Спорт
Wild West: Три екипи со ист скор се на плејин-позициите

Стеф Кари постигна 22 поени во третата последователна победа на Голден Стејт и ги Вориорс со Сакраменто и ЛА Лејкерс на позициите осум, девет и десет, во пресрет на последните два натпревари во НБА лигата.
Вориорс, Сакраменто Кингс и Лос Анџелес Лејкерс имаат скор од 45 победи и 35 порази.
Изминатата ноќ, Кингс загубија дома од Њу Орлеанс Пеликанс со резултат 123:135, Вориорс како гости ги совладаа Портланд Трејл Блејзерс со 92:100.
Плејоф обезбедија Денвер Нагетс, Оклахома Сити Тандер, Минесота Тимбервулвс, Лос Анџелес Клиперс и Далас Маверикс, а конечните позиции се уште се отворени.
Денвер со победи над Сан Антонио Спарс и Мемфис Гризлис на гостувањето ќе го обезбедат прво место и предност на домашен терен барем до финалето, додека Далас се уште има шанса да ги претекнат Клиперси во битката за четвртото место и предноста на домашниот терен во меѓусебната серија.
На Њу Орлеанс Пеликанс им требаат двете победи за да завршат на шестото место пред Феникс Санс.
На Пеликанс нема да им биде лесно бидејќи во последните два натпревари се среќаваат со екипи кои моментално се на плеј-ин позициите, прво гостуваат кај Вориорс, а потоа ги пречекуваат Лејкерси.
Голден Стејт: (дома) Њу Орлеанс, (д) Јута
Сакраменто: (дома) Феникс, (д) Портланд
ЛА Лејкерс: (гости) Мемфис, (г) Њу Орлеанс
Резултати:
Детроит – Чикаго 105:127
/Дурен 20, 11 ск – Дерозен 39, 7 ас/
Бостон – Њујорк 109:118
/Татум 18, 7 како – Бренсон 39/
Јута – Хјустон 124:121
/Лофтон 14, 9 ск – Ванвлит 42, 7 ск, 7 ас/
Портланд – Голден Стејт 92:100
/Ејтон 25, 11 ск – Кари 22, 7 ск, 8 aс/
Сакраменто – Њу Орлеанс 123:135
/Фокс 33, 8 ас – Меккалум 31, 7 ас/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тројца фудбалери ги кочат трансфер активностите на Јувентус

Славниот клуб од Торино, Јувентус, не може да продолжи со активностите во преодниот рок сè додека не се отпушти тројцата фудбалери.
Даглас Луис, Тимоти Веа и Душан Влаховиќ се на листата за заминување, објавува „Газета дело Спорт“.
Српскиот напаѓач е на листата на желби на Милан, но сè уште нема конкретни чекори во врска со неговиот трансфер. И 25-годишниот централен напаѓач не брза, верува дека ќе се појави вистинската опција. Најголемиот проблем претставува платата која во наредната сезона ќе му припадне на Влаховиќ. Станува збор за сума од 12 милиони евра, ниту еден клуб не може да му понуди толкава плата.
Тимоти Веа сака да се пресели во Марсеј. Олимпик понуди 15.000.000 евра, Јувентус, бара најмалку 20 милиони за реализација на трансферот.
И Даглас Луис има амбиција повторно да се обиде во Премиер лигата. Фенербахче неодамна се распрашуваше за него, но играчот од средниот ред ја одби можноста да оди во Турција. Во исто време, тој не се појави на почетокот на подготовките, но во меѓувреме им се придружи на своите соиграчи.
Медиумите шпекулираат дека Јувентус му го понудил Бразилецот на Њукасл во замена за Сандро Тонали.
Фото/ Принскрин
Спорт
Манчестер јунајтед заинтересиран за Воткинс и Шешко

Манчестер јунајтед, откако ги засили крилните позиции во нападот со Матеуш Куња и Брајан Мбуемо, се пушти во потрага по класична „деветкс“. Клубот ќе се фокусира на ѕвездите на Астон Вила и Лајпциг, репрезентативците на Англија и Словенија, Оли Воткинс и Бенјамин Шешко.
Британските медиуми истакнуваат дека Воткинс и Шешко се на врвот на листата на желби на „Црвените ѓаволи“, доколку клубот од „Олд Трафорд“ одлучи да доведе напаѓач во летниот преоден рок.
Се наведува и дека челниците на Манчестер јунајтед се согласуваат дека клубот мора да се ослободи од неколку играчи, но се додава дека тоа можеби нема да се случи пред крајот на преодниот рок на 1 септември.
Астон Вила бара 60 милиони фунти за Воткинс, што е премногу за Манчестер јунајтед. Воткинс има договор со клубот од Бирмингем до 2028 година.
Би-Би-Си објави дека бројни европски клубови се заинтересирани за Шешко. Шешко одигра 45 натпревари во сите натпреварувања за Лајпциг минатата сезона и постигна 21 гол. Се претпоставува дека Лајпциг за него бара помеѓу 70 и 75 милиони евра.
Фото/ Принскрин
Спорт
Милосављев од наредната сезона се сели во Кјелце
Голманот на германскиот првак, Фуксе Берлин, Дејан Милосављев, по истекот на договорот ќе се пресели во Полска. Од сезоната 2026/2027, поранешниот голман на Вардар ќе ги брани боите на Кјелце.
Како што пишува „handball-planet.com“, новиот клуб на српскиот голман, повторно гради силен тим, но во тој тим веројатно ќе го нема семејството Душебајев. Алекс и Даниел и нивниот татко Талант се на мета на Кил.
Милосављев е во Берлин од 2019 година, дојде во тимот откако ја освои европската титула со Вардар.
Минатата сезона, „Лисиците“ го продолжија договорот со првата ѕвезда на тимот, Матијас Гидсел, до 2029 година, и се чини дека во буџетот немаат доволно пари за да го продолжат договорот и со голманот.
Кјелце е во пад со години, по два настапи во финалето на Лигата на шампионите, сезоната пред минатата беше елиминиран во четвртфиналето, а претходната сезона веќе во првата нокаут рунда.
Веќе две години, тимот на Талант Дујшебаев го губи приматот во Полска од Висла од Плоцк. Ова лето, најголемото засилување е словенечкиот ас Алекс Влах од Алборг. Хрватскиот репрезентативец Лука Ловре Кларица, десен бек на Загреб, заедно со Милосављев, ќе пристигне следното лето.
Foto/ EPA