Македонија
Силјановска-Давкова: Дали оваа власт ве прави горди, дали сме горди кога прифаќаме рамка што ниту една друга земја ја немала, да си ја земеме судбината во свои раце

Оваа глетка во Валандово, ќе се насмеете, ме потсетува на калинката. Ни треба единство, ни треба консензус за најважните прашања. Треба да се сплотиме како калинка, сите, без оглед на каква било припадност. Особено треба да се сплотиме со дијаспората, порача претседателската кандидатка Гордана Силјановска-Давкова.
„Во годините на крајот на 19 век низ Европа, особено во Лондон во Бајроновото друштво, се дикутирало за Балканот и за Македонското прашање. Еден од најпопуларните британски премиери, Вилијам Гледстоун го напишал писмото до Бајроновото друштво со наслов: „Зошто не Македонија на Македонците?“ Во писмото вели: Зошто не и на тој мал народ да си ја земе судбината во свои раце? Така ќе има гаранција за мирот“ Сега повторно, мора да си ја земеме судбината во свои раце“, рече таа.
Дали оваа власт ве прави горди? Дали сме горди кога прифаќаме рамка што ниту една друга земја – кандидат ја немала? Дали сме горди кога за нас се поставуваат посебни услови? Дали сме горди кога сиромаштијата е најголема во Европа? Дали сме горди кога егзодусот на младите е неповратен? За жал, Валандово се празни. Затоа граѓаните треба како река на 24-ти април и на 8-ми мај да покажат дека тие се носителите на суверенитетот, истакна Силјановска-Давкова.
Според неа, Македонија мора да биде горда, а народот е изворот на нејзината гордост.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јакимовски: Карпош не е кафана, туку сериозна општина

Карпош е сериозна општина и народот тоа го знае. Народот е со мене, а вистината ќе ги стигне и нив, се вели во соопштението од ГРОМ од актуелниот и кандидат за градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски.
„Кога ВМРО-ДПМНЕ нема аргументи, тогаш пуштаат соопштенија со лаги и навреди. А најиронично од сè е што во Карпош ни го доведоа за кандидат човек кој до вчера седеше по кафани, со купена диплома пред една година, и единствено искуство му е чашката, а не проекти и работа
Граѓаните треба да знаат дека овој нивни „кафанџија-кандидат“ денеска седи во канцеларија и оперира со државниот буџет. Преку фирмата Алкалоид Конс се набавуваат лекови за Онкологија – па нека проверат зошто доцнат терапиите и колку тендери имаат добиено. Таму лежи вистинската приказна.
Докторите од Онкологија имаат многу што да кажат. Јавноста има право да знае дали профитот и договорите им се поважни од здравјето на пациентите.
Затоа, наместо да измислуваат лаги за Карпош, нека одговорат на едно едноставно прашање: Кој профитира од тендерите за лекови и кој го пушти „кафанџијата“ да биде кандидат за Карпош?
Карпош не е кафана, ниту ќе биде експеримент на нивните школски другарчиња. Карпош е сериозна општина и народот тоа го знае. Народот е со мене, а вистината ќе ги стигне и нив“, вели Јакимовски.
Македонија
Петмина добија труење од храна откако јаделе во сендвичарница во Штип

Пет лица пријавиле симптоми на труење со храна по јадење сендвичи со пилешки стек во сендвичарница–киоск во Штип, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Објектот е веднаш затворен до добивање на резултатите од лабораториските тестирања.
Случајот бил пријавен од Центарот за јавно здравје Штип, по што инспекторите на АХВ извршиле вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна.
Земени се примероци од инкриминираната храна и брисеви од работните површини. Објектот е времено затворен сè додека не се потврди неговата безбедност со лабораториските резултати – велат од АХВ.
Граѓаните кои се пожалиле на симптоми на труење побарале медицинска помош, а здравствените служби го следат нивното здравствено состојба.
Од Агенцијата нагласуваат дека инспекциските служби ќе продолжат со контроли за да се обезбеди заштита на потрошувачите и превенција на слични случаи.
Македонија
Се бара притвор за одгледувачот на домашен канабис

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Во домот на осомничениот 50-годишник во селото Страчинци, полицијата пронашла 3 откорнати растенија и 99 пресечени, превиткани и исушени гранчиња канабис, како и 41,4 грама марихуана.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.