Македонија
Мицкоски: Не прифаќаме избор на претседател во Собрание
Го слушам Артан Груби како го поставува условот за поддршка на ДУИ за вториот круг од претседателските избори. Ајде што го пуштија Бујар Османи низ вода туку и јавно порачаа ДУИ дека условот е прифаќање на промена на Уставот со цел избор на претседател на државата во Собрание, по теркот на Али Ахмети, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар.
Мицкоски продолжи и истакна дека за ВМРО-ДПМНЕ е јасно дека ова не е прифатливо, главното прашање е кој е ставот на измеќарот Стево Пендаровски за овој услов на ДУИ и Али Ахмети.
„Излегоа утрово од неговиот кабинет срамежливо да кажат дека подобро би било да се избира на непосредни избори. Стево, продолжуваш да бидеш аналитичар, а сакаш да имаш уште пет години како претседател. Излези, еве имаш можност, денес, утре на некој од оние полупразни настани и кажи дали за тебе е прифатливо во иднина да се промени Уставот и претседателот на Македонија да се избира во Собранието, а не непосредни избори како што се правеше досега. Дали сакаш да го суспендираш народниот глас, суверенот во Македонија и сакаш да дозволиш таму некаде во некоја канцеларија во Зајас да се кори судбината и иднината на Македонија“, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде:
„Пендаровски одговарајќи на едно од наместените прашања вели дека за 5 години, решил илјадници проблеми и вчера во Карпош поставив оваквко прашање и денеска овде во Центар. Не мора да каже 1000, ниту 100, ниту 10, нека каже еден проблем кој Стево Пендаровски го решил, еден проблем еве нека каже и веднаш сум подготвен на јавна сцена да му кажам алал вера нека ти е тебе Стево и понатаму но овој пат во опозиција“, кажа Мицкоски.
Мицкоски истакна дека денеска е точно 11 ден од кампањата, а ниту Ковачевски ниту Пендаровски не кажале ниту еден збор ниту една критика за ДУИ.
„И не е изборот како што Ковачевски и Пендаровски велат помеѓу ЕУ и назадување, туку меѓу бандата составена од Артан, Али, Ковачевски и Зечевиќ од една страна и Македонија од друга. Понудата на Пендаровски се навреди вo некаков балкански мачо стил преполн со примитивизми. Па во обид Пендаровски да се испере демек не напаѓал жени кажува вели од 10 луѓе во кабинетот во неговиот кабинет вели дека дури 52% биле жени. Ја разбирам дека како политичар не го бива ама и што статистиката и математиката му се слаба страна вака на отворена сцена тоа што го направи не можев да поверувам дека до толку не знае. Совршено е јасно на овие избори дека гласот за Стево Пендаровски е глас за ДУИ, Али и Артан. Гласот за Пендаровски е глас за тврдењето дека Гоце Делчев бил Бугарин. Гласот за Стево е глас за претседател кој ја води најкорумпираната држава во Европа со најсиромашното население во Европа. Гласот за Стево Пендаровски е глас за претседател кој нема став и нема свое јас“, дециден е Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски: Стипендиите во основните училишта во Центар зголемени за 1.000 и 1.500 денари
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави серија мерки за унапредување на образованието и поддршка на учениците во училиштата во локалната самоуправа.
„Донесовме одлука за зголемување на стипендиите за талентираните ученици во областа на науката, техниката и посебните вештини, како и за спортските стипендии, за 1.000 денари. Водејќи се од принципот на еднакви можности, стипендиите за учениците кои доаѓаат од семејства во социјален ризик ги зголемуваме за 1.500 денари“, истакна Герасимовски.
Во рамки на поддршката за учениците, повозрасните ученици ќе имаат можност за бесплатна екскурзија преку проектот „Сакај ја Македонија“.
Герасимовски, исто така, најави дека од септември, со почетокот на новата учебна година, сите ученици кои посетуваат целодневна настава ќе добиваат бесплатен, здрав и квалитетен оброк.
Општина Центар за оваа година предвиде средства и за почеток на капитални инвестиции за изградба и реконструкција на два затворени базени во рамки на основните училишта „11 Октомври“ и „Димитар Миладинов“.
„Со овие мерки Општина Центар испраќа јасна порака дека вложувањата во образованието, талентот и поддршката во секое дете, останува еден од највисоките приоритети“, вели Герасимовски.
Македонија
Вељаноски за техничката влада: Eксперимент кој предизвикува штета за државата
За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист за државата.
„Секој правен и уставен експеримент предизвикува повеќе штета од корист за државата.
Времето и искуството покажаа дека импровизациите во системот не носат квалитет, туку дисфукционалност. Така беше со идејата за техничката Влада, така беше и со Специјалното јавно обвинителство(СЈО).
Треба да говориме отворено и без лажни наративи“, пишува Вељаноски на социјалните мрежи.
Според него, овие два механизма не беа воведени за да донесат повеќе правда или демократија.
„Тие беа измислени и наметнати со една единствена политичка цел-да се инсталира СДСМ на власт и да се реализира идејата за промена на уставното име на Република Македонија. Ништо друго. Граѓаните не треба повеќе да бидат предмет на манипулација за наводните “благодети” на овие ад-хок решенија.
И СЈО и техничката Влада беа плод на политички и правни манипулации, туѓи на нормалниот парламентарен живот и правниот поредок. СЈО веќе заврши на буништето на историјата како неуспешен проект. Време е и техничката Влада итно да и се придружи.
На Македонија и е потребен стабилен систем а не вечни изнудени експерименти“.
Македонија
Сите што ќе одат на средба со Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата, велат од СДСМ
Сите што ќе одат на лидерската средба со Христијан Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата, велат од СДСМ.
„Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во: легитимирање на криминалот и корупцијата на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, анти ЕУ кампањата на власта за изолација на земјата, планот за предвремени избори што ги имаат веќе договорено без основни услови да бидат фер и демократски и реализација на планот „мигранти за пари“ после тоа“, смета СДСМ.
Сите чекори кои власта досега ги презема, додаваат од партијата, веќе ги најавивме: изолација, избори, мигранти за пари.
„Секој што ќе отиде на средбата со Мицкоски не може да каже после тоа дека не бил соучесник. СДСМ останува со граѓаните, на вистинската страна. СДСМ останува на страната на Македонија, на страната за интеграција, на фронтот за правда и против корупцијата и криминалот“, велат од опозициската партија.

