Македонија
Ковачевски: СДСМ има јасен и конкретен план за раст на економијата, за конкурентни компании за подобар животен стандард на граѓаните
Претседателот на Социјалдемократскиот на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска одржа средба со со извршната директорката и член на Одборот на Македонија 2025, Никица Мојсовска Блажевски и претставниците од фондацијата, на која што се разговараше за моменталните економски показатели, за потребните реформи но и за идните економски мерки од програмата на СДСМ.
„Денеска заедно со поптретседателот на партијата Фатмир Битиќи и со членот на ЦО, Филип Николовски имавме средба со извршната директорката и член на Одборот на Македонија 2025, Никица Мојсовска Блажевски и претставниците од фондацијата, со дел од нивниот УО, на која што разговаравме за моменталните економски показатели, но и за идните економски мерки од програмата на СДСМ со посебен фокус на економските мерки, на соработката со дијаспората, дигитализацијата, реформите во јавната администрација и владеењето на правото и борбата со корупцијата. Јас сум економист, но за мене и за СДСМ, се секогаш важни ставовите и предлозите на економските експерти, бидејќи само на тој начин би имале ефикасни мерки и политики за развиена економиј“, рече тој.
Нашата економија, како што вели, помина низ неколку тешки кризи.
„Докажавме дека и во време на тешки кризи, секоја мерка може да има позитивни резултати, кога се работи напорно и кога се има визија.
Кога кажавме дека ќе имаме просечна плата од 500 евра, никој не веруваше, но денес, не само што го исполнивме тоа ветување, и го надминавме. Просечната плата денес е 650 евра. Тоа е 50% покачување за над половина милион наши сограѓани.
Пензиите во просек се повисоки за 6.400 денари од она што беше 2016 година и исто тоа зголемување е повеќе од 50%
Воедно што навистина не прави горди како Влада е што поддржавме 919 македонски компании со 100 милиони евра поддршка од буџетот и само преку инвестициските циклуси се отворија над 5.000 нови домицилни работни места преку половина милијарда инвестиции вкупно со она што го инвестираа приватните компании на основ на 100 милиони државната помош која беше обезбедена.
На денешниот состанок со Македонија 2025, ги разговаравме идните мерки во нашата програма кои гарантираат одржлива, иновативна и конкурентна економија“, додде Ковачевски.
СДСМ, како што истакна, има јасен и конкретен план за покренување и раст на економијата.
„Ние нема да се откажеме од идејата за пропсеритетна држава и подобар животен стандард за сите граѓани.
Планирани се 180 илајди за поддршка на домашните компании, што е за 80% повеќе од она што го добија во текот на изминатите години а исто така сакам да потенцирам дека до 2016 година таа помош изнесуваше 0. Како и 3,5 милијарди евра јавни капитални инвестиции за зајакнување на економскиот раст и развој.
Минималната плата ќе биде 600 евра, а просечната 1.100 евра до 2028 година. И пензиите ќе растат, 20. 000 денари минимална пензија и 30. 000 денари просечна пензија до 2028 година. Невработеност ќе се намали од 12% на 7% до 2028 година. Ова го сметаме за апсолутно остварливо со оглед на тоа што докажавме дека од 2016 до денес ја преполовивме невработеноста која беше 25%, а денес е 12,6%“, посочи тој.
Дополнителен позитивен импулс на економскиот раст, како што појасни ќе даде „Планот за раст во Западен Балкан на Европската Унија, кој ќе да го забрза растот во регионот и ќе ја приближи нашата држава до економските стандарди на ЕУ. Затоа и е важно да продолжиме по европскиот пат, за што се залагаме со нашата програма за европска иднина.
„Денес имаше и презентација на извештајот на Светска банка каде македонската економија се покажа врз основа на овој извештај дека во 2023 година била отпорна на сите кризи. И дека има позитивен раст на економијата, иако понизок во однос на 2022 година, но тоа е токму поради влијанието на слабиот резултат на економиите во ЕУ и на војната во Украина што многу јасно е нотирано во извештајот.
Но, нотирано е намалување на сиромаштијата, пад на инфалцијата на 3,6%, пораст на минималната и просечната плата, што навистина претставува задоволство да се чуе кога една ваква реномирана светска финансиска институција ќе даде оцена за резултатот од мерките кои сме ги преземале во изминатите 2 но и во изминатите 5 години во време на кризи.
Секако има уште многу да се работи до постигнување на целта. Свесни сме и дека во изминатите години направивме грешки и преземаме одговорност.
Но една работа направивме апсолутно правилно, ја идентификувавме визијата за нашата држава и не се откажавме од тоа во ниту еден момент. Македонија стана членка на НАТО и успешно ја водиме државата кон Европската Унија преку веќе отворените преговори и јасната преговарачка рамка. Со сегашните и со идните чекори и политики, ние, СДСМ и Коалцијата за европска иднина, сме на прав пат за исполнување на втората стратешка цел – членството во ЕУ. Северна Македонија јасно е дека нема друга алтернатива освен ЕУ, тоа е клучот за развиена економија, за подобар животен стандард, за поголема борба против коруцпијата, подобро владеење на правото, за пофункциоонално здравство, образование и за подобри услуги за граѓаните кои ги заслужуваат и какви што ги сакаат”, подвлече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ не му се извини на Томовски, тој најави дека ќе ги тужи
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска кажа дека нема да му се извинат на директорот на СОЗР, Ивица Томовски. Ова следи откако вчера СДСМ обвини дека семејната фирма на Томовски добила 161 тендери вредни 5,3 милиони евра. Тој, пак, рече дека нема никаква приватна компанија, побара извинување, а во спротивно најави тужба.
„Не, нема да му се извиниме на Томовски. Кажавме и ќе повториме, не се извинуваме на тие што пумпаат пари од граѓаните! Ние се бориме против криминалот и корупцијата и продолжуваме. Наместо извинување денеска ќе објавиме уште еден податок, уште еден факт, уште еден доказ“, рече Кузеска и додаде дека „меѓу телефонските броеви коишто се наведени во фирмата го има и бројот на Томовски“.
По ова, на Фејсбук повторно реагираше Томовски.
„Досега не чув каков криминал сум направил, ниту пак видов докази за тоа. Во тоа нивно растурање пердуви, вчера жигосаа уште една домашна компанија која не е моја, а денес јавно го објавија мојот телефонски број – број кој е познат на сите кои ме познаваат, кој го имам со години и кој е единствениот број што го поседувам, доделен пред многу години од мојот татко. На истиот тој број можеа да се јават и да се извинат, но тие одбраа да одиме по судски пат. Затоа уште еднаш повторувам: ќе одговараат, и следува тужба. „Јака“ работа завршил антикорупцискиот тим на СДСМ – го нашле мојот број што сите го знаат и е на мое име“, пишува меѓудругото во неговата реакција.
Се огласија и од ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали Венко Филипче уценувал студентки како професор барајќи неморални услуги за оценки-Можеби за ова има докази, а можеби и не. Вака отприлика звучат обвинувањата на СДС кои секојдневно ги адресираат, без докази, без аргументи и само со расфрлање на пердуви.
Ниската комуникација без аргументи единствено е својствена за Зоран Заев за кои е само непознато дали им ги праќа напишаните соопштенија на маил или од Струмица ги испраќа со автомобил на USB до Бихаќка. Многу „јаката афера“ на СДС заврши со јавно објавување на некаков телефонски број и тоа им е главниот доказ, што е голема срамота. Ги молиме за поголема сериозност и концентрација.
Трговецот од Горни Милановац нема да ја направи победничка партијата со тоа што ќе измислува и креира клевети. Очигледно СДС не научи ниту една лекција од поразот, туку Филипче реши да оди во длабокото, каде ќе се удави.
Наместо на лажливи прес-конференции тие треба да одат на обвинителна клупа. Љупчо Коцевски нема вечно да ги штити и Заев и Филипче. Ќе има одговорност за ова“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
(Видео) Милошоски: Во Македонија нема да се градат бегалски кампови
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, денеска демантираше дека Договорот за стратешко партнерство помеѓу Македонија и Велика Британија предвидува изградба на бегалски кампови во земјава.
Според него, договорот е еден од најзначајните документи што Македонија ги има постигнато со сериозна држава како Британија и предвидува заедничка соработка во инвестиции, инфраструктура, безбедност и економија.
„Со овој договор за стратешко партнерство предвидени се одредени средства со коишто ќе се гради инфраструктура во Македонија. Ќе се градат железници, автопати, здравствени и енергетски инфраструктурни проекти, но за жал на опозицијата, која се обидува да спинува, нема да се градат било какви бегалски кампови. Британија, откако излезе од ЕУ, со сите земји од Западниот Балкан, но и со самата ЕУ склучува вакви договори каде што Британија ја враќа легалната основа на Фронтекс таму каде што Македонија и земјите членки на ЕУ и земјите кандидати имаат легална основа за борба против организирана, нелегална миграција и заштита на границите. Тоа го прави Британија со овој дополнителен механзам, којшто е комплементарен со Фронтекс. Нема подобар демант за ваквите спинови на некои опозициони партии од изјавата на британскиот амбасадор, дека британско-македонскиот стратешки договор потврдува и предвидува инвестирање во инфраструктура, економија, безбедност и образование, но не предвидува бегалски кампови во Македонија. И тоа сакаме јасно да го демантираме. Сите оние кои се обидуваат оваа тема и понатаму да ја спинуваат, очигледно имаат недостаток или на визија или на проекти кои би ги понудиле како Македонија да има постабилни партнери и постабилни држави-пријатели како што е Велика Британија“, истакна Милошоски.
Претходно, „Дели мејл“ повикувајќи се на „Тајмс“ пренесе дека Британија би можела да депортира одбиени баратели на азил во Северна Македонија според планот за отворање „центри за враќање“ на Балканот. Според извештаите, земјата влегла во формални разговори со Обединетото Кралство во текот на есента за да биде домаќин на мигрантски „центар за враќање“.
Според предлогот, за кој јавуваат британските медиуми, Обединетото Кралство би ѝ плаќало на Северна Македонија за секој мигрант што ќе го прифати, заедно со инвестиции во земјата и помош за нејзината безбедност од Русија. Мигрантите потоа би имале можност да бараат азил во Северна Македонија или да добијат работни визи за работа во сектори со недостиг од работна сила. Тие би имале можност да заминат кога ќе посакаат.
Македонија
(Видео) Милошоски: „Стратегијата Македонија 2030“ на ВМРО-ДПМНЕ како ново поглавје за стабилност и развој на државата
Стратегијата „Ново поглавје – Македонија 2030“ што ВМРО-ДПМНЕ ја усвои на вчерашниот Конгрес во Кавадарци значи визија за модерна, стабилна и европски ориентирана Македонија, со јасно дефиниран политички и развоен правец за следната деценија, кажа денеска на прес-конференција, Антонијо Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Стратегијата, како што рече Милошоски, се заснова на идејата дека државата мора да излезе од циклусот на краткорочни одлуки и да воведе долгорочен план и систем за управување, а тоа се создава преку институции со силен интегритет, конкурентна економија и општество засновано на вредности и национална самодоверба.
„Документот ја позиционира ВМРО-ДПМНЕ како политичка сила подготвена да ја преземе одговорноста и улогата за ова државничко лидерство. И ова се разбира не е список на политички кампањски предизборни желби, туку е документ со јасни цели коишто би биле национална траекторија во следните 10-15 години“, истакна тој.
Според него, клучната амбиција е оваа Стратегија Македонија до 2030 година да стане земја што создава стабилност, економска додадена вредност и институционална зрелост, со национален идентитет што се почитува, а не се условува дневно политички.
„Стратешката рамка за 2025–2030 ги содржи шесте клучни стожери што ќе водат развој на државата.
Прво, државната безбедност. Тоа значи модерна армија, современа полиција, национална сајбер-заштита и систем за справување со хибридни закани. Безбедноста е нашата основа и АРМ и МВР мора да бидат максимално подготвени за овој предизвик.
Второ е економската конкурентност. Тоа значи напуштање на моделот на евтина работна сила и создавање на конкурентна економија заснована на знаење, на додадена вредност и технолошки иновации. Се разбира мораме да имаме поддршка за домашните компании, стабилен даночен систем, зелена енергетска транзиција и повторно создавање на услови за странски инвестиции.
Трето, правна држава. Целта е да имаме независно судство, департизирано обвинителство, професионална администрација и системска борба против корупцијата преку дигитализирана контрола на движењето на парите и на имотните прашања.
Четврто, демографските политики. Потребна е вистинска поддршка за младите, станбени програми, политики за поврат на дијаспората, достоинствена грижа за постарите лица. За да можеме преку една стабилна популациона политика, во Македонија да имаме секогаш доволен ресурс во луѓе за да можеме да ја развиваме и економијата и државата.
Петто, европска интеграција и надворешната политика. Партнерства со јасни црвени линии ни се најбитен дел, затоа што ние како политичка партија сме определени за Европската Унија како еднаков партнер, без дополнителни билатерални условувања кои што би го допирале идентитетот или националната самобитност на македонскиот народ и да државата.
И шесто, образованието, културата и идентитетот. Мора да вложуваме во модерни програми, дигитален дел, да речам, на културата, исто така, и на образованието, поддршка за науката, заштита на македонскиот јазик и неговата промоција. Бидејќи без силна култура и образование не би имале толку силно општество, и промоција на нашите одлики во европско ниво“, рече Милошоски.
Дополнително, нагласи пратеникот, стратегијата носи нови теми што ја подготвуваат Македонија за иднината и оваа национална стратегија обрнува внимание и вештачка интелигенција како еден нов дел од технолошкиот натпревар, не само во Европа, туку и на глобално ниво.
„Имаме стратегија за сајбер-безбедност, стратегија за една геоекономска дипломатија, што ќе ја поврзе и дипломатијата со геополитичките поместувања во последниве неколку години. Исто така и основање на Фонд за иднината, односно државен инвестициски инструмент којшто ќе поддржува технологии, иновации, истражување и вештачка интелигенција, за да може Македонија да биде поконкурентна со партнерите во регионот, но исто така и на европско ниво“, вели Милошоски.

