Македонија
Најчевска ја обвини ДИК дека го крши изборниот законик, оттаму ѝ вратија дека ги нарушува правото и правната држава
Професорката Мирјана Најчевска на ФБ објави статус во кој вели дека Државната изборна комисија го крши изборниот законик.
„Дури и тогаш кога се обидуваат да ги следат измените на Изборниот законик направени на неправен начин тие повторно го кршат.
Имено, според измените станува збор за избори кои се одржуваат во исто време. Меѓутоа изборите за претседател се на 24 април а за парламент на 8 мај. Значи ајде бре луѓе како може да гласате партии кои на функција ги ставаат најголемите кецароши“, напиша таа.
Потоа напиша уште еден статус.
Од Државната изборна комисија демантираат.
„Со последните измени на Изборниот закон( Службен В. на Р.М. бр:76/2024 од 03.04.2024 ) во членот 68 по став (3) се додава нов став (4), кој гласи:
“(4) Доколку во ист период се одржуваат повеќе видови на избори, подносител на листа на кандидат/и чијшто реден број на гласачкото ливче е определен согласно со ставот (1) на овој член, може со писмена согласност да дозволи неговиот реден број да се користи истовремено на гласачкото ливче и за друга листа на кандидат/и за друг вид на избори, доколку кандидатот/ите се поддржани од иста политичка партија или коалиција и/или користат ист симбол, за што задолжително ја известуваат Државната изборна комисија.”
Врз основа на овој член ДИК го утврди и редоследот на кандидатските листи за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија на гласачкото ливче од број 1 до број 7, соодветно на редоследните броеви на потврдените кандидати за претседател на државата, на 95 тата седницата која ДИК ја одржа на 11.04.2024.
Останатите редодоследни броеви на кандидатски листи за пратеници во Собранието беа утврдени со ждрепка која се спроведе на 96- тата седница на ДИК која се одржа на 12.04.2024“, велат од ДИК.
Од Комисијата додаваат: „Врз основа на тоа дека Проф. Најчевска цитира не точни членови од Изборниот закон, таа го руши интегритетот на ДИК како институција но и ја доведува во прашање регуларноста на изборниот процес, сакаме уште еднаш да истакнеме дека сите учесници во изборниот процес и оние кои во јавноста влијаат на креирање на јавното мислење, пред да излезат во јавност со обвинувања за прекршување на изборен законик од страна на ДИК , треба добро да се запознаат со законските одредби и редовно да ги следат измените на законот кои се објавуваат во Службен весник.
Повикувајќи се на несоодветни одредби од Изборниот закон, проф. Најчевска со изнесување на нејзините наводи во јавноста, во најмала рака се обидува да ја наруши професионалноста и интегритетот на ДИК , да создаде негативна слика за изборниот процес, угледот на институцијата и државата, и да ја доведе јавноста до забуна преку креирање на нереална слика базирана на неинформираност“.
„Државната изборна комисија работи професионално и нема да дозволиме нашиот интегритет и углед да биде нарушен од вакви неосновани наводи.
Посебно не е за очекување од врвна интелектуалка ваков неодговорен и непрофесионален настап во јавноста, па затоа ДИК не очекуваше дека би било потребно на ова ниво да дава правни совети во јавноста на угледни професорки, дотолку повеќе што законите и работата на ДИК се јавни. Со вакви јавни настапи, професорката Најчевска ги нарушува правото и правната држава како основа на која функционира нашиот систем.
Државната изборна комисија секогаш е на нивото на одговорност и професионалност штитејќи го сопствениот углед и угледот на државата пред домашната и меѓународна стручна и општа јавност“, пишува ДИК во својата реакција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пратениците на СДСМ утре ќе поднесат предлог за надзорна расправа и Анкетна комисија за Кочани
Пратениците на СДСМ и Коалицијата утре ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна Анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс“ објави претседателот на СДСМ, Венко Филипче повикувајќи ги сите пратеници да ги поддржат.
„Пратениците на СДСМ и Коалицијата ги поддржуваат барањата на семејствата на загинатите и повредените во Кочани и утре ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна Анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс“, за утврдување на вистината и одговори на сите прашања.
На денешната координација на пратеничката група на СДСМ и раководството на партијата оценивме дека ова се неопходни чекори за проверка на постапувањето на сите институции, утврдување на политичка одговорност, како и подготовка на понатамошни мерки и решенија за вакви трагедии никогаш повеќе да не се случат во Македонија.
Ги повикувам сите пратеници од сите политички партии да ги поддржат овие иницијативи во македонското Собрание.“ стои во објавата.
Македонија
Минчев во Рим: усвоена новата декларација за реформи на јавната администрација во Западен Балкан
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, учествуваше на 17. седница на Управниот одбор на Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA) на министерско ниво, која се одржа во рамките на конференцијата „Партнерство за реформи: Министерски дијалог Западен Балкан – Италија“ во Рим, Италија.
На седницата беа презентирани и усвоени Годишниот извештај за периодот од 19 октомври 2024 до 19 октомври 2025, кој ги акцентира постигнувањата во реформите на јавната администрација, како и Буџетот за 2026–2027 година, кој обезбедува континуитет во активностите и поддршката за земјите од регионот.
Изгласана беше и Министерската декларација за реформа на јавната администрација, која потврдува заложбата за регионална соработка.
Оваа година декларацијата се фокусира на модернизација, дигитализација и унапредување на соработката со земјите членки на ЕУ.
Седницата заврши со предавање на претседателството на Управниот одбор на ReSPA беше свечено од министерот за јавна администрација на Црна Гора, Мараш Дукај, на министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија, Снежана Пауновиќ.
Во рамките на оваа значајна регионална иницијатива, министерот Минчев со своето учество повторно ја потврди континуираната поддршка на Република Македонија за унапредување на реформите во јавната администрација, зајакнување на регионалната соработка и интеграцијата во европските административни стандарди.
Македонија
Два авиони наместо во Скопје пренасочени во Приштина поради силен ветер
Два вечерни лета кои требаше да слетаат на скопскиот аеродром, се пренасочени кон Приштина поради неповолни услови за слетување.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека во скопскиот регион дува силен јужен ветер, кој создава проблеми за безбедно слетување:
„Поради силен јужен ветер, кој го зафати скопскиот регион, два авиони се пренасочени за слетување кон приштинскиот аеродром, додека други два сè уште кружат и чекаат насоки за слетување“, рече Ангелов.
Според информациите, ветерот дува на поголема височина, што дополнително ги отежнува процедурите за приод и слетување на скопскиот аеродром.

