Контакт

Свет

Видел стаорец во тоалетот и направил голема грешка: лекарите едвај му го спасиле животот

Објавено пред

Жител на Монтреал (76) за влакно избегнал смрт откако го каснал стаорец во бањата.

dobivaj vesti na viber

Глодарот „демнел“ во тоалетната школка, а кога мажот се обидел да го фати – што било грешка – го каснал за два прста.

Мажот веднаш отишол во болница, каде се заразил со тетанус и бил испратен дома, пренесува Метро.

По 18 дена, сепак, неговото здравје се влошило, па повторно се појавил во болница со висока температура, главоболка и стомачни болки.

Раните на прстите во меѓувреме му зараснале, но притисокот му бил низок, додека срцето му чукало исклучително брзо.

Анализата на крвта и УВ прегледот покажаа оштетени бубрези и низок број на тромбоцити во крвта. Веднаш бил примен на одделението за интензивна нега, каде било констатирано дека боледува од повеќеорганска дисфункција и сепса.

По анализа на урината, откриена е лептоспироза, која најверојатно е стекната по каснување на болен стаорец. Несреќниот маж добил антибиотици и други третмани.

После неколку дена состојбата му се подобрила и бил пуштен на домашно лекување.

Лептоспирозата обично се пренесува од животни како што се говеда, свињи или коњи, но може да се пренесе од кучиња и ракуни или стаорци.

Повеќето случаи лесно се лекуваат со антибиотици, но 10% стануваат сериозни и може да доведат до дисфункција на повеќе органи и смрт.

Свет

„Дедо, работи прво на Америка “: Медведев по ултиматумот на Трамп

Објавено пред

Откако поранешниот претседател на Русија, Дмитриј Медведев изјави дека Доналд Трамп не може да му поставува ултиматуми на Владимир Путин, се огласи една од највлијателните луѓе во околината на Трамп, Линдзи Греам, пишуваат медиумите.

dobivaj vesti na viber

Греам му одговори на Медведев велејќи дека зборовите на Трамп треба да се сфатат сериозно.

„До оние во Русија кои веруваат дека претседателот Трамп не е сериозен во врска со прекинувањето на крвопролевањето меѓу Русија и Украина – наскоро жално ќе се излажете. Исто така, наскоро ќе видите дека Џо Бајден повеќе не е претседател. Ќе седите на масата за мир“, рече Греам.

Многу брзо следеше нов одговор од рускиот функционер.

„Не е до вас или Трамп да диктирате кога ќе седнеме на масата за мир. Преговорите ќе завршат кога ќе се постигнат сите цели на нашата воена операција. Работи на Америка прво, дедо“, рече Медведев.

Поранешниот руски претседател претходно, како што потсетуваат медиумите во своите написи, изјави дека Трамп, кој рече дека му дава на Путин 10-12 дена да ја заврши војната во Украина, сака да игра ултиматумска игра со Русија.

„Трамп ја игра ултиматумската игра со Русија: 50 дена или 10… Тој треба да запомни две работи: 1. Русија не е Израел, дури ни Иран. 2. Секој нов ултиматум е закана и чекор кон војна. Не меѓу Русија и Украина, туку со неговата сопствена земја. Не оди по патот на заспаниот Џо“, напиша Медведев.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Труење со хлор во бања во Унгарија: 14 лица хоспитализирани, околу 120 евакуирани

Објавено пред

Поради труење со хлор, 14 лица се итно хоспитализирани, а 120 се евакуирани од бањата Туркева во Унгарија.

dobivaj vesti na viber

Адам Немет, портпарол на Дирекцијата за управување со катастрофи на округот Јас-Наѓкун-Солнок, изјави дека мешањето на две хемикалии за прочистување на водата предизвикало формирање на токсичен гас, кој предизвикал гадење кај капачите.

Унгарските медиуми објавија дека 14 лица морале веднаш да бидат однесени во болница.

Хлорниот гас е жолтеникаво-зелен по боја, има силен мирис и може да предизвика труење дури и во мали количини. Во повисоки концентрации, може да доведе до смрт, според написите.

Експертите појаснуваат дека труењето со оваа состојка е скриена, но реална опасност во домаќинствата, како и во индустријата. Гасот може да се појави како резултат на мешање на различни средства за чистење.

Хлорниот гас прво ги напаѓа дишните патишта. Вдишувањето може да го иритира носот, грлото, очите и белите дробови на краток рок. Дури и при ниски концентрации, може да се појави гребење во грлото, солзење, кашлање и течење на носот.

Во случај на умерени количини, симптомите се влошуваат: пациентот може да почувствува чувство на задушување, притисок во градите и главоболка.

Високите концентрации се особено опасни: може да се развие белодробен едем, кој често не се појавува веднаш, туку дури и неколку часа подоцна, предизвикувајќи сериозен недостаток на кислород и состојба опасна по живот.
Труењето е особено опасно за децата, постарите лица и лицата со хронични белодробни заболувања.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Песков: Се користат големи ресурси за да се претстави Русија како непријател на Европа

Објавено пред

Кремљ ја забележа вчерашната изјава на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, за нов рок за прекин на огнот во Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

dobivaj vesti na viber

Во понеделникот, Трамп го скрати претходно утврдениот рок од 50 дена за прекин на огнот на 10 или 12 дена, наведувајќи го недостатокот на напредок во решавањето на конфликтот, објави РИА Новости.

Исто така, Трамп се закани дека ќе воведе секундарни санкции и царини за земјите што соработуваат со Русија, наведувајќи дека таквите мерки би можеле да вклучуваат „100-процентни царини“.

„Вчера ја добивме изјавата на претседателот Трамп“, изјави Песков пред новинарите, коментирајќи ја најавата на Трамп, но не прецизираше каков ќе биде понатамошниот одговор на Кремљ на тие изјави.

Исто така, Песков ги негираше извештаите за можна средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и Трамп, наведувајќи дека такво прашање дури и не било на дневен ред и сè уште не е.

Кога беше прашан за сегашните односи меѓу Русија и Европа, Песков рече дека работата за создавање слика за Русија како непријател во Европа продолжува, „за што Москва жали“.

„За ова се користат големи ресурси, а оваа работа продолжува, на наше големо жалење. Ова очигледно не е во интерес на народите на европските земји“, рече Песков.

Тој повтори дека Русија останува посветена на мирно решавање на конфликтот во Украина, нагласувајќи дека „специјалната воена операција продолжува“, но дека Москва сè уште се стреми да го реши конфликтот преку мирен процес, а воедно да ги обезбеди интересите на Руската Федерација.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Со 71 глас „за“, изгласана интерпелација на државниот обвинител Љупчо Коцевски

Собранието денес ја изгласа интерпелацијата на државниот обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од партијата „Левица“. Со 71 глас „за“, без воздржани...

Македонија4 часа

(Видео) Митрески: СДСМ нема да учествува во гласањето за интерпелацијата на обвинителот Коцевски

Интерпелацијата за јавниот обвинител, Љупчо Коцевски, нема правни последици и СДСМ нема да учествува во гласањето, одлуката е на обвинителот,...

Македонија6 часа

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево – дозволил дива депонија во населена зона во градот

Полицијата поднесе кривична пријава против градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно...

Македонија6 часа

(Видео) Лефков: Шоферот на Заев уапсен за подметнување пожар во Струмица

Во изминатиов период кажувавме дека голем дел од пожарите низ државата се подметнуваат од структури блиски до СДС, а денес...

Македонија7 часа

Мицкоски: Проектот за студентските домови, конечно, излезе од лавиринтите на бирократијата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посетата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје изјави дека рехабилитацијата на студентските...

Македонија8 часа

Гори во Радовиш, Берово, Прилеп – активни седум пожари, три под контрола

Во текот на измнинатото деноноќие на територијата на државата евидентирани се вкупно 27 пожари на отворен простор. Од нив, седум...

Македонија8 часа

Кривична против директорка во Виница, си ја вработила ќерката во истото училиште иако немала соодветно образование

Полицијата поднесе кривична пријава против Г. С. (45) од Виница, директорка во основно училиште во овој град, поради несовесно работење...

Македонија9 часа

Поништена јавната набавка за 120 електрични eкоавтобуси, се пријавила една фирма што не исполнувала услови

Министерството за транспорт ја поништи јавната набавка за избор на понудувач за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен...

Македонија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ го оцени како ефикасно справувањето со пожарите во Македонија во споредба со земјите од регионот

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека институциите под водство на оваа Влада успешно реагираат на пожарите кои ги зафатија повеќе подрачја во Македонија,...

Македонија10 часа

Комисијата утврди дискриминација врз професионалните војници – синдикатот бара итни законски измени

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди индиректна дискриминација врз професионалните војници од страна на Министерството за одбрана, информира...

Свет10 часа

Русија: Сведоци сме на враќање на нацизмот на Западот

Сведоци сме на враќање на нацизмот на Западот, а Русија сама води борба против целиот тој регион, тврди рускиот министер...

Регион11 часа

(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот. Снимка од...

Свет12 часа

(Видео) Огромни поплави во Пекинг, триесет загинати

Триесет лица загинаа вчера во Пекинг кога обилни врнежи ја погодија кинеската престолнина, јави денес официјалната новинска агенција. Смртни случаи...

Македонија21 час

(Видео) Македонецот кој спречи терористички напад во авион: „Реагирав инстинктивно“

На летот од Лондон до Глазгов се случи инцидент, откако еден од патниците извика дека има бомба, со слогани „Смрт...

Свет23 часа

Трамп го скрати рокот: Му давам на Путин уште 10 до 12 дена

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го скратува претходниот рок од 50 дена што му го дал на рускиот претседател...

Регион1 ден

Пожари беснеат на Балканот: илјадници се евакуирани, гори и во близина на популарна туристичка дестинација во Албанија

Пожарникарите денес се обидуваат да изгаснат шумски пожари во три одделни покраини во Турција, Грција, во близина на туристичка дестинација...

Македонија1 ден

И јас ќе ги прашам Фетаи и Меџити дали користеле службени возила за приватни или партиски цели, вели Мицкоски

Десет дена по медиумските објави, во кои се гледаат службени возила на вицепремиерите Изет Меџити и Арбен Фетаи нешто пред...

Македонија1 ден

Мицкоски за интерпелацијата на Коцевски: Јас не ги менувам ставовите преку ноќ

На еден ден пред расправата за интерпелацијата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од партијата Левица, премиерот Христијан Мицкоски...

Македонија1 ден

Споменик на Андон Лазов Јанев-Ќосето поставен на кружниот тек во Автокоманда

Споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето, кој беше отстранет од пред комплексот судови, е поставен на кружниот тек во...

Спорт1 ден

(Видео) Македонски судија нападнат на кадетското Европско првенство во бокс

Извор и фото/ b92.net Заврши Европското првенство за кадети и кадетки (ученици на возраст од 13 и 14 години), кое...