Свет
(Видео) Нови снимки од нападот во Сиднеј, полицаец очајнички се обидува да спаси жртва, крв на сите страни
🔴Сите вести за нападот, во живо, погледнете ги ОВДЕ.
Брзата помош се обидува да ги спаси повредените во нападот што се случи во трговски центар на истокот на Сиднеј во кој беа избодени неколку лица, а како што јавија светските медиуми, досега четворица се мртви.
На едно од видеата можеме да видиме како полицајци очајнички се обидуваат да спасат ранети луѓе во кафеана додека луѓето лежат во несвест на подот, полицаец притрчува и прави реанимација со масажа на срцето.
Ataque terrorista em shopping em Sidney, Austrália. Pelo menos 4 pessoas mortas. O terrorista foi neutralizado. Não há ainda informações sobre a motivação do ataque. pic.twitter.com/LbpSjcZOEG
— Hoje no Mundo Militar (@hoje_no) April 13, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

