Македонија
Николоски до Филипче: Дали агенцијата на Спасов работи на вашиот имиџ а за тоа плаќате по минимум 100 евра и од каде тие пари
„Сериозно навлеговме во кампањата следната среда е првиот круг на претседателски избори, мислам дека на сите им е јасно и мислам дека сите гледаат дека ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи, Гордана Силјановска Давкова ќе е нов претседател на Македонија“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа на ИЕ4 од митингот во Валандово.
„Мислам дека она што е клучно за периодот кој што доаѓа е да се обратиме до сите што ги познаваме, да поразговараме и да ги поканиме да излезат на гласање. Исто така сите оние кои што се надвор од Македонија во дијаспората доколку се во можност да дојдат и да гласаат, затоа што секој глас ни е потребен секој човек ни е потребен за победата да биде убедлива и никој да не ја оспорува владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, нагласи Николоски.
Николоски додаде и дека тажната вистина е дека кога одиме во дијаспората, бевме и во Франција и во Австрија и Швајцарија помеѓу нашите и за жал се повеќе наши луѓе гледаме таму. Луѓе кои што минатата кампања ги гледав овде во Валандово, сега за жал ги видов во дијаспората, тие за жал се иселиле. Тоа е тажната вистина на ова темно владеење на ДУИ и СДСМ овие 7 години. И на тоа мора да ставиме точка, на тоа мора да ставиме крај.
„Затоа што овие избори се пресвртница и од овие избори ќе биде определена иднината на Македонија. Ние сакаме просперитетна и развиена Македонија. Ние сакаме Македонија во која што владее правото, ние сакаме Македонија која што ќе напредува“, истакна Николоски.
Николоски посочи и дека СДСМ веројатно не ни размислуваат за такви работи единствено што размислуваат е како да приграбат нешто за себе. А овие од ДУИ многу добро знаат што сакаат но тоа што го сакаат не е во корист ниту за Македонија ниту на Македонците, тоа е во корист на една мала клика околу врвот на партијата која што мисли само за себе и за оние околу нив. Затоа ни е потребна масовна излезност. Затоа следната среда треба да излезете сите, да ги поканете сите да излезат да гласаат и да ставиме крај тоа да е вовед во големата победа на 8 мај.
„Го гледам Стево Пендаровски на почеток беше нервозен сега покрај нервозен и навредува не знам што ќе се случи до крајот на кампањата. Од СДСМ едниот скоро и да го снема, никој не се сеќава дека беше премиер на Македонија а уште помалку мислам дека луѓето знаат дека е претседател на СДСМ се вика Димитар Ковачевски. Единствено по што ќе биде запаметен е дека заедно со другар му Бујар Османи го потпишаа таканаречениот француски предлог со кој што решија да ја распродаваат македонската историја и култура“, нагласи Николоски.
Тој истакна дека во 4-та изборна единица носител е Венко Филипче.
„Кој што гледам дека освен што злоупотребува пациенти и ја злоупотребува сопствената професија ништо друго и не прави. Но не ми одговори па би сакал да го прашам од тука дали е вистина дека има ангажирано пи ар агенција која што треба да работи на промоција на неговиот имиџ, дали името на таа пи ар агенција е „Рејтинг“ сопственост на Никола Спасов син на поранешниот генерален секретар на СДСМ, Ѓорѓи Спасов и дали таа пи-ар агенција ја плаќа по минимум 100 евра по објавен текст за Венко Филипче. И финалното прашање од каде доаѓаат тие пари, кој ги обезбедува тие пари и како тие пари преку агенцијата Рејтинг стигнуваат до медиумите“, кажа Николоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Македонија сака во ЕУ а ВМРО изолација
Македонските граѓани во големо мнозинство, над 70% сакаат членство во ЕУ. Додека Мицкоски и ВМРО намерно ја туркаат земјата кон изолација, далеку од ЕУ, истакнуваат од СДСМ.
„Известувачот за Македонија, Томас Вајс денеска изјави дека мора да се исполнат реформи и условот со уставни измени за да продолжи европскиот пат на земјата, при презентирањето на нацрт-извештајот за 2025 година.
Евроамбасадороот Михалис Рокас вчера беше дециден дека нема членство во ЕУ без право на глас и без право на вето.
Со ова, приказните на Мицкоски се разобличени целосно.
Исто како и празната националистичка реторика која веќе не поминува“.
Граѓаните, додаваат од СДСМ, го гледаат Мицкоски седнат во авион како се лукзуора на нивна сметка, со скапи часовници од 60.000 евра, со тендери како томбола за бизнис.
Тоа, како што оценуваат, е личен финаниски патриотизам.
„Зборува за меко ткиво а не знае дека и мозокот е меко ткиво.
Мицкоски, граѓаните имаат мозок“.
Македонија
Муцунски-Грлиќ Радман: изразена подготвеност за користење на хрватското искуство во процесот на пристапување кон полноправно членство во ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска беше домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, кој престојува во дводневна работна посета на Република Северна Македонија.
На средбата беше изразено заемно задоволство од традиционално пријателските билатерални односи, придружени со интензивен политички дијалог и конструктивна соработка што двете земји ја негуваат во сите сфери од заемен интерес во изминатите 34 години.
Во насока на понатамошно продлабочување на позитивниот тренд во односите, беше нагласен заемниот интерес за продолжување на политичкиот дијалог и соработката на највисоко ниво, со посебен акцент на унапредување на економската соработка, продлабочување на трговската размена, како и проширување на соработката во областа на енергетиката, здравството, културата и туризмот.
Министерот Муцунски ја реафирмираше благодарноста за континуираната хрватска поддршка на европската перспектива на земјите од Западен Балкан и за ставот дека процесот на проширување на Европската Унија треба да продолжи со засилена динамика. Беше изразена и подготвеност за користење на хрватското искуство во процесот на пристапување кон полноправно членство во Европската Унија.
Соговорниците се согласија дека зајакнатата координација како земји членки на НАТО претставува врвен надворешнополитички приоритет, како ефикасен механизам за усогласување на ставовите и зголемување на придонесот кон регионалната и евроатланската безбедност. Беше потврдена заедничката посветеност на вредностите и принципите на Алијансата.
Средбата беше искористена и за размена на мислења за актуелните меѓународни и регионални прашања, како и за внатрешно-политичките и економските состојби во двете земји.
Посетата на министерот Грлиќ Радман претставува значаен чекор кон понатамошно унапредување на билатералните односи и отвора нова фаза на соработка, која ќе биде заокружена со потпишување на меѓувладин Договор за стратешка соработка, заснован на европските вредности, заемната доверба и почитување.
Македонија
(Видео) Николова до Јаневска: Ја рушите уставната автономија на универзитетите
Пратеничката на СДСМ, Даниела Николова на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати две прашања до министерката за образование Весна Јаневска, а се однесуваа на ограничувањето на автономијата на универзитетите со предложениот закон за високо образование, односно на одредби со кои Владата дава мислење на статутот, предлага членови во Националниот совет, има влијание врз клучните академски стандарди, бројот на студенти и финансиското работење, со што се нарушува уставно загарантираната самостојност на високообразовните институции. Никлова праша и за примената на библиометрискиот Х-индекс и Web of Science како критериуми за напредување, што може да доведе до дискриминација на одредени научни области и да создаде простор за институционализиран непотизам.
Почитувана јавност, денес ќе го искористам моето право да ѝ поставам две прашања на министерката за образование, коишто се однесуваат на предложениот закон за високо образование, кој пред неколку недели е прикачен на ЕНЕР.
„Ќе зборувам за две клучни работи за коишто ми се и прашањата.
Прво, за критериумот за напредување – Х-индексот, како и за опасноста од институционализиран непотизам, и второ, за системското разградување на автономијата коешто овој закон го спроведува тивко, но темелно.
Законот инсистира на Web of Science како практично единствено мерило на научната вредност, а Х-индексот го претвора во клучен услов за избор и реизбор во звање. На хартија реално изгледа модерно и објективно, но во пракса станува збор за сведување на науката на бројки, при што се дискриминираат цели научни области, особено општествените и хуманистичките науки, ги става младите истражувачи во невозможна, а со тоа и неправедна позиција и создава формална објективност која лесно се заобиколува со мрежата на моќ.
Дополнително, морам да укажам на уште еден логички и правен парадокс. Законот предвидува повисоки и построги критериуми за реизбор во звање редовен професор отколку за самиот избор во тоа звање. Ова е апсурдно. Не може за едно исто звање со ист правен статус да има едни услови за влез, а други повисоки за да се остане во тоа звање. Тоа ја руши правната сигурност, ја прави академската кариера несигурна“.
Како што рече, законот не нуди реални механизми за спречување на непотизмот.
„Законот не содржи ниту една реална, ефикасна забрана за вработување на деца на професори на истите факултети каде што работат нивните родители.
Напротив, во ваков систем тоа станува дури можност за непотизам на голема врата.
Извршната власт има влијание над основните акти на универзитетот, унапредувањето и вработувањето на кадрите, финансиите, уписот, па дури и опстанокот на институциите. Е, тоа е автономија колку што дозволува власта и министерот.
Затоа ви поставувам две прашања. Како ќе гарантирате дека со примена на библиометрискиот Х-индекс и Web of Science нема да доведете до дискриминација на цели научни области и млади истражувачи? Уште поважно, како ќе спречите тие формално строги критериуми да не станат параван за непотизам, меѓусебно цитирање и затворени академски кругови?
И второто, како ја усогласувате уставно загарантираната автономија со членовите коишто ви ги посочив, а ги има уште многу, кога кумулативно овие одредби ѝ даваат на извршната власт контрола врз статутот, кадрите, финансиите и опстанокот на универзитетот“.

