаѓањето на Џоан Гарсија, а се мачеше и со повреди во претходниот период.
Бидејќи сè уште има што да покаже, логичниот следен чекор беше да ја напушти Барса, засега само привремено, а ќе видиме на лето кои ќе бидат следните чекори.
Foto/ depositphotos
Спорт
Скандал на ЕП во ватерполо – Покрената е истрага поради обложување
Неколку ватерполисти од репрезентацијата на Малта се под истрага поради сомнение дека се обложувале на гол-разликата на натпреварот од Европското првенство против Црна Гора во Белград.
Информацијата ја објави порталот „Тајмс оф Малта“. Според истиот извор, по повод настанот е покрената истрага, а повеќе детали ќе бидат познати во наредните денови.
Селекцијата на Црна Гора го доби споменатиот дуел од групната фаза со резултат 21:12. Малта беше поразена во Белград од Франција (22:13), Унгарија (21:6), а денес во битката за пласман од 13-то до 16-то место го победи Израел 16:15.
Foto/ EPA

