Македонија
Мицкоски: Пендаровски се препелка на митинзи, за дуел со мене треба да е претседател на СДСМ

За Пендаровски да дебатира со мене потребно е тој да е претседател на СДСМ, и да се извини на професорката Гордана Силјановска Давкова за навредите упатени на јавна цена а потоа нема никаков проблем да дебатира на било која тема. Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, прашан за поканата на Пендаровски да се соочат на дуел.
„Пендаровски го гледам по митинзите како се препелка, се пресметува со сите практично и во ред, тоа е негов начин на водење кампања претпоставувам. Ковачевски не би сакал да го коментирам бидејќи го нема, човекот исчезна, а Пендаровски за да дебатира со мена најпрво треба да биде претседател на СДСМ, СДСМ да биде наскоро најголема опозициска партија и јас му стојам на располагање во било кое време за било која дебата, ќе избере медиум, ќе избере време, ден и немам никаков проблем да дебатирам. Но сега треба да се завршат овие претседателски избори“, рече Мицкоски.
Тој е уверен дека Пендаровски ќе доживее силен пораз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сообраќајот на патот Градско – Прилеп во прекин

Поради случена сообраќајна незгода, патот Градско – Прилеп е во целосен прекин, информира АМСМ.
„Поради товарно моторно возило сообраќајот е попречен на експресниот пат Градско према Прилеп (односно према село Дреново), сообраќајот е во целосен прекин и се одвива по стариот пат низ село Росоман“, велат од АМСМ.
Македонија
Почнува реновирањето на Клиниката за гинекологија

Премиерот, Христијан Мицкоски, утре ќе присуствува на почеток на комплетно реновирање и реконструкција на амбулантите, лабораториите и специјалистичките кабинети на Клинички центар „Мајка Тереза“ ЈЗУ УК Гинекологија и акушерство во Скопје.
Од Владата информираат дека реконструкцијата е во износ од 29.000.000 денари со што, како што пишува во соопштението, ќе се создадат услови за поефикасна дијагностика и лекување на пациентите.
Македонија
Утре облачно време, попладне дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето во следните денови ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, особено во деновите од викендот.