Македонија
Таравари: ЕУ, САД и НАТО се наши незаменливи сојузници

Кандидатот за претседател од редовите на коалицијата ВЛЕН потенцира дека ЕУ, САД и НАТО се наши незаменливи сојузници. Како доверлив партнер, ние тесно соработуваме со нив и сме подготвени да ја одиграме нашата улога во одржувањето на мирот и безбедноста во светот заедно со нив.
‘ЕУ, САД и НАТО се нашите незаменливи сојузници. Како доверлив партнер, ние тесно соработуваме со нив и сме подготвени да ја одиграме нашата улога во одржувањето на мирот и безбедноста во светот заедно со нив. Нашата безбедност е заедничка. Северна Македонија не консумира безбедност, ние произведуваме безбедност“, се нагласува во програмата на Арбен Таравари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Николоски-Нокс: Македонија ги исполнува реформските процеси и ја развива регионалната соработка

Македонија ги исполнува реформските процеси и дава сериозен придонес кон регионалниот развој, потенцираше вицепремиерот Александар Николоски на средбата со Медлин Нокс, директор за Западен Балкан во Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство.
Политичките и економските односи меѓу зeмјите од Западен Балкан се во постојан напредок, а Македонија има значајна улога за развојот на таквите односи, истакна Николоски. Мерките и политиките што ги реализира Владата се во насока на намалување на трговските бариери, зголемување на трговијата и конкурентноста на економиите во земјите од Западен Балкан, додаде тој.
Вицепремиерот Николоски уште еднаш го потенцира стратешкото пријателство меѓу Македонија и Обединетото Кралство и подршката што и се овозможува на земјата кон нејзиниот развој.
На средбата се разговараше и за зацврстување на економската соработка, можноста за нови инвестиции и соработка на двете земји во сектори од заеднички интерес.
Македонија и Обединетото Кралство негуваат добри пријателски односи, се согласија и двете страни, со заложба таквото партнерство да се зацврстува преку конкретни процеси и проекти.
Македонија
(Видео) Тренчевска побара оставка од Таравари: Знаете ли што се случува во здравството, или поважни ви беа калкулациите за локалните избори и прашањата за химната и грбот

Пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска од собраниската говорница, во рамките на седницата за пратенички прашања упати прашање до министерот за здравство Арбен Таравари, во врска со бројните скандали во здравството и здравствениот систем кој, како што оцени е пример за хаос, неизвесност и страдање на пациентите.
„Наместо функционален и стабилен здравствен систем, столб на сигурност, нашиот здравствен систем е пример за хаос, неизвесност и страдање на пациентите.
За 10 месеци оваа Влада и министерот за здравство Таравари, го доведоа до степен на „тешко болен пациент, на кој му нема спас“. Секој сектор од здравството е метастазиран од неспособноста и негрижата на власта, а граѓаните со здравјето го плаќаат цехот“, вели Тренчевска.
Наместо систем кој треба да се грижи за здравјето на граѓаните и да лекува, имаме систем, додава Тренчевска, кој го става во ризик животот на луѓето, систем кој убива.
„Министре Таравари, поважни ви беа бизнис интересите отколку вистинските инвестиции во интерес на граѓаните. Единствениот проект што го најавивте е најкриминалниот и скандалозен тендер за паркингот на клинички со компанијата Ѓока. Наместо реформи и подобри здравствени услуги, сведоци сме на тотален хаос, хуманитарни катастрофи, кои за жал станаа секојдневие. Речиси и да нема клиника која не се соочува со некаков проблем, дали е тоа терапија, опрема, персонал. Нема пациент кој не минува низ голгота кога му е потребна здравствена помош“.
Го праша Таравари дали знае што се случува во здравството.
„Или периодов поважни ви беа калкулациите за локалните избори и решавањето на наводно отворените прашања за химната и грбот, а дури потоа фокусирање на проблемите како економијата, платите и здравството. Тоа е доказ за вашата, а и на целата Влада, незаинтересираност и рамнодушност кон сопствениот народ. За оваа хуманитарна катастрофа мора да има одговорност.
Моето прашање до вас министре Таравари е: Дали чувствувате одговорност за голготата што ја поминуваат пациентите заради нефункционалниот здравствен систем и дали ќе си поднесете оставка за сите скандали во здравството“, го праша Тренчевска Таравари.
Македонија
(Видео) Цветков до Дурмиши: Граѓаните живеат тешко, зошто не ја зголемите минималната плата на 30.000 денари

Пратеникот на СДСМ Борче Цветков на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, во врска со новата пресметка за трошоците за таканаречената просечна кошница и промашените мерки на владата за креирање економски политики, кои доведуваат до економска стагнација и влошување на животниот стандард на граѓаните.
„Заглавена економија, урнисан животен стандард – ова е денешната реалност по 10 месеци од оваа Влада. Македонската економија е далеку од брзо-растечка, а животот на граѓаните не е ни малку лагоден. 10 месеци сме сведоци на погрешни политики кои резултираа со економска стагнација и животен стандард кој од месец во месец се влошува. Како Влада, не исполнивте ниту едно ваше ветување. Демонстриравте тотална незаинтересираност, покажавте тотална неспособност за креирање на економски политики“, рече тој.
Мерките како што додаде не само што не дале конкретни позитивни ефекти, туку уште повеќе го влошиле животот на граѓаните.
„И сами го признавте дебаклот на вашата есенска, па потоа и новогодишна кошница. Застанавте на страната на елитата, наместо во заштита на граѓаните. И последната повторно задоцнета мерка за замзрнување на маржата на 10% не ги даде очекуваните резултати за намалување на цените.
Синдикалната кошница месецов достигна нов рекорд – на граѓаните им се потребни 836 денари повеќе од март за да можат да ги покријат основните потреби. Или, едно четиричлено семејство треба да има вкупен семеен буџет од 62.700 денари за да може да го преживее месецот“.
Според Цветков, семејниот буџет на граѓаните е на минимум, а притисокот од цените расте. Додава дека ниту три минимални плати не се доволни за покривање на основните животни потреби.
„И јасно е зошто сега планирате нова пресметка на трошоците за основните потреби и под ново име – „просечна кошница“. Нема веќе да е четричлено семејство туку ќе биде тричлено, кое ни оддалеку не се како во реалноста. Според вашите пресметки семејниот буџет може да се користи само за храна и сметки и сево ова е е резултат на вашата незаинтересираност на немањето визија за социјален и економски напредок на државата.
Дали ќе се откажете од новата пресметка за трошоците за таканаречената просечна кошница, а наместо тоа ќе ја зголемите минималната плата на 30.000 денари?“, го праша Цветков Дурмиши.