Македонија
Стојаноска: „Доста е од резил-Стево, на 8 мај, усвет нека фати“

„Стево Пендаровски ништо не стори за младите, ништо не стори за возрасните. Не реагираше пред ниеден скандал и криминал, и не изрезили секаде кај што се појави, а и таму каде што не се појави. Ќе го запаметиме како најнемиот претседател и како претседател кој ниту еден ден не беше наш, беше од Бојко, беше од мафијашите во Владата, ама наш – никогаш не беше! Доста е од резил-Стево! Затоа, на 24-ти април да му ги собуеме чевлите, а на 8-ми мај, усвет нека фати“, порача Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6 во Гостивар во рамките на претседателската кампања.
Стојаноска во текот на своето обраќање се осврна на професорката Гордана Силјановска Давкова каде истакна дека професорката Силјановска Давкова е изборот на народот.
-Вие сте избор на народот. Вие сте новата Македонија горда, исправена и достоинствена. Вие сте се за што претседателот Мицкоски зборува изминативе 7 години. Вие сте знаење, мудрост, искуство, сигурност, аргументираност, љубов, топлина, сочувство, емпатија, грижа, посветеност, гордост, рече Стојаноска.
Стојаноска истакна дека ВМРО-ДПМНЕ го обелоденува криминалот на раководните лица на ДУИ и доколку тој продолжи по 8 ми мај Македонија и граѓаните ги чекаат уште полоши времиња.
-Ние го обелоденуваме криминалот на раководните лица во ДУИ кој е една од причините што, посебно во нашиот регион, има масовно иселување на чесен, работлив народ, без разлика на неговата припадност. Доколку ова продолжи после 8-ми мај, верувајте дека не чекаат уште полоши времиња. Тие криминалци само се кријат позади гола политичка реторика и националшовинизам. Тие, заедно со СДСМ, синхронизирано немилосрдно пљачкаа, распродаваа и уништуваа. Тие изминативе 6 и пол години беа најголемата елементарна непогода. Мора да се стави крај на ова! Затоа велам: Ние не сме против никого! Ние сакаме да владее законот и да се врати редот во општеството. Сакаме мирен живот и соживот, вели таа.
Стојаноска дополни дека ВМРО-ДПМНЕ по големиот изборен резултат ќе понуди коалиција со сите кои ќе се обединат против криминалот.
-ВМРО-ДПМНЕ, после големиот изборен резултат, ќе понуди коалиција со сите кои со нас ќе се обединат против криминалот и корупцијата. Таквиот сојуз може да го одбијат само оние кои сториле криминал и кои се плашат од одговорноста заради тоа. Единствено за што ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет, тоа е коалиција со криминалци. И, ако некои партии тука се пронаоѓаат, тогаш проблемот е кај нив, а не кај нас. Најбитно е што народот е на наша страна и што од нас бара борба со криминалот, кажа Стојаноска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кузеска: Властa ја пропушти шансата за фер изборен законик

Жалиме што власта ја пропушти шансата да се обезбеди изборна рамка која е фер, праведна и прифатлива за сите, изјави портпароката на СДСМ, Богданка Кузеска за изборниот законик.
„Пред ЗКП направивме координација и сите партии освен ДУИ поддржаа 0,5 за независните. Се ризикува изборите да се претворат во хаос. Мора многу внимателно да се разгледаат сите правни аспекти. Жалиме што се пропушти шансата да се стави рамка која беше добра и прифатлива за сите“, изјави Кузеска одговарајќи на новинарско прашање.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев

СДС пред да зборува за економските политики и за тоа како се живее во државата, нека го праша Филипче како живее, бијдеќи тоа што го збори СДС, а Филипче го прави не соодветствува едно со друго, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на која СДСМ побара покачување на минималната плата и платите во сите сектори.
„Нека каже Филипче како со лекарска и пратеничка плата, се стига до јахти, облакодери и акции во авиокомпании, па да ја раководиме економијата на државата во тој правец. Секако, ако е легално и законски начинот на кој ги заработил парите.
Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи. Од земја на раб на банкрот, зголемени сметки, плати кои стагнираат и не се исплаќаат во време на СДС, за една година го сменивме начинот на живеење. Сега, граѓаните имаат повисоки плати, пензии, нови работни места, земјоделците добиваат субвенции.
Разликата е јасна. Со СДС се крадеше, а сега со ВМРО-ДПМНЕ се градат темелите на промените“, се додава во партиската реакција.
Македонија
(Видео) Владата да ја покачи минималната плата на 500 евра, порача СДСМ

Филмските изјави на премиерот Христијан Мицкоски за наводен раст на платите од 11 до 13 проценти месечно се најголемо потценување и навреда за граѓаните, обвини портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Мицкоски сака да каже дека платите во последните месеци пораснале и до 110 проценти. Такви фантазии не постојат во македонската економија. Реалноста е спротивна – цените растат, а платите стагнираат“, рече Кузеска.
Таа посочи дека според официјалните податоци синдикалната кошница за четири месеци се зголемила за 3.473 денари, додека просечната плата пораснала за само 1.033 денари.
„Минималната плата во Македонија е најниска во регионот, додека во БиХ е 511 евра, во Србија 500, во Црна Гора меѓу 600 и 800 евра. Владата на Мицкоски не дозволува минималната плата да достигне 500 евра“, изјави таа.
СДСМ оценува дека Македонија тоне во сиромаштија, со БДП по глава на жител од 8.751 долар, далеку под европскиот просек.
„Филмовите на Мицкоски не ја плаќаат потрошувачката кошница. Владата мора веднаш да ги покачи платите и да го прифати предлогот на СДСМ за минимална плата од 500 евра и покачување во сите сектори“, додаде Кузеска.