Спорт
Лука Божиќ повторно е МВП на АБА-лигата

Хрватскиот кошаркар Лука Божиќ и официјално е прогласен за најкорисен играч на АБА лигата за сезоната 2023/2024.
Тој вторпат по ред е прогасен за МВП на регионалното натпреварување.
Со гласовите на тренерите, новинарите и навивачите, Божиќ победи пред Кенан Камењаш од Будуќност и Зек Ледеј од Партизан.
Божиќ освоил вкупно 82,6 отсто од гласовите, Камењаш 12,3, додека Ледеј 2,4.
Тој за прв пат ќе го понесе трофејот „Дејан Милојевиќ“ кој од оваа сезона го носи името на прерано починатиот кошаркар и тренер.
Кошаркарот на Задар сезонава имаше просек од 20,6 поени, осум скока, 6,2 асистенции и една украдена топка по натпревар, со индекс на корисност од 29,2.
Добитници на наградата МВП во АБА лигата:
2014/15 – Никола Јокиќ (Мега)
2015/16 – Миро Билан (Цедевита)
2016/17 – Никола Јанковиќ (Олимпија)
2017/18 – Лука Зориќ (Цибона)
2018/19 – Гога Битадзе (Иднина)
2020/21 – Филип Петрушев (Мега)
2021/22 – Никола Калиниќ (Црвена звезда)
2022/23 – Лука Божиќ (Задар)
2023/24 – Лука Божиќ (Задар)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.
Спорт
Влаховиќ го блокира Јувентус

Италијанските медиуми пишуваат за намерата на Душан Влаховиќ да остане во Јувентус, неговиот договор истекува следното лето.
„Corriere della Sera“ пишува дека Влаховиќ го блокира Јувентус, кој сака да го доведе Џонатан Давид во своите редови.
Дејвис би пристигнал како слободен игрч, но ќе добива околу шест милиони евра по сезона.
Влаховиќ, со плата од 12 милиони евра, е „ортома околу вратот“ на клубот од Торино, кој би претпочитал веднаш да го продаде.
Српскиот напаѓач е член на Јувентус од јануари 2022 година, кога пристигна од Фиорентина за 83,5 милиони евра.
Оттогаш, тој одигра 145 натпревари за „Старата дама“ и постигна 58 гола.