Спорт
Саво Милошевиќ повеќе не е селектор на БиХ
Саво Милошевиќ повеќе не е селектор на Босна и Херцеговина, пишуваат медиумите во оваа земја.
Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина одлучи да не го продолжи договорот со Милошевиќ откако тој не успеа да ја одведе репрезентацијата на Европското првенство. Во дополнителните квалификации БиХ беше поразена од Украина.
Милошевиќ беше селектор од септември 2023 година.
Медиумите од БиХ наведуваат и дека 52-годишниот Сергеј Барбарез е најголем фаворит за испразнетото селекторски место.
Барбарез е легенда и поранешен капитен на Босна и Херцеговина, но нема тренерско искуство. И покрај тоа, тој со години е голема желба на навивачите на БиХ, а во стручниот штаб треба да му се придружи Емир Спахиќ, уште еден поранешен капитен на репрезентацијата.
Барбарез за репрезентацијата на Босна и Херцеговина играше од 1998 до 2006 година и во тој период забележа 47 настапи и постигна 17 голови.
Од моментот кога го напушти Вележ во 1991 година, целата кариера ја помина во Германија, каде што играше за Хановер, Унион Берлин, Ханза Росток, Борусија Дортмунд, ХСВ и Баер Леверкузен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тухел: Белингем и Фоден нема да играат заедно
Фудбалската репрезентација на Англија успешно ги финишира квалификациите за Светското првенство. Англичаните изборија место на Мундијалот, а од вечерва ги започнуваат подготовките за планетарната смотра. Во К групата, Англија во претпоследното коло ќе ја пречека Србија.
Пред натпреварот на „Вембли“, селекторот Томас Тухел ѝ порача на англиската јавност дека Хари Кејн, Фил Фоден и Џуд Белингам не можат да играат заедно во неговиот систем.
Тој додаде дека нема да бега од тешки одлуки дури ни на Светското првенство, бидејќи неговата работа не е сите да играат и сите да бидат среќни, туку Англија да победува.
„Можат ли да играат заедно? Можат, но во различна формација. Засега не планираме да ја менуваме структурата“, одговори Германецот на последната прес-конференција пред дуелот со Србија.
„Можеби би можеле да играат заедно, но не на иста позиција. Наместо да бараме начин сите да играат, можеби е подобро секој да игра на својата најдобра позиција и да има здрава конкуренција. Моментално, двајцата се во директна борба за место. Тие се добри пријатели, може да биде позитивно соперништво. Тие не се непријатели. Се почитуваат едни со други и се борат за истата позиција“, додаде тој, покажувајќи како се носат непријатни одлуки и во исто време отфрлајќи го притисокот од јавноста.
Белингам доби повик за прв пат од јуни и пријателскиот натпревар со Сенегал, додека Фоден не играше за националниот тим од март минатата година и дуелот со Латвија.
Спорт
(Видео) Јокиќ со 55 поени ги растури ЛА Клиперс
Никола Јокиќ и неговата брилијанта партија во победата над Клиперси во Лос Анџелес 130:116 е историска во НБА лигата.
Двократниот МВП во регуларниот дел од сезоната, речиси сам ги победи Клиперси. Постигна 33 поени во едно полувреме, на крајот мечот го заврши со 55 поени, со 78 отсто реализација од поле (погоди пет трјки од шест обиди), забележа 12 скока и шест асистенции. Вкупно на тернот мина 34 минути.
Јокиќ е четвртиот играч во историјата на НБА кој постигнал 55 поени со најмалку 78 реализација. Српскиот центар на овој меч постигна повеќе поени од целата стартна петорка на ЛА Клиперс.
Само Вилт Чемберлен, Адриан Дантли и Карл Малоун го направиле тоа пред него, а сега „Џокерот“ им се придружи во тој ексклузивен клуб.
Интересно, Нагетс победија во натпревар во кој Јокиќ постигна повеќе од 50 поени за прв пат, по четири порази.
Спорт
Го немаше 580 дена во Евролигата, одигра 76 секунди и повторно се повреди
Кинан Еванс, плејмејкерот на Олимпијакос, дефинитовно е најголемиот малер во европската кошарка. Американецот по 580 денови пауза, за врати на теренот во Евролигата, дебитираше во елитното натпреварување за Олимпијакос, се повреди и ја заврши сезоната.
Кинан Еванс, минатата недела го одигра првиот меч за Олимпијакос, откако пред речсии две години пристигна од Жалгирис. Одигра 19 минути и постигна 15 поени против Кардитса.
Во средата, во отсуство на повредениот Френк Ниликина, Еванс доби шанса од Јоргос Барцокас.
Кога влезе на теренот, доби овации од домашната публика, но по само 76 минути игра се повреди.
Можеше да се прочита од неговите усни дека рече „Неверојатно“. Сите во арената „Мир и пријателство“ беа во шок. Со помош на соиграчите излезе од теренот и веднаш замина во соблекувалната.
Олимпијакос по завршувањето на натпреварот потврди дека Еванс ја заврши сезоната. Против Жалгирис ја скина Ахиловата тетива.
Keenan Evans has suffered a rupture of his left Achilles tendon.
We’re all with you, Keenan — stay strong and come back even stronger! ❤️#OlympiacosBC #WeAreOlympiacos #TogetherWeFight pic.twitter.com/adxFDWZtI6
— Olympiacos B.C. (@Olympiacos_BC) November 12, 2025

