Свет
Хамас: Немаме 40 живи израелски заложници за размена

Хамас соопшти дека во моментов не може да идентификува и пронајде 40 израелски заложници потребни за првата фаза од договорот за прекин на огнот, според израелски функционер и извор запознаен со преговорите, што може да значи дека повеќе заложници се мртви отколку што се знае.
Преговарачите побараа Хамас да ослободи 40 заложници во текот на првите шест недели од прекинот на огнот; вклучувајќи ги сите жени како и болните и постарите мажи. Во замена, Израел ќе ослободи стотици палестински затвореници од затвор.
Хамас им порача на меѓународните посредници, вклучувајќи ги Катар и Египет, дека нема 40 живи заложници кои ги исполнуваат горенаведените критериуми. Извор запознаен со преговорите изјави за Си-Ен-Ен дека во текот на повеќемесечните преговори по последниот прекин на огнот, Израел постојано барал список на заложници.
Хамас рече дека е потребен прекин на огнот за да може да ги пронајде и собере заложниците, истиот аргумент што го даде во ноември пред еднонеделниот прекин на огнот кој заврши откако Хамас не предаде дополнителни затвореници.
Кабинетот на израелскиот премиер денеска соопшти дека 33 од 129-те заложници од нападот на 7 октомври загинале. Преживеаните заложници се сместени со различни членови и фракции на Хамас, како и со други милитантни групи.
Се верува дека повеќето од речиси 100-те заложници кои останале живи се машки членови на израелската армија. Хамас најверојатно ќе се обиде да ги замени во подоцнежните фази од преговорите, кога ќе бараат позначајни отстапки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Се нуди награда од 50.000 долари за осомничен за двојно убиство во Минесота

Американските власти во Минесота и натаму трагаат по 57-годишниот Венс Лутер Бетлер, осомничен за убиство на демократската пратеничка Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг, како и за ранување на сенаторот Џон Хофман и неговата сопруга.
Државното Биро за кривични дела на Минесота објави дека Бетлер е висок 195 см, тежи околу 100 килограми, има кафеава коса и очи, и последен пат бил виден вчера во Минеаполис, облечен во светол каубојски шешир, темна кошула со долги ракави и светли панталони, носејќи темна торба.
– Не знаеме дали има соучесници, можно е да бил со други лица. Сакам да ги сослушаме сите што можеби биле во контакт со него, изјави полицискиот претставник Дру Еванс.
ФБИ објави фотографија од Бетлер како стои пред домот на еден пратеник маскиран како полицаец, и понуди награда од 50.000 долари за информации што ќе доведат до негово апсење и осуда.
Бетлер живее во округот Сибли, близу градот Грин Ајл, и работи како директор за безбедносни патроли во приватна фирма. Во минатото бил генерален менаџер во синџир продавници и фабрика за храна.
Во 2016 година бил назначен од тогашниот гувернер Марк Дејтон за претставник од приватниот сектор во Советот за развој на работната сила, организиран од гувернерот. Во истиот совет членувал и сенаторот Хофман, жртвата на нападот.
Засега не е јасно дали Бетлер и Хофман имале лична поврзаност.
Американските власти нападите ги опишаа како „чинови на политичко насилство“.
Свет
Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран

Германија, Франција и Велика Британија се подготвени веднаш да започнат разговори со Иран околу неговата нуклеарна програма во обид да се намали тензијата на Блискиот Исток, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул.
– Се надевам дека ова сè уште е можно, изјави Вадефул за германската јавна телевизија АРД, додавајќи дека Техеран претходно ја пропуштил можноста за конструктивни разговори.
Тој нагласи дека деескалацијата и долготраен мир во регионот се можни само ако Иран престане да биде закана за регионот, Израел и Европа.
Свет
Еден загина откако се урнаа два воздушни балони над долината Ихлара, дел од познатата туристичка област Кападокија

Два воздушни балони се урнаа во централна Турција, при што загина најмалку едно лице, а 19 се повредени, јави турската државна телевизија ТРТ.
Загинатиот бил еден од лицата што управувале со балоните.
Несреќата се случила при лет над долината Ихлара, дел од познатата туристичка област Кападокија, која е позната по балонските летови и живописниот пејзаж.