Контакт

Свет

Украинската термоцентрала целосно уништена од руското гранатирање, четворица цивили загинаа

Објавено пред

Во денешните напади Русија целосно ја уништи термоцентралата „Трипилска“ во Киевската област, објави шефот на надзорниот одбор на „Центренерго“, Андри Хота. Четворица цивили загинаа, а петмина се повредени во руски ракетен напад во градот Миколаев, соопшти Јужната команда на украинската армија.

dobivaj vesti na viber

Тој додаде дека сите вработени го преживеале гранатирањето и дека во моментот се работи на локализирање на големиот пожар во електраната, пренесува украински „Униајн“. ТЕ „Триплиска“ е најголема во регионот на Киев, а компанијата „Центренерго“ е најголем снабдувач на електрична енергија во регионите Киев, Черкаси и Житомир.

Во текот на утрото Русија изврши напад врз енергетската инфраструктура во регионите Харков, Запорожје, Лавов и Киев, соопшти украинскиот министер за енергетика, Херман Халушенко.

Како резултат на тоа, повеќе од 200.000 корисници останаа без струја во регионот на Харков.

Во објава на социјалната мрежа „Телеграм“ се наведува дека биле оштетени и станбени згради и автомобили во околината. Евидентирани се и штети на индустриски објекти, а во тек е дополнителна истрага за последиците од нападот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Фон дер Лајен: Смртта на Синвар значително го ослабува Хамас

Објавено пред

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен оцени дека убиството на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, кој се смета за еден од главните организатори на нападите врз Израел минатата година, значително ќе го ослабне Хамас.

dobivaj vesti na viber

„Неговата смрт сигурно значително го ослабува Хамас“, изјави Фон дер Лајен на прес-конференција, по самитот на лидерите на ЕУ во Брисел.

Таа го опиша Синвар како водач на терористичка организација кој бил „мозок“ на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година, пренесува „Политико“.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, рече дека Синвар е „одговорен за страдањата на луѓето во Газа поради неговите постапки“ како еден од главните организатори на нападот на Хамас врз Израел минатата година.

Фон дер Лајен и Мишел повикаа и на прекин на огнот во Појасот Газа, каде според проценките на ОН, речиси два милиони луѓе се соочуваат со „екстремно критични“ нивоа на глад како резултат на израелската воена офанзива.

Неколку западни лидери во четвртокот, по убиството на Синвар, повикаа на ослободување на заложниците и крај на војната во Појасот Газа и повторно го осудија нападот врз Израел на 7 октомври минатата година.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте изјави дека „нема да му недостига“ водачот на милитантите, додека францускиот претседател Емануел Макрон рече дека земјата бара ослободување на сите заложници кои се уште се во Газа, пренесува Танјуг.

Потпретседателката на САД и демократска кандидатка за претседател на САД, Камала Харис оцени дека овој момент нуди шанса да се стави крај на војната во Појасот Газа.

Хамас уби околу 1.200 луѓе во нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година и зеде околу 250 заложници во Појасот Газа, по што Израел започна офанзива во која загинаа повеќе од 40.000 Палестинци, според Министерството за здравство на Газа.

Прикажи повеќе...

Регион

Нови пријави за бомби во училиштата во БиХ

Објавено пред

Католичкиот училишен центар во Зеница беше евакуиран откако училишната управа доби закана за бомба. Заканите што доведоа до хаос во училиштата во Сараево, се проширија и надвор од главниот град на Босна и Херцеговина.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на полицијата на Зеничко-добојската жупанија Самир Валентиќ потврди дека информацијата за поставената бомба стигнала нешто по осум часот.

„После тоа, полицајците ги евакуирале сите ученици и започнале антидиверзантска увид“, изјави Валентиќ.

Речиси во исто време, закани за бомби пристигнале и во две училишта во Сараево, па морале да ја прекинат наставата и таму, а учениците биле евакуирани.

Претходно оваа недела, сараевската полиција идентификуваше и приведе тројца малолетници за кои беше откриено дека испраќале закани до училиштата.

Еден од нив, како што е откриено во текот на истрагата, дури 49 пати испратил закани за бомба по електронска пошта.

По кривичната постапка, тој е предаден на Обвинителството на жупанија Сараево. Потоа обвинителот му предложи на судијата за малолетници на Општинскиот суд во Сараево да му одреди едномесечен притвор поради сомнение за сторени кривични дела загрозување на сигурноста и лажно пријавување.

Прикажи повеќе...

Свет

Шефот на СЗО: Речиси сите во Газа се гладни

Објавено пред

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) изјави дека речиси сите во Појасот Газа се гладни, нарекувајќи ја ситуацијата „нехумана“, пренесува „Anadolu“.

dobivaj vesti na viber

„СЗО повикува на итен пристап до сета хуманитарна помош, почнувајќи од храна и лекови за тешко неухранети деца на кои им е потребен итен третман“, напиша Тедрос Аданом Гебрејесус на X.

СЗО продолжува да повикува на прекин на огнот, бидејќи „најдобар лек е мирот“, додаде тој.

Од 2006 година, Израел ја одржува блокадата на Газа, претворајќи го регионот во она што многумина го опишуваат како најголемиот затвор на отворено во светот.

Израел ја продолжи офанзивата врз Газа по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври минатата година, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН која повикува на итен прекин на огнот.

Оттогаш, според локалните здравствени власти, повеќе од 42.400 луѓе, главно жени и деца, се убиени, а повеќе од 99.100 се повредени.

Израелскиот напад го расеал речиси целото население на Појасот Газа поради тековната блокада што доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови, пренесуваат медиумите.

Израел се соочува со обвинение за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во Газа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

(Видео) СДСМ бара разрешување на Христовски од АНБ: „Тој е партиски кадар и пропагандист на ДПМНЕ“

„Со назначувањето на Бојан Христовски власта на Мицкоски и ДПМНЕ прави опасна партизација на Агенцијата за национална безбедност и ги...

Македонија28 минути

Со нови сведоци, продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче

Денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Како и претходно...

Европа2 часа

(Видео) Се преврте автобус во Турција, шест лица загинаа

Најмалку шест лица загинаа, а 25 се повредени при превртување на туристички автобус во Аксарај, Турција. Туристичкиот автобус од непозната...

Свет3 часа

Како Израел го пронајде и уби лидерот на Хамас

Израелската војска повеќе од една година трага по лидерот на Хамас, кој исчезна во Газа набргу откако го организираше масакрот...

Свет4 часа

Турски министер: Евентуалната војна меѓу Израел и Иран е сериозна закана за регионот

Министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан изјави дека евентуална војна меѓу Израел и Иран треба да се смета...

Свет4 часа

Ким Џонг-ун: Јужна Кореја е странска и непријателска земја

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека Јужна Кореја е странска и непријателска земја, објавија државните медиуми. Забелешките доаѓаат еден...

Свет5 часа

(Видео) Израелците веат знамиња и танцуваат на улиците, смртта на лидерот на Хамас се славеше и на плажите

Убиството на Јахја Синвар, првиот човек на Хамас, предизвика прослави на улиците на Израел. Граѓаните блокираа улици во Израел. Неколку...

Свет5 часа

(Видео) Снимени последните моменти на првиот човек на Хамас, фрли стап кон дронот

Израел објави дека Јахја Синвар, првиот човек на Хамас, е убиен во Рафа во Појасот Газа. Израелците тврдат дека цел...

Скопје19 часа

Град Скопје: Суетата на Мицкоски е поважна од потребите на граѓаните, одлуката да не се доделат средства за проектите ја потврдува секташката ментална состојба на владата

Одлуката на Владата да не додели средства за проектите за кои аплицираше градот Скопје уште еднаш ја потврдува секташката ментална...

Топ19 часа

(Видео) Уапсени 13 лица за проституција и дрога во Тетовско и Охрид, едно лице е во бегство

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР заедно со истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК, а под...

Македонија19 часа

Јакимовски до Јаневска: И се извинувам што ја нареков „северџанка“, мора да разговараме и заедно да обезбедиме услови за нормално функционирање на училиштата во Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски јавно и се извини на министерката за образование Весна Јаневска затоа што вчера ја...

Македонија22 часа

Струмица не доби пари оти конкурирала со веќе почнат проект, Мицкоски апелира до 16 ноември да поднесат нови проекти

Четирите локални самоуправи што не добија пари од унгарскиот кредит, Струмица, Град Скопје, Сарај и Теарце, до 15 ноември може...

Македонија22 часа

Филков ја разбира нервозата на Лога: Понатамошниот дијалог ќе се одвива пред надлежните органи

Министерот за правда, Игор Филков, стои зад вчерашните изјави дека неговиот претходник, Кренар Лога, пред да замине од функцијата со...

Топ22 часа

МВР го објави идентитетот на загинатите во сообраќајката кај Катланово, сите се велешани

Три лица загинаа на лице место во сообраќајната несреќа што се случи вчера на  автопатот Скопје – Велес, пред тунелот...

Македонија23 часа

Минчев: Сакаме да создадеме јавна администрација која ќе ги задоволи потребите на граѓаните

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, учествуваше на првата трибина во рамките на Платформата „100 oтсто Посветено за тебе“, одржана...

Македонија23 часа

Таравари за случајот со починатото бебе: Докторите направиле превид, директорите да преземат мерки

Немам ингеренции да избркам некого од работа, но инсистирам директорите на Детската клиника и на болницата „Козле“ да преземат мерки...

Топ1 ден

Жител на Кочани осомничен за насилство: во училиштен двор удирал дете со тупаници, подоцна со клоци нападнал полицаец

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против 24-годишник за кого постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела – Насилство...

Економија1 ден

Внимавајте на платформите што нудат брза заработка и вложувања во крипто, апелираат надлежните во Македонија

Во период на зголемени рекламни активности на социјалните мрежи поврзани со т.н. „платформи за остварување на брза заработка преку интернет“,...

Свет1 ден

Северна Кореја ја прогласи Јужна Кореја за непријателска земја: комуникацијата е прекината, патните и железничките врски целосно блокирани

Северна Кореја ја прогласи Јужна Кореја за „непријателска држава“ и потврди дека ја прекинала комуникацијата со таа земја, објави утринава...

Свет1 ден

Нетанјаху: Најмодерното руско оружје пронајдено во базите на Хезболах во Либан

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека израелските сили пронашле „најмодерно руско оружје“ за време на претресот на базите на Хезболах...