Спорт
Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Двократниот светски шампион и возач на Астон Мартин во Формула 1 шампионатот, Фернандо Алонсо, најави дека нема да го напушти британскиот тим на крајот на сезоната, кога му истекува актуелниот договор.
BREAKING: Fernando Alonso re-signs at Aston Martin
The two-time World Champion has signed a deal to remain at the Silverstone-based outfit ✍️#F1 pic.twitter.com/XNnw6Smnbu
— Formula 1 (@F1) April 11, 2024
Алонсо потпиша нов договор со Астон Мартин, па соработката ќе продолжи и во иднина.
Шпанецот со 42 години е најстариот возач на караванот, но во неколку наврати нагласи дека е мотивиран како никогаш досега да се натпреварува со надеж дека ќе ја освои својата трета титула.
Алонсо вози за Астон Мартин од 2023 година, откако се раздели со Алпин. Претходно настапуваше и за Минарди, Мекларен (двапати), Ферари и Рено, претходникот на Алпин, во кој двапати ја освои титулата шампион – во 2005 и 2006 година.
Во Формула 1 забележа 32 победи, освои вкупно 22 пол позиции и 2.291 бод, а досега учествуваше на 384 Големи награди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Кевин Пантер не оди никаде – Барса му дава четири милиони за сезона

Американски кошаркар со српски пасош ќе потпише нов договор со Барселона.
Веќе некое време се зборува за финансиската состојба на Барселона, буџетските промени, амбициите, намалување на платите и слично.
Токму затоа Кевин Пантер беше во јавноста, па се појавија шпекулации од намалување на платата до потенцијално заминување од шпанскиот клуб.
Како што пренесуваат добро упатените „Јурохупс“, поранешниот капитен на Партизан и член на АЕК, Црвена звезда и Олимпија Милано ќе потпише нов договор со Барселона.
Тоа ќе биде тригодишен договор вреден 12 милиони евра или четири милиони по сезона, што ќе го направи Пантера еден од најскапите играчи во европската кошарка.
Спорт
Де Роси добил повик од Премиер лигата

Вулверхемптон стапиле во контакт со италијанскиот тренер Даниеле де Роси за можноста да го преземе тимот следната сезона.
Како што пренесува „Газета дело Спорт“, Де Роси имал повеќе од една средба со клупските челници.
Инаку, Вулверхемптон веќе го смени тренерот оваа сезона. Во моментов на клупата е Португалецот Витор Переира, кој во декември го замени Гери О’Нил.
Де Роси досега во кариерата ги водеше СПАЛ и Рома, каде што ја мина својата професионална фудбалска кариера. На клупата на „Волчицата“ мина осум месеци, од 16 јануари до 18 септември 2024 година.
Доколку двте страни постигнат договор, Де Роси ќе стане вториот италијански тренер во Вулверхемптон.
Легандарниот голман Валтер Зенга го водеше клубот помалку од три месеци од 1 август до 25 октомври 2016 година.
Вулверхемптон моментално е 17-ти на табелата во Премиер лигата, прв над зоната за испаѓање, со девет бода повеќе од Ипсвич.
Спорт
(Видео) Вокер го искара себичниот Феликс: Подавај ја топката, не си Меси

Жоао Феликс нема да остане во Милан по завршувањето на сезоната. Во клибот донеле одлука дека нема да го откупат договорот на Португалецот од Челси. Феликс во јануари пристигна на „Сан Сиро“, милан на Челси позајмицата му ја плати со 5.500.000 евра.
Феликс добро ги одигра првите два натпревари во дресот на Милан, во останатите натпревари не покажа ништо.
Во неделата, Милан загуби во Неапол со 2:1. Наполи во првите 20 минути постигна два гола и го реши прашањето околу победникот.
На полувремето, додека играчите на Милан излегуваа од тунелот, Кајл Вокер му одржа леција на Феликс.
„Само додавај јја топката, не си Меси. Никој овде не е Меси“, му рекол искусниот Англичанец на Феликс.
Жоао Феликс мина уште само 10 минути на теренот, а потоа беше заменет.
Kyle Walker to Joao Felix: “Just pass the ball, no one here is Lionel Messi”
— Leo Messi 🔟 Fan Club (@WeAreMessi) April 1, 2025
Феликс ја започна својата кариера во младинската академија на Порто, но во Бенфика стана еден од најдобрите млади играчи во Европа. Пред шест години тој се пресели во Атлетико Мадрид за 126 милиони евра. Тоа е четвртиот најскап трансфер на сите времиња.
Пред него се само Филипе Кутињо од Ливерпул во Барселона за 145, Килијан Мбапе од Монако во ПСЖ за 180 и Нејмар од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра.
Но, вредноста на Феликс продолжува да паѓа. Во летото минатата година Челзи го купи за 52 милиони евра. Денес, „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 25 милиони евра.