Спорт
Спектакл во Тексас, Вињалес влезе во историјата на кралската класа
Возачот на Априлија, Маверик Вињалес, испиша нови страници во историјата со триумфот на Големата награда на Америка, третата трка во сезоната во кралската класа на Светскиот шампионат.
Во Остин, Шпанецот официјално стана првиот возач во Мото ГП ерата кој победил на три различни мотори. Вињалес победуваше со Сузуки и Јамаха, а сега и со Априлија. Победата во Остин е пра за него по 2021 година кога победи во Катар на отворањето на сезоната.
Вињалес возеше нестварна трка, лошо стартуваше од првата позиција, падна на 11.место, но на десет круга до крајот го презеде водството. На крајот прв ја мина целта со две секунди предност пред фантастичниот дебитант Педро Акоста.
Акоста стана најмладиот во историјата во кралската класа кој се искачил на подиумот на две последовни трки. На претходната трка во Португалија беше трет.
На Вињалес и Акоста на подиумот им се придружи возачот на Дукати, Енеа Бастианини, кој третото место го презеде од Хорхе Мартин на Прамак Дукати на два круга до крајот.
Актуелниот шампион Франческо Багнаја заврши на петтото место, додека кралот на Остин, Марк Маркез излета од патеката на половина од трката во моментот кога беше на водечката позиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Никогаш поемотивен Ѓоковиќ за пензионирањето на Надал: „Шок – дел од мене замина со него“
Новак Ѓоковиќ ги продолжи победите на Мастерсот во Шангај.
Четвртиот светски рекет имаше многу работа, но на крајот го совлада 19-годишниот Чех Јакуб Меншик со 6:7 (4), 6:1, 6:4.
Новак на теренот остана 140 минути, а по мечот беше прашан уште еднаш да ја прокоментира одлуката на Рафаел Надал да се пензионира.
“A big part of me left with them” 🥹
Novak Djokovic on Nadal’s retirement announcement @DjokerNole #RolexShanghaiMasters pic.twitter.com/Y5UtOThfg8
— Tennis TV (@TennisTV) October 11, 2024
„Оставив објава на Инстаграм, мислев на секој збор што го напишав. Тој е мојот најголем ривал, тоа имаше најголемо влијание врз мене и мојата кариера. Знаевме дека тој момент ќе дојде наскоро, порано или подоцна, но повторно, тоа е шок. Истот како и со Роџер и Енди, тоа е шок. Не знам што да мислам за тоа, голем дел од мене отиде со него. Лоши вести за светот на тенисот, тој беше инспирација за милиони деца ширум светот. Мора да биде горд на својата кариера“, изјави Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер во сабота во полуфиналето ќе игра по десетти пат против Американецот Тејлор Фриц.
Спорт
Тојота се враќа во Формула 1, но на мала врата
Полни 16 години по неславното повлекување од Формула 1, во која како самостоен тим не забележа победа во осум последователни сезони, Тојота објави дека се враќа.
Но, овој пат „само“ како партнер на тимот на Хас со кој ќе „споделат експертиза, знаење, информации и ресурси“, притоа обезбедувајќи технички и производствени услуги, како и иновации во областа на дизајнот на автомобили.
Дали јапонскиот гигант ќе го снабдува американскиот тим со нови мотори? Не, барем не до 2028 година кога истекува договорот на Хас со Ферари.
Моторите на Тојота ги придвижуваа болидите на различни тимови со голем успех во текот на 90-тите, што доведе една од најголемите автомобилски компании во светот во 1999 година да помисли дека треба да се натпреварува самостојно.
Три години подоцна тоа се случи, но Тојота стигна само до 13 подиуми и без победа.
Спорт
Халанд влезе во историјата на Норвешка, па објави дека ќе стане татко
Ерлинг Халанд ја потврди својата блескава форма оваа сезона со историскиот подвиг во норвешката репрезентација. Тој постигна два гола во победата над Словенија 3:0, во Лигата на нации.
Во 36. настап за репрезентацијата Халанд го постигна 34.гол и стана најдобар стрелец во историјата на Норвешка. Халнад го собори рекордот на Јорген Јове од 1937 година.
Но, вистинската прослава следуваше по натпреварот. Халанд се врати на тревникот на стадионот во Осло, ја стави топката под дресот во пределот на стомакот и палецот во устата и позираше пред фотографите. Тој веднаш ја објави сликата на социјалните мрежи со емоџи од мало дете и порака „наскоро“.
Тоа беше позитивен шок за неговите соиграчи и норвешката јавност. Секако, вака објави дека тој и неговата девојка Изабел Хаугсенг Јохансен, која беше на стадионот чекаат дете.