Македонија
(Видео) Ковачки: Уште 11 дена кога народот ќе му го даде црвениот картон на Стево Пендаровски
„Уште 11 дена до големата победа на ВМРО-ДПМНЕ. Уште 11 дена кога народот ќе му го даде црвениот картон на Стево Пендаровски. Уште 11 дена кога граѓаните ќе излезат и масовно ќе ја поддржат Гордана Силјановска Давкова за претседател на Македонија“, вели Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3
„Денеска се наоѓаме во најбрзо растечката општина, во Општина Илинден. Нашиот градоначалник и покрај тоа што се соочува со опструкции од централната власт, продолжува да ги реализира проектите. Со новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Илинден ќе се слеат над 9 милиони евра дополнителни за инфраструктурни проекти, за Илинден повторно да биде горда општина, за граѓаните на Илинден повторно да бидат горди, за Македонија да биде повторно горда“, рече Ковачки.
Тој повикува на 24 април сите масовно да излезат и да дадат поддршка на Гордана Силјановска Давкова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и појава на ретки грмежи
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 18 степени.
И во четврток времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град, краткотрајно во форма на невреме. Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 km/h). Во петок и сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата. Од недела повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и појава на невреме.
Македонија
Сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Делови од Скопје денеска без струја
Според добиеното известување од ЕВН Македонија, Регионалниот центар за управување со кризи ги известува граѓаните на Скопје дека поради реконструкција и модeрнизирање на дистрибутивната мрежа денеска делови од Скопје ќе бидат без струја.
· во периодот од 08:30 до 15:30 часот без напојување ќе останат корисниците на дел од населбата на улица Дижонска, улица Ѓорѓи Димовски и дел од Виковарска во општина Чаир.
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот без напојување ќе останат корисниците дел од населбата на улица Гаврил Константиновиќ во општина Аеродром.