Македонија
(Видео) Јакимовски: Конкретни мерки за подобрување на животот на пензионерите
Состојбата кај пензионерите ни е во катастрофална состојба, статистиката вели дека 17 проценти од пензионерите примаат пензија помала од 13 илјади денари, а дури 47 проценти од пензионерите земаатпензија помала од 16 илјади денари. Тоа значи дека скоро половина од пензионерите се под еден нужен минимум кој овозможува нормално функционирање на еден пензионер, односно на едно пензионерско семејство, оценува претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски.
Како што вели, во пензискиот систем не смее да се допира, пензискиот систем треба да се чува како очите во главата.
„Затоа што ако кај него направиме дупки и погрешни политики тоа значи дека за 20-тина години нема да можеме да ги исплаќаме пензиите, но затоа на пензионерите може да им се интервенира со мерките на социјалната политика, а тоа значи ниту еден пензионер во Република Македонија, односно ниту едно пензионерско семејство не смее да има помалку од 25 илјади денари. Тоа значи ако едно семејство има 18 илјади денари пензија до 25 илјади денари од социјалната политика, од социјалната заштита ќе добиваат уште 7 илјади денари до 25 илјади денари. Ако во меѓувреме вториот член од пензионерското семејство станува пензионер и тој сега има пензија која што е 15-20 илјади денари тоа значи дека овие 7 илјади денари ќе бидат дадени на некој друг, а веќе ова пензионерско семејство има 37-8 илјади денари“, додава Јакимовски.
Со овие мерки, како што појасни, сака драстично да го подобри животот на пензионерите, да се овозможи на секое пензионерско семејство нормално да функционира. Зимно време да може нормално да ја згрее собата во која живее, да обезбеди лекови за себе за својот сопруг или сопруга, но во исто време да може да ги подмири сите трошоци за живот на едно пензионерско семејство.
„За жал највисоките пензии во Република Македонија од 45 илјади до 60 илјади денари имаме само 1560 пензионери, а до пред некоја година беа преку 3 илјади пензионери. Што значи дека се повеќе бројот на пензионерите кои што имаат повисоки пензии и можат да си овозможат нормално функционирање на нивното пензионерско семејство се се помалку и се повеќе граѓаните преоѓаат во овој дел каде што се под егзистенционален минимум пензионерски што значи дека со мерките на социјалната политика, ние секое пензионерско семејство ќе го обезбедиме да има над 25 илјади денари приход“, истакна Јакимовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова прими претставници на „Стоп за Усје“
Претседателката, Гордана Сиљановска-Давкова, прими претставници на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“, кои ги образложија нивните ставови врзани за влијанието на цементарницата Усје врз квалитетот на воздухот и здравјето на луѓето.
Истакнувајќи ги своите барања, тие укажаа на потребата од воспоставување мерни станици со 24/7 мерење на загадувачките супстанци, целосна транспарентност на добиените податоци, како и усогласување со препораките на Светската здравствена организација за граничните вредности на ПМ10 честичките.
Претставниците на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ споделија компаративни примери од други држави каде што пропишаните параметри се пониски од македонските.
Според нив, наместо да се ангажираат приватни акредитирани лаборатории за независни мерења, треба час поскоро да се забрза процесот на акредитација на државната лабораторија.
За нив, неопходна е поголема институционална поддршка и очекуваат надлежните, доследно, транспарентно и неодложно да ги извршуваат законските обврски во интерес на заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните.
Претседателката, пред сè како граѓанка, ја сподели загриженоста за загадувањето на воздухот, почвата и водите, како едно од најгорливите прашања.
Сиљановска-Давкова ги сослуша аргументите и истакна дека со внимание ги следи нивните активности насочени кон поздрава и побезбедна животна средина, како врвен национален приоритет.
Таа потсети дека не случајно го именувала за член на Советот за безбедност, професор и научник од областа на метеорологијата и климатските промени, д-р Спиридонов.
Соговорниците се согласија дека животната средина е заедничка одговорност и стратешка определба, оти е неопходен континуиран дијалог меѓу граѓанските организации, институциите и стопанските субјекти заради креирање одржливи и долгорочни решенија, како и дека Собранието треба, согласно Деловникот, да ги отвори портите за нив во расправата за законите од областа на животната средина и вршењето на надзорната функција.
Македонија
Советот на Општина Центар не ја изгласа одлуката за техничка исправка на ДУП за дел од локалитетот Буњаковец 1
Советот на Општина Центар на денешната седница не ја изгласа одлуката за техничка исправка на Деталниот урбанистички план за дел од локалитет Буњаковец 1, конкретно за ГП 13.1 и ГП 13.11, со локација кај поранешната печатница „Нова Македонија“.
Сите 23 советници гласаа против донесувањето на предлог-одлуката.
,,Ние, како администрација, имаме обврска точката да ја ставиме на дневен ред и воедно да ги посочиме сите импликации. Советниците се тие што гласаат и ја носат одговорноста. Нема потреба од прозивки, медиумски пи-ар и театар. Овде станува збор за буџетот на граѓаните, а не за партиски интереси. Советот мора да носи одлуки во интерес на граѓаните, а не за дневнополитички калкулации“, рече градоначалникот на Општина Центар. Горан Герасимовски
Претходно, Комисијата за урбанизам на Општина Центар даде позитивно мислење за предлог-одлуката.
Од оптината појаснуваат дека согласно законот за техничка грешка, исправката во донесен урбанистички план не подразбира никакви измени во планирањето или параметрите на планот туку станува збор исклучиво за корекција на грешка во техничкиот дел на исцртување на планот. Во конкретниот случај, како што додаваат, градежната парцела во мал дел не била целосно затворена, односно оформена.
Македонија
Мицевски се сретна со францускиот амбасадор: Фокус на борбата против корупцијата и реформите
Денес во Собранието, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, оствари средба со амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер и првиот советник Филип Маршето.
Во фокусот на средбата беа заложбите на владејачкото мнозинство за бескомпромисна борба против корупцијата и остварување на видлив економски развој за граѓаните и земјата. Дополнително, координаторот Мицевски ја истакна подготвеноста на Собранието и понатаму да биде силен двигател на реформските процеси кои не’ приближуваат до европските стандарди.
Во разговорот се нагласи дека заедно со нашите европските пријатели чекориме кон градење на просперитетна и сигурна европска иднина за сите.

