Македонија
Ковачевски: Во ВМРО-ДПМНЕ може да станете лесно претседател на партија, со пишани делегати

Видов една изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека Пендаровски можел да има со него тв соочување ама кога ќе станал претседател на СДСМ, но многу полесно се станува претседател на ВМРО-ДПМНЕ со делегати пишани по список, рече денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање.
-За да станете претседател на СДСМ треба да одите на гласање непосредно од страна на сите членови и јас сум избран со над 40 000 гласов. Додека во ВМРО-ДПМНЕ можете да станете претседател во сала во Фолк Фест Валандово, со 400 делегати, ќе ви ги пишат во список, така да таму веројатно многу полесно се станува претседател на партија, рече Ковачевски.
„Исто така слушнав една изјава која што се однесува на тоа дека некоi мои паартиски другари кои што се спремале да ме заменат овде и тоа сакам да го прокоментирам бидејќи е дел од јавниот дискурс и политичка дискурсија“, доде тој.
„Прво, тие кои што ги споменува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, од мене веќе изгубиле на изборите во СДСМ со над 35. 000 гласови и затоа што ќе се случува во СДСМ после било кој конгрес кој што се редовни согласно статут тоа одлучува членовите на партијата на непосредни гласови како што го нема ниту една друга политичка партија“, рече Ковачевски.
„Она што јас можам да ви го кажам како наша политичка прогноза и реална прогноза според истражувањето на јавното мислење не она што го гледаме, веќе цела држава знае како се прави на Националниот сервис, е победа на претседателот Пендаровски во вториот круг на претседателските избори и победа на коалицијата за европска иднина, формирање на нова проевропска влада на Македонија по парламентарните избори на 8ми мај“, потенцираше тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд.
Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку места околу речното корито.
Ангажирана е механизација за санирање на штетата, а градоначалник на Студеничани, Азем Садики, објави дека забележана е материјална штета во дворовите од куќите кои се наоѓаат во близина на реката.
Засега, според градоначалникот, нема потреба од евакуација.
Фото: ТВ21/скриншот
Македонија
Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

Општина Тетово в петок, со почеток во 15:00 часот, организира јавна дебата за предлози за имиња на улиците.
„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците“, велат од општината преку допис.
Додаваат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово.
Македонија
Тошковски: Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува“, напиша Тошковски во објавата на социјалните мрежи.