Забава
Вилијам се фотографираше за првпат откако на Кејт и беше дијагностициран рак: се дружеше со синот
Принцот Вилијам првпат се појави во јавноста откако на принцезата Кејт и беше дијагностициран рак. Тој се дружеше со својот најстар син, 10-годишниот принц Џорџ, на натпреварот од Конференциската лига меѓу Астон Вила и францускиот Лил. Момчето носело и навивачка марама.
Тој вчера се огласи на Инстаграм и ги изненади сите. Имено, додека јавноста чека вести за здравјето на неговата сопруга, Вилијам не ја спомна Кејт, туку се заблагодари на фудбалерката Рејчел Дејли, која најави повлекување од англиската женска репрезентација.
Медиумите анализираат дека Кејт во својот говор посебно му се заблагодари на Вилијам за поддршката што и ја пружа.
„Беше голем извор на удобност и сигурност што Вилијам беше покрај мене. Како и љубовта, поддршката и љубезноста што ја покажаа многумина од вас. Тоа многу ни значи и на двајцата”, рече тогаш таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Во 90-тите, мажите беа луди по неа, а денеска на 57 години таа се уште е неверојатно згодна
Пејачката Гвен Стефани е една од оние дами кои, дури и во своите 50-ти години, сè уште имаат причина гордо да ја покажуваат својата завидна фигура, а во нејзиниот случај и својата неверојатна енергија на сцената.
Со својот настап во Лас Вегас, оваа популарна музичка ѕвезда уште еднаш докажа зошто е на врвот на листата на најубави жени во светот, и привлече големо внимание со својот младешки изглед.
Таа носеше смела комбинација и апсолутно немаше потреба да крие ништо, бидејќи дури и на 57 години е вистинска секс бомба. Во чипкан горен дел што личи на градник и карирани панталони со плисирано здолниште, таа го покажа својот совршено рамен, затегнат стомак и деколте.
Ја собра косата високо, а шминката беше во согласност со нејзиниот стил – со препознатливиот и впечатлив црвен кармин што најчесто го нанесува.
@vegas I’ll never stop talking about seeing @Gwen Stefani at @Lenovo Tech World inside @Sphere ♬ original sound – Las Vegas
Не недостасуваше одлично расположение на сцената и во публиката, а пејачката повторно воодушеви со своето убаво, иако не сосема природно лице – беше критикувана дека е непрепознатлива поради козметички процедури.
Иако никогаш отворено не признала дека направила пластична корекција, разликата во споредба со претходниот период од нејзината кариера е очигледна.
Забава
(Фото) Драстична промена на почетокот на годината: Таа повеќе не е русокоса и тотално нè изненади
Иако Новата година штотуку започна, една од најпознатите модели на денешницата, Џиџи Хадид, одлучи да влезе во 2026 година како „нова“ личност. Иако отсекогаш ја познававме како русокоса, таа направи драстична промена и се приклони кон фаталните бринети.
Своите руси прамени ги замени со трендовска црна боб фризура, а оваа промена се покажа како многу смела, но и совршено одговара кога е во прашање лицето на Џиџи Хадид. Ѝ донесе сосема нов изглед и нова личност со доза на драма, па сега гледаме сосема поинаква Џиџи.
Фотографиите беа објавени на Инстаграм, но не е познато дали новата боја на косата е трајна или само еден од привремените експерименти што моделот се осмели да ги направи во соработка со позната козметичка компанија.
Сепак, со оглед на лавината од позитивни реакции на оваа објава и новиот имиџ на познатата манекенка, таа може да одлучи да биде бринета на долг рок.
Долго време ја гледаме како русокоса, можеби е време за нешто ново…и тоа веднаш откако Бредли Купер ѝ предложи брак на крајот од годината.
Забава
(Видео) Роби Вилијамс ја покажа пораката што ќерка му му ја испратила среде ноќ: „Многу сум загрижен…“
Роби Вилијамс откри на јавноста слатка порака што неговата ќерка Теди (13) му ја испратила во два часот наутро, во која јасно ставила до знаење што сака да прави во иднина.
Оваа ситуација е доказ дека „јаболкото не паѓа далеку од дрвото“, бидејќи Теди го изразила својот страв дека ќе биде „никој и ништо“ ако не успее како пејачка – односно ако не стане како нејзиниот татко, кој е еден од најпознатите пејачи на денешницата.
„Пишува – ‘Тато, што ако не станам пејачка? Тоа е мојот најголем страв, дека нема да станам пејачка’. Со најголеми големи букви. „Што ако не станам ништо?“, изјави Роби во емисијата „Scott Mills’ BBC Radio 2 Breakfast Show“ и додаде: „И реков: Душо, ти си непо бебе. Ќе бидеш добро“.
Иако се шегуваше во емисијата и е безусловна поддршка на своите деца, пејачот призна дека е загрижен за тоа како Теди ќе се справи со притисокот од славата, бидејќи е чувствителна.
„Единственото нешто што ме загрижува е тоа што таа е неверојатно чувствителна. Јас сум болно, болно чувствителен. Во некои кругови, тоа би се сметало за пречувствителност. Таа е повеќе од мене. И се грижам што ќе ѝ кажат“, рече тој искрено.
„За мене, беше или ова или редење полици во супермаркетот – па ова е тоа, секој ден. А за Теди, таа има опции“, ја објасни ситуацијата и не пропушти да спомене колку е благодарен за сè – за прекрасен живот и за тоа што го прави она што го сака и во што може да биде креативен.

