Македонија
ЗНМ и ССНМ: ОЈО да ја отфрли неоснованата кривична пријава на МВР кон новинарот Салиу
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) изразуваат сериозна загриженост за поднесената кривична пријава од Министерството за внатрешни работи (МВР) кон новинарот Фуркан Салиу за наводно попречување во работата на службено лице и бараме од Основното јавно обвинителство веднаш да ја отфрли.
Кривичната пријава од МВР за попречување службено лице во извршување на својата службена должност кон Салиу следува откако пред пет дена тој беше приведен од страна на полицијата за време на фудбалски натпревар. Салиу бил присутен на натпреварот во својство на новинар и се обидел да документира инцидент за што бил попречен од страна на полицијата.
Фактот што од досегашните видеоматеријали од инцидентот не може да се утврди основаноста на кривичната пријава, како и постојаната медиумска хајка од медиуми блиски до политички партии, а на штета на репутацијата на новинарите, отвора простор за сомнеж дека делото воопшто не ни постои, се истакнува во реакцијата.
Укажуваат дека целиот настан е проследен со говор на омраза на социјалните мрежи, што ги доведува новинарите и медиумските работници во лоша и небезбедна состојба во овој чувствителен предизборен период.
Потсетуваат дека ЗНМ и ССНМ побараа случајот веднаш да биде расчистен, да се внимава да не се повредат правата на колегата Салиу и на неговите колеги кои биле присутни на настанот, а политичките партии да не го користат во своите дневнополитички престрелки. За жал, како што велат, наместо расчистување на овој случај и поведување мерки против полицајците што извршија неовластен претрес на возилото на Салиу, како и против оние што користеа прекумерна сила при неговото лишување од слобода, МВР се одлучи кривично да го гони новинарот.
Информираат дека за овој случај поднесена е и формална претставка до Секторот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на Министерството за внатрешни работи (МВР) за апсењето на колегата Салиу, каде што се истакнаа повредите на правата, и побарано е внатрешната контрола да ги испита овие наводи веднаш, а МВР да преземе соодветни чекори против инволвираните службеници за време на целиот инцидент.
„Потенцираме дека ЗНМ и ССНМ солидарно стојат зад колегата Фуркан Салиу и дека правдата за него е правда за сите колеги новинари и медиумски работници во земјата.
За овој случај ЗНМ ги извести меѓународните новинарски организации, кои ги следат правата и медиумските слободи и веќе е нотиран аларм за прекршување на правата на новинарите во Македонија на платформата за промовирање на заштитата на новинарството и безбедноста на новинарите на Совет на Европа“, велат од ЗНМ и ССНМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај низ државата по влажни коловози, слаб снег на Попова Шапка и Ѓавато
Од 12 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Стар Дојран, ГП Богородица и ГП Меџитлија. Од 12:20 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Ќафасан и ГП Блато, извести АМСМ.
Од 12:00 часот пред ГП Долно Блаце започнат е протест на превозници со тешки моторни возила, поради што товарниот сообраќај кон ГП Долно Блаце се пренасочува кај БП Дизел, а останатиот сообраќај се одвива нормално. Од 12 часот отпочнати се блокади и на ГП Деве Баир, ГП Делчево и ГП Ново Село, велат од АМСМ.
Сега засега блокиран е само сообраќајот за ТТВ за излез од државата додека за останатите категории на возила се одвива непречено.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,по влажни коловози. Снег со слаб интезитет паѓа на Попова Шапка и Ѓавато кој во моментов не се задржува на коловозот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Карпош и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани прекини и тоа:
– во периодот од 08:30 до 15:00 часот, корисниците на улицата Ордан Поп Јорданов. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на улицата Римска. (општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно, претпладне со повремен дожд
Претпладне променливо облачно, во источните делови со повремен локален дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините слаб снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во среда кон крајот на денот и во четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Од петок ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

