Свет
(Видео) Детали за нападот во Сиднеј: повреден свештеник и уште неколку лица
Бискупот и уште неколку лица се повредени во денешниот напад за време на проповедта во црква во Вејкли на западот на Сиднеј.
Бискупот бил нападнат пред олтарот за време на проповедта што се емитувала на интернет, јавуваат локалните медиуми.
Инцидентот се случил во западното предградие Вејкли.
🚨🇦🇺#BREAKING: Footage of Mari Mari Emmanuel being escorted out of the church by paramedics. https://t.co/qHkOTK1Ypf pic.twitter.com/ha11IAvt8r
— Censored Men (@CensoredMen) April 15, 2024
Како што соопшти полицијата, никој од повредените не е во животна опасност.
Се наведува и дека напаѓачот е уапсен.
Некои медиуми јавуваат дека мажот употребил нож во нападот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Уапсени 18 лица во Полска: планирале непријателски активности во име на Русија, вклучувајќи и убиство на Зеленски
Полските власти уапсија 18 лица под сомнение дека планирале непријателски активности и саботажи во име на Русија и Белорусија, вклучувајќи го и убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Томаш Сјемоњак.
Полските власти поврзаа некои неодамнешни подметнати пожари или обиди за подметнување пожари со агенти спонзорирани од Русија. Меѓу уапсените во последните месеци има државјани на Полска, Белорусија и Украина, се наведува во соопштението на Агенцијата за внатрешна безбедност.
Семењак рече дека актите на саботажа се јасно дел од поширок план кој вклучува сајбер напади, притискање на мигрантите да преминат од Белорусија во Полска и загрозување на нејзината безбедност, бидејќи ја поддржува Украина во нејзината одбрана од инвазијата на Русија.
Полјак беше уапсен во април под обвинение дека е подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да учествува во наводен заговор за убиство на Зеленски, соопштија полските обвинители.
Тој, наводно, побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за стратешкиот аеродром во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина.
Свет
Израелската армија потврди: Информациите од разузнавачките служби беа точни, заложниците се мртви
Израелската армија (ИДФ) вечерва ја потврди смртта на уште четворица израелски заложници во заробеништво на Хамас, откако доби нови разузнавачки информации.
Војската не откри повеќе детали за нивната смрт, додавајќи дека истрагата е во тек.
Сите тие беа заробени за време на упадот на палестинската милитантна група Хамас во јужен Израел на 7 октомври, кога беа киднапирани повеќе од 250 луѓе.
ИДФ досега ја потврди смртта на 41 од преостанатите 120 заложници кои се уште ги држи Хамас во Газа.
Свет
Од прослава на мала матура, директно во болница: две девојчиња им кажале на родителите во Букурешт дека не се сеќаваат на ништо
Полицијата во Романија покрена истрага откако две девојчиња во близина на Букурешт отишле директно во болница од мала матура во состојба на интоксикација. Девојките наводно им рекле на родителите „дека не се сеќаваат што земале да консумираат“.
„Врз основа на информациите кои кружеа во родителските групи, станува збор за полуматурата која се одржала ноќта помеѓу 31 мај и 1 јуни, а децата завршиле во болница откако конзумирале алкохол и други супстанци, па полицијата проверува се и презема мерки во рамките на нивните надлежности“, изјави портпаролката на полицијата во Илфово.
Проблеми имало и со постари матуранти, па истрага се води и во едно средно училиште. Лекарите и експертите апелираат да се внимава при организирање на прослави по повод крајот на учебната година.
Романските медиуми наведуваат дека сè поголем број деца и тинејџери кои доаѓаат во болница се во сериозна состојба на алкохолизам или прекумерна употреба на наркотици. Како што наведуваат, лекарите секојдневно спасуваат по најмалку два животи на малолетни лица, а кога матурираат, таа бројка често е и поголема.
„Имав 12 години кога за прв пат пробав дрога, а тоа почна повеќе од љубопитност. Завршив на одделението за интензивна нега, по предозирање, со 30 отсто шанси да излезам од таму“, вели 15-годишно девојче, кое поради дрога било на смртна постела
„Обсервер“ пишува дека во детската болница „Григоре Александреску“ во главниот град, секој месец итно пристигнуваат речиси 60 пациенти по труење со бензодиазепини, односно лекови препишани од психијатар, кои доброволно ги консумираат како лекови.
Се зголемува бројот на малолетници кои се хоспитализирани во состојба на тешка интоксикација, особено за време на матурата.
„Најчесто ги оставаме на лекување во болница, без разлика на клиничките симптоми, секоја интоксикација ни е итен случај, во најголем број случаи ги носи член на семејството, но секако ни носат пациенти и од локации каде интоксикација се случила, понекогаш од забави, понекогаш од јавни места“, вели Вјорела Нитеску, директор на Одделот за токсикологија во Детската болница во Букурешт.