Забава
Принцот Хари и Меган Маркл меѓу најмалку популарните членови на кралското семејство, покажува истражување

Принцот Хари и Меган Маркл се меѓу најмалку популарните членови на британското кралско семејство, според анкетата на YouGov.
Од 2.004 возрасни анкетирани, 31 отсто имале позитивно мислење за Хари, а само 26 отсто од луѓето рекле дека имаат позитивно мислење за војвотката од Сасекс.
Единствениот член на кралското семејство, кој е помалку популарен од Хари и Меган, е принцот Ендру, кој претходно беше поврзуван со сексуалниот престапник Џефри Епштајн, пренесува британски „Експрес“.
Анкетата, која беше спроведена на почетокот на овој месец, покажа дека помладата генерација има ниско мислење за кралското семејство воопшто.
Според информациите, принцот Хари следниот месец ќе ја посети Велика Британија за да ги прослави „Непобедливите игри“, во кои учествуваат воени ветерани со посебни потреби.
„Експрес“ наведува дека не е сигурно оти Меган ќе му се придружи на својот сопруг, а коментаторот Ричард Фицвилијамс рекол дека војвотката е „особено непопуларна во Британија“ и дека не го очекува нејзиното доаѓање бидејќи последен пат ја посетила земјата за време на погребот на кралицата Елизабета II.
Популарноста на војводата и војвотката од Сасекс опадна во 2020 година кога решија да ја напуштат Британија, а интервјуто на парот со водителката Опра Винфри и автобиографијата на Хари, во која парот наводно го нападна кралското семејство, ги направи уште помалку популарни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Некои луѓе имаат вродена способност да бидат грижливи, трпеливи и полни со разбирање: овие хороскопски знаци се најдобри родители

Некои луѓе едноставно имаат вродена способност да бидат грижливи, трпеливи и полни со разбирање – особини што ги прават идеални родители.
Астрологијата тврди дека одредени хороскопски знаци се истакнуваат кога станува збор за родителски инстинкт, емоционална поддршка и способност да им обезбедат на децата стабилна и топла средина.
Рак – нежност и безусловна љубов
Раковите се познати по својата емоционалност и длабока поврзаност со своето семејство. Нивната интуиција им помага да ги препознаат потребите на своите деца и да одговорат со големо разбирање. Децата се чувствуваат безбедно и сакано околу нив.
Лав – гордиот заштитник
Иако може да изгледаат доминантно, Лавовите се исклучително посветени родители. Тие сакаат да бидат модели на улоги за своите деца и ги охрабруваат да бидат најдобрите верзии од себе. Нивната енергија и ентузијазам создаваат инспиративна семејна средина.
Риби – Сочувство без граници
Рибите се емпатични и интуитивни, што ги прави исклучително грижливи родители. Нивната способност да се поврзат со емоциите на детето помага да се изгради длабока доверба. Децата учат како да ги изразуваат чувствата и да бидат сочувствителни покрај родителите во знакот на Риби.
Бик – стабилност и трпение
Биковите се сигурни и доследни, што им дава на децата чувство на сигурност. Нивната трпеливост и практичност ги прават одлични во решавањето на секојдневните предизвици на родителството. Децата покрај родителот Бик растат во стабилна и организирана средина.
Девица – организација и внимание на детали
Девиците се аналитични и внимателни, па затоа не пропуштаат ниту еден аспект од родителството. Тие ја сакаат рутината и редот, што им помага на децата да развијат одговорност и независност. Нивната посветеност на здравјето и образованието ги прави исклучително корисни водичи низ детството.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Кралицата Летиција има илјада од најубавите фустани и секој од нив е подобар од претходниот

Кралицата Летиција го поминува летото на Мајорка со своето семејство, а нејзините најнови фотографии се само уште еден доказ дека таа е најдобро облечената жена во Европа.
Иако е на одмор, Летиција извршува и некои кралски должности, па посети изложба и ги шармира сите со своето модно издание.
View this post on Instagram
Дури и кога е во лежерни, секојдневни комбинации, Летиција држи лекција по стил. Овој пат се појави во розов фустан од модната куќа „Хуго Бос“, а интересно е што претходно не сме ја виделе во овој фустан, со оглед на тоа што кралицата е позната по тоа што го рециклира својот гардеробер.
View this post on Instagram
Овој модел на фустан беше во А-крој, беше памучен и лелеав, а деколтето во форма на срце го правеше уште поинтересен.
View this post on Instagram
Фустанот на кралицата Летиција одговара на секоја жена бидејќи совршено ги крие сите недостатоци, а воедно создава илузија на подигната половина, со што секоја фигура ја прави да изгледа послабо.
View this post on Instagram
Таа го комбинира со едноставни еспадрили и уште еднаш ги покажа своите модни вештини.
фото: принтскрин
Забава
Почина Габи Новак

Легендарната хрватска пејачка Габи Новак почина на 89-годишна возраст, објавија хрватските медиуми.
По загубата на сопругот Арсен Дедиќ, кантавтор и композитор, со кого беше во брак повеќе од четири децении, на 17 август 2015 година, Габи Новак се соочи со уште една тешка лична трагедија на почетокот на јуни оваа година – смртта на нивниот син Матија Дедиќ, еден од најистакнатите хрватски џез-пијанисти, кој почина на 8 јуни во Загреб на 52-годишна возраст.
Таа целосно се повлече од јавниот живот пред смртта.
Во текот на богатата кариера таа снимила голем број албуми и синглови и соработувала со врвни композитори и музичари. Нејзините уметнички достигнувања се потврдени со многубројни награди, меѓу кои и неколку „Порин“ – во 2002 година за најдобра џез-изведба, во 2003 година за албум на годината, најдобар женски вокал, најдобар поп-албум и најдобра вокална соработка, а во 2006 година ја доби наградата „Порин“ за животно дело.
Габи Новак честопати е нарекувана прва дама на хрватската поп-музика, а нејзината интерпретација, емоционален израз и уметнички стандард оставија траен белег врз музичкото наследство на Хрватска и поширокиот регион.
фото: принтскрин