Македонија
(Видео) „Мицкоски се смета себеси за наследник на Ванчо Михајлов“, рече Пендаровски од Ѓорче Петров
Зборувајќи пред граѓаните на Ѓорче Петров, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски рече дека актуелната владејачка гарнитура досега направила грешки, но тие биле поединечни и без зла намера. „Но споредбено со опозицијата, нашите грешки се минорни“ истакна тој.
„Успеавме да склучиме договори и да решиме децениски проблем со нашиот јужен сосед. Влеговме во НАТО, најмоќната воена организација и добивме гаранција за безбедноста. Ги почнавме преговорите со ЕУ и притоа не го изгубивме нашиот идентитет, си го зачувавме јазикот“, потенцираше Пендаровски и додаде дека внатрешните кочничари, главната опозициска партија од неразбирливи причини сака да ги укине сите договори, да дојде на власт и на народот да му продава магла.
Во интеракција со граѓаните Пендаровски беше прашан за коментар во однос на тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека изјавил дека Гоце Делчев е Бугарин, на што Пендаровски одговори дека и овој пат опозицијата лаже.
„Не памтам во последните 20 години дека првите луѓе на таа политичка партија кажале барем еднаш вистина. Значи дали некој се чувствува како Бугарин или како Македонец, тоа е лично чувство и во тоа не се задира. Меѓутоа кој како се декларирал. Тоа можеме да го видиме од бројните барања во нивното раководство каде што повеќе од половината во нивниот извршен комитет имаат бугарски пасоши и државјанства и таму пишуваат дека се од дедо и прадедо Бугари. Значи за што сакаат да зборуваме? За тоа дека половина Извршен Комитет му се Бугари, затоа што се декларирани како такви или за тоа што се случило пред 120 години? Ако тие негови најблиски соработници во 2024 година или 2020 година се декларираат како Бугари, што очекуваме во време кога не постоела македонска држава, кога ние не сме можеле слободно да ја изразиме нашата волја? Македонската јавност треба да знае дека претседателот на главната опозициона партија се смета себеси за наследник на Ванчо Михајлов. Да повторам уште еднаш – значи Христијан Мицкоски вели дека Ванчо Михајлов бил претседател на историското ВМРО – тоа е на денешното ВМРО. Тоа било исто. Ако тој се чувствува, како што се чувствувал Ванчо Михајлов, како наследник негов, значи и тој е етнички Бугарин“, одговори Пендаровски.

Во однос на изјава на главната негова опонентка, Силјановска Давкова дека не го познава како студент, Пендаровски одговори дека не ја познава ниту тој од правниот факултет.
„Само еден семестар нејзиниот сопруг беше помлад асистент. Бидејќи нејзиниот сопруг не ги исполни академските критериуми за унапредување, го поставија неколку месеци за библиотекар на Правниот факултет. Потоа тој го напушти комплетно факултетот, се посвети на приватниот бизнис, му дадоа фри шоп на српска граница и станаа мултимилионери“ заклучи Пендаровски.
Тој вечерва ги повика жителите на Ѓорче Петров на 24 април и на 8 мај да го заокружат бројот 1 бидејќи ако дојдат тие на власт, со нивните деструктивни идеи, младите уште помасовно ќе се иселуваат од државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува
Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието.
На средбата треба да се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања.
СДСМ одби да учествува на средбата. Левица најави присуство, како и коалициските партнери во Владата – ЗНАМ и и ВРЕДИ.
Вчера попладне, своето присуство го потврди и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Претседателот на СДСМ Венко Филипче, ја одби поканата со образложение дека се против тоа во иднина да нема техничка влада која, како што образложи е гаранција за фер избори, а дека за реформските закони ќе гласаат во Собрание.
Македонија
Сончево време со мала до умерена облачност, температурата до 10 степени
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -3, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 7 степени.
До петок ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по котлините. Температурите ќе бидат во постепен благ пораст.
Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност со услови за слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање.
Македонија
Николоски: Техничката влада не се укина за изборите во 2024 година за ДУИ да добие премиер
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, вечерва беше гостин во Тема на денот на Сител телевизија, каде се осврна и на актуелната тема за укинување на техничката влада за што истакна дека истата била воведена како привремено решение за кризата во 2015 година. Тој вели дека нејзиното укинување во 2024 година било спречено поради договор меѓу СДС и ДУИ со цел ДУИ да добие премиер, како што и се случи, и како што вели тој, беше спротивно на изборните правила и волјата на граѓаните.
„Во 2015 година оваа техничка влада беше договорена во еден сосема друг политички контекст и беше решение на една политичка криза. До следните редовни парламентарни избори ќе поминат 12 и пол години од таа политичка криза и од договорите кои што тогаш се правеа. Оваа техничка влада го надмина времето и причините за кои што беше создадена и ние сме единствена држава од нормалните демократии во Европа, која што го прави, и на ова треба да се стави точка и да заврши затоа што ни треба нормално функционирање на државата“, вели Николоски.
„Ние го инициравме тоа, но единствената причина зошто не се укина техничката влада за изборите во 2024 година беше договорот помеѓу СДС и ДУИ, да ДУИ добие премиер, и тоа се случи, Талат Џафери стана премиер, што беше вон сите изборни правила, и вон волјата на народот, и затоа завршија на избори како што завршија“, рече Николоски.

