Свет
Иран зад себе има незамислива сила, која е закана за целиот свет: група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат
Иранскиот напад врз Израел го отвори патот за нова ескалација на Блискиот Исток. Директен конфликт меѓу овие две земји ќе го доведе регионот во голема војна без преседан, предупредуваат експертите, а особена опасност доаѓа од милитантните формации финансирани и поддржани од Иран. Тие заедно се дел од „оската на отпорот“, а Хамас, Хезболах и Хутите веќе подолго време нагласуваат дека се подготвени за заедничка акција со Иран.
Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари објави дека 99 отсто од приближно 300 проектили што Иран ги истрела кон Израел во текот на ноќта биле пресретнати од воздушната одбрана.
„Иранската закана беше пресретната со воздушна и технолошка супериорност на ИДФ, во комбинација со силна коалиција со сојузниците, ние пресретнавме огромно мнозинство ракети“, вели Хагари.
Тој рече дека Иран лансирал 170 беспилотни летала кон Израел, а ниту еден не навлегол во израелскиот воздушен простор.
„Сите беа соборени надвор од границите на земјата од Израел и неговите сојузници. Беа лансирани уште 30 крстаречки ракети, од кои ниту една не влезе во израелскиот воздушен простор, рече Хагари, од кои 25 беа соборени од израелските воздухопловни сили. Хагари вели дека Иран истрелал 120 балистички ракети кон Израел. Многу од нив беа соборени од системот за противвоздушна одбрана со долг дострел Arrow, иако некои од ракетите успеаја да ја заобиколат израелската одбрана, погодувајќи ја воздухопловната база Неватим во јужен Израел.
По овој напад, постои страв дека Иран ќе ги искористи милитантите кои со години ги поддржуваше и финансираше за дополнително ескалирање на конфликтот на Блискиот Исток.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Иран е започната истрага за падот на хеликоптерот на претседателот Ебрахим Раиси, погребот на жртвите ќе се одржи денеска
Началникот на Генералштабот на иранската армија, генерал-мајор Мохамад Багери, назначи делегација која ќе го истражува случајот со хеликоптерската несреќа во која беше жртва претседателот на Иран Ебрахим Раиси.
Истрагата која веќе започна на местото на инцидентот ја води генералот Али Абдолах, а резултатите ќе бидат објавени по истрагата, пренесува ИРНА.
Како што беше претходно објавено, се верува дека причина за падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ебрахим Раиси е технички дефект на леталото.
„Раиси беше жртва во неделата (19 мај 2024 година) како резултат на падот на хеликоптерот што се случи поради технички дефект на леталото“, се вели во извештајот на државната новинска агенција ИРНА. Погребот на сите жртви ќе се одржи денеска во Табриз, главниот град на Источен Азербејџан, во 9:30 часот по локално време.
Свет
Едно лице загина во напад со украинско беспилотно летало во регионот на Белгород
Една жена загина, а три лица се повредени во напад со дрон на Вооружените сили на Украина врз автомобил во Белгородската област, изјави гувернерот на тој регион Вјачеслав Гладков.
„Патнички автомобил со возач и тројца патници е нападнат со беспилотно летало камиказа. Нападот се случил во близина на контролен пункт во селото Октјабрски во областа Белгород“, изјави Гладков на Телеграм.
Регионот Белгород се наоѓа на западот на Русија, на границата со Украина.
Свет
Серија земјотреси на југот на Италија, најсилниот 4,4 степени
Серија земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала, го погодија јужниот дел на Италија.
Како што соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на најсилниот земјотрес што се случил во 20 часот и 10 минути бил на 11 километри од Неапол, на длабочина од три километри.
Националниот институт за геофизика и вулканологија соопшти дека првиот силен земјотрес бил со јачина од 3,5 степени и бил почувствуван во Неапол.