Свет
Британија набргу на бродовите ќе стави моќни ласери: „Светот станува сѐ повеќе опасен“

Британското Министерство за одбрана денеска објави дека ќе инсталира ласери на воени бродови за соборување беспилотни летала од 2027 година, пет години порано од очекуваното.
Министерството објави дека ласерите ќе може да пукаат во која било цел на небото по цена од 10-ина фунти (11,7 евра) за истрел и ќе бидат толку прецизни што ќе може да погодат паричка од далечина од еден километар.
Претходно, се очекуваше дека ласерите DragonFire ќе бидат оперативни дури од 2032 година, а тоа е долгорочна и евтина алтернатива за одбрана од дронови. Беспилотните летала може да уништат високотехнолошки системи за оружје, а моментно се скапи за соборување. На пример, ракетите Sea Viper, кои Обединетото Кралство моментно ги користи за соборување беспилотни летала на Хутите во Црвеното Море, чинат по 1 милион фунти.
„Во сè поопасен свет нашиот пристап кон набавките исто така се менува. Нашите сеопфатни реформи ќе ја забрзаат испораката на најновата опрема и оружје за нашите вооружени сили“, рече британскиот министер за одбрана, Грант Шапс, во изјавата за ласерот.
„DragonFire го прикажува најдоброто од ОК во првите редови на воената технологија и нема да се двоумиме да го ставиме во рацете на нашата војска за да се спротивставиме на заканите со кои се соочува“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Свет
Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации. Во последното соопштение се наведува дека 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција поради тешка неухранетост.
Според Министерството за здравство во Газа, само вчера починале уште девет лица од глад, со што бројот на жртви од неухранетост од почетокот на конфликтот достигна 122.
Израел, кој го контролира влезот на сите залихи во Газа, повторува дека не постои блокада и ја обвинува Хамас за лошата распределба на ресурсите.
Меѓународната заедница, вклучувајќи ги Германија, Франција и Велика Британија, побара итно олеснување на влезот на помошта, а генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш остро ја осуди „рамнодушноста и недостигот на човечност“ во глобалниот одговор на кризата.