Спорт
(Видео) Само Дончиќ не учествуваше во провокацијата од Далас кон Јокиќ
НБА лигата им забрани на кошаркарите на Далас Маверикс им беше забрането да носат маици со натпист „Вистински МВП“ за време на официјалниот дел од натпреварот против Мајами Хит.
Маверикс пред неколку дена ја започнаа кампањата „Вистински МВП“ во која на секој можен начин се обидуваат да го турнат Лука Дончиќ кон МВП титулата.
Секое видео или фотографија поврзана со Дончиќ обработено од тимот кој е задолжен за објавите на социјалните мрежи на Маверикс, во горниот лев агол го става натписот „Вистинскиот МВП“, а потоа се објавува на платформи како Фејсбук, Инстаграм, Твитер…
Далас Маверикс на секој начин се обидуваат да го промовираат Дончиќ и да го турнат кон МВП наградата, па кошаркарите пред натпреварот против Мајами на загревањето носеа маички со споменатата парола.
Играчите сакаа да ги носат дресовите на клупата, во текот на натпреварот, но НБА не им го дозволи тоа, откри Пи Џеј Вашингтон.
„Се обидовме да ги носиме во текот на натпреварот, но не ни дозволија“, изјави играчот на Далас.
Слоганот на Далас е на српски, а не на англиски бидејќи прв фаворит за МВП наградата е Никола Јокиќ. На овој начин од Далас се обидуваат да го испровоцираат центарот на Денвер.
Јокиќ оваа сезона има просек од 26,6 поени, 12,4 скока и девет асистенции, додека Дончиќ има 33,9 поени, 9,2 скока и 9,8 асистенции, Денвер е прв на Западот, а Далас е на петтото место.
Whole team is wearing “Pravi MVP” shirts. Other than Luka pic.twitter.com/bXmcYcGEWN
— MFFL (@Mavs_FFL) April 10, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Флик: Имам и внуци, не можам да бидам во ист клуб 10 години
Барселона и нејзиниот тренер Ханси Флик се вистински европски хит оваа есен. Германскиот тренер „кликна“ со тимот од првиот момент кога пристигна во Барселона. Сепак, Флик не сака да крева еуфорија, сака да остане со двете нозе на земја.
На прашањето дали може да се замисли во Барселона во следните 10 години, Флик даде интересен одговор.
„Да останам во еден клуб 10 години? Мислам дека не можам да останам на едно место толку долго. Имам четири внуци и тие го заслужуваат моето време пред да наполнам 70 години. Ќе видиме“, изјави Флик.
Во моментов Барселона е лидер во Шпанија и се наоѓа во добра позиција во Лигата на шампионите.
Спорт
Гвардиола ќе остане во Сити и доколку клубот биде исфрлен од Премиер лигата
Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, нема дилема дали ќе остане на клупата на тимот и ако се случи најлошото сценарио и клубот биде префрлен во понизок натпреварувачки ранг.
Сити се соочува со драконска казна поради годините работа надвор од прописите на Премиер лигата.
Во тој процес, на Манчестер сити ќе му се суди за 115 случаи на прекршување на финансиските прописи кои го регулираат деловното и спортското работење на клубовите во Премиер лигата.
Евертон еднаш беше казнет со одземање десет бода за многу помали прекршоци, па оттука многумина очекуваат лигата да ја изрече најтешката казна за „граѓаните“ досега кога станува збор за вакво прекршување на прописите.
Гвардиола, кој пред два дена го продолжи договорот со клубот и ќе остане во Сити до 2026 година, нема намера да го напушти клубот дури и ако испаднат во третата или четвртата лига.
„Го кажав тоа пред шест месеци, го кажав тоа во сите мои интервјуа. Не се работи за тоа колку е Пеп добар бидејќи го продолжив договорот. Го кажав пред шест месеци, пред една година и кога сите клубови не обвинија. Што ќе се случи доколку испаднеме? Јјас ќе останам овде. Секоја година ќе одиме погоре и погоре и ќе се вратиме во Премиер лигата. сега“, изјави Гвардиола.
Спорт
Кејн го собори рекордот на Халанд во Бундеслигата
Хари Кејн урна рекорд во Бундес лигата кој беше во сопственост на Ерлинг Халанд.
Англичанецот постигна хет-трик против Аугсбург во победата 3:0, со што стана играч на кој му требаа најмалку натпревари за да стигне до 50 гола во германското првенство.
Два добро изведени пенали и гол во петтата минута од судиското надополнување беа 48-ми, 49-ти и 50-ти за Кејн во Бундеслигата. За тој подвиг му беа потребни 43 натпревари.
На Халанд за да дојде до рекордот му беа потребни 50 натпревари. Од Бундес лигата Халанд замина со 64 постигнати гола на 62 одиграни натпревари.
Најдобриот стрелец во историјата на англиската репрезентација (69 гола на 103 натпревари) и во историјата на Тотенхем (280 гола на 435 натпревари), вториот стрелец во Премиер лигата на сите времиња (213 гола на 320 натпревари) и сега рекордер во Бундеслигата, во кариерата има постигнато 440 голови, а се уште нема освоено ниту еден трофеј.